Од истражувањата во парапсхилогијата: Седум годишни циклуси во животот…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнчки
Магичната сила на обновувањето или на разрушувањето
На секои седум години во нашиот организам настапуваат промени, тврдат лекарите.
После секои седум години психата има потреба од нови импулси. Човекот, којшто ги познава седумте годишни циклуси, може многу да научи за себеси и за својата иднина
Виножитото се состои од седум бои.
Основните енергетски центри на човекот – чакрите се седум на број.
Тоновите во музичката скала се седум.
Не случајно Џејмс Бонд е агент под бројот 007. Дури и на нашиот Господ му биле неопходни седум денови, за да ја создаде земјата.
Седум е број што од стари времиња има особено значење. Не само според митовите и пореданијата, туку и според науката, како што тврдат докторите и биолозите.
Живите организми растат и се менуваат потчинувајќи им се на седум ритами, делимично восприемајќи го влијанието на месечевите фази и на тој начин одразувајќи го седмичниот такт.
Оваа теза добива понатамошен развиток, според која од рамките на седмичниот ритам произлегува не само физичкиот, туку и психичкиот и моралниот развиток.
Според научниците, коишто се занимаваат со овој проблем, во периодот од седум години човекот минува низ определена етапа од сопствениот развиток и на определен начин преживува “еден мал живот”.
За време на тој свој “живот”, тој треба да се справи со својата возраст и со редица задачи, што изникнуваат пред него, да ја научи лекцијата, да ги премине кризните ситуации, за да може да има успех во следниот циклус.
Човекот кој е способоен да го анализира ритамот на своето минато, може со негова помош да погледне во иднината.
И тоа не е волшебство. Ако сакате да си објасните, каков ритам следува во вашиот живот, колку години ќе имате, кога ќе имате благопријатни службени шанси, кога треба да се чувате од кризни ситуации, кога ќе бидете на врвот од успехот, ќе треба да го познавате седумгодишниот циклус.
Според доктор Сабина Фрисрих, анализата на ритамот е особено важна за жените. Тие посовесно ги примаат промените во животот и повеќе страдаат од нарушувањата во него за разлика од мажите.
Според нејзиното објаснение жените уште од дамнешни времиња го испитувале влијанието на Месечината.
Уште во предисториско време менструалниот период соодветствувал на четирифазниот такт на месечевиот циклус.
Резултатите на современата медицина, засега во оваа област се поразителни.
Се вели, дека ние живееме во седумденевен ритам, програмиран генетски. Во овој ритам исто така се се случуваат и промените на темппературата на кожата, и чукањето на срцето и крвниот притисок. На секои седум години се обновуваат клетките на човечката каожа и тело.
Малкумина се луѓето, кои знаат колку силно врз нас влијае седумгодишниот биолошки циклус.
На пример во текот на првите седум години од животот паѓаат млечните заби и на нивно место се појавуваат вистинските.
За тоа време од деца стануваме ученици.
Кон 14 – та година младите стапуваат во периодот на половото созревање. Кај девојчињата тогаш е почеток на мензисот.
На 21 година ние потполно созреваме, а пред таа возраст се смета, дека човек постигнал полнолетство.
После седум седумгодишни периоди на 49 – та година кај жените почнува менопаузата.
Уште старите Грци животот го делеле на седумгодишни етапи.
„На бројот седум му се потчинуваат болестите и се што е засегнато од разрушување во организмот” – учел старогрчкиот доктор Хипократ.
Без примање на силни лекови, болестите поминуваат низ седум фази, каде седмиот четиринаесетиот и дваесет и првиот ден се најопасни, според лекарскиот совет што се пренесувал од поколение на поколение.
А кој не знае, дека настинката минува за седум дена со и без помош на медицината?
И резултатите во хронологијата покажуваат, дека се што правиме е поврзано со ритамот на нашиот организам, којшто е програмиран генетски. Ние ќе можевме за разлика од животните за извесно време да не сообразуваме со својот биоритам, но нашиот организам нема да учествува во играта, ако ја преминеме границата на дозволеното.
Зошто е одбрана неделата?
До овој момент тоа никој не го знае. Науката нема одговор. Навистина е установено само едно: тој број (и сите деливи со седум) подлежат на за нас магична привлечна сила.
Астрологијата исто така го дели животот на седум годишни циклуси, за кои можете да прочитате во „Точката на животот во вашиот хороскоп”.
Во сите религии седум се јавува, како магичен број и игра важна улога. Согласно со христијанското верување, Бог го создал светот за седум дена. Во библијата седум нахранети и седум слаби крави се олицетворение на седум сити и седум гладни години.
Исламот бара седумкратно повторување на молитвите.
Во хиндуизмот се разликуваат седум годишни времиња. Дури и религијата на старите Индијци Маја го познавала бројот седум. Тие верувале, дека има седум небесни сводови.
Во животинскиот и растителниот свет исто така се среќава седмичниот модел.
Англијските научници И. Адам и Б. Шорокс установиле, дека животните често образуваат групи, кои се состојат од седум членови.
Но и човекот секогаш по сила на внатрешните побуди е привлечен од бројот седум.
Училишните психолоси знаат, дека повеќето класови се делат на подгрупи, кои се состојат од седум ученици.
Возрасните исто така при конференции се делат на работни групи од седум членови.
Воениот историчар Д. Кеган тврди, дека војницете не сакаат да се обединуваат по седум душИ, кога станува збор за живот или за смрт.
Седум врани, Снежана и седумте џуџиња, седум јариња, седум лебеди, со овие приказни и волшебниот број седум, децата се запознаваат уште во раното детство.
Статистички е докажано, дека носечката седма година на кавги во сопружничкиот живот не е само легенда.
Во текот на првите три седумгодишни периоди во нашиот живит се случува првенствено физичкиот развиток на нашиот организам, а во следните години ние зрееме и се променуваме духовно.
И во текот на целиот живот без да го осознаеме тоа се потчинуваме на определен ритам.
Се посветуваме на учењето или на совладувањето на дадена специјалност, после тоа започнуваме со работа.
Бараме сопатник во животот, создаваме семејство и се грижиме за неговата благосостојба. Установуваме некои нови односи, откажувајќи се од некои претходни.
Се грижиме да го уредиме домот, да направиме кариера, да си најдеме некое интересно хоби и се занимаваме со многу други интересни нешта. Се разбира ретко продолжуваат седумте години, но оној којшто скоро го анализирал сопствениот живот ќе забележи, дека во неговиот моментален седумгодишен период, треба да се случи нешто ново, за да не му биде животот досаден и празен.
Евентуалните промени создаваат очигледности првенствено во корист на живеењето.
„Тоа во целост им го должиме на ритмите”, така често зборуват оние, кои не можат да се справат со своите проблеми.
Ако ние се задржиме на определена фаза навистина долго, тоа ќе предизвика застој
Вечните студенти на пример ретко се среќни, ако останат меѓу универзитетските ѕидини повеќе од седум години.
Многу мајки, кои на почеток со љубов им се посветуваат на свиоте деца, се приклучуваат кон нови интереси, кога децата ќе тргнат на училиште. „Синдром на прекорувањето”, таков назив добил настанот, кога и после истекувањето на седум години, еден работник продолжува да биде на едно исто место.
Тоа е знак, дека има пропуст во неговиот професионален развиток.
Установите, коишто ги регистрираат разводите многу често констатираат, дека несреќните двојки се обраќаат за развод во седмата година после венчавката.
Тој којшто го познава својот личен ритам и се сообразува со него, може дури и да го искористи тоа за преземање на важни решенија.
Личната биографија често премногу касно ни кажува за судбинските промени.
Но, дури и оние, кои не можат да ја одгатнат улогата на седмицата во својот живот, навистина ќе наидат на нешто интересно: на необични повторувања во својот живот, на паралели, коишто не можат да бидат случајни.
„Занимавањето со сопствените ритми не е ништо друго, туку правење биланс” смета доктор Ридрих.
Како можеме да ги подобриме своите шанси со помош на седумогодишниот модел?
“Конструкцијата на модел, според седумгодишните циклуси е корисна за структурирање на сопствениот живот”, вели хамбуршкиот дипломиран психолог У. Зирау.
Тоа може да ви помогне да ги подредите настаните, коишто треба да се случат, да ги пресметате возможните кризи, како продолжение на нормалниот развиток и во најголем степен да ги искористите шансите, што ви се даваат и благодарение на тоа, долго време да живеете спокојно и делотворно.
Секој сам многу лесно може да си направи анализа.
Одвај ви се потребни неколку минути за да фрлите ретроспективен поглед и да ги разгледате определени настани и ситуации:
• Имало ли во вашиот живот нарушување на ритамот, односно фази што потполно се разликуваат една од друга? Тука станува збор за сериозни надворешни настани, како на пример тешки катастрофи, траума итн. Нарушувањата можат да означуваат, дури и обид да се пренебрегне определена фаза, да се скрати или да се научите да управувате.
• Искористете ги знаењата за ритмите, за вашиот сегашен и иден живот. Ако во даден момент сте потиснати, се чувствувате несреќни и воопшто не можете да си претставите, како ќе се одвиваат настаните во иднината, проверете дали одговараат настаните во вашиот живот кон дадениот циклус , а исто така и како се изменил вашиот живот после нив.
• Фазите на неделотворност се јавуваат нормално во секој циклус. Имено тие и водат кон промени. На таков начин анализата на седумгодишните ритми може да ви помогне да преземете важно решение. “Циклусите на животот ги покажуваат само сличните варијанти”, вели докторот по психологија С. Фридрих. “Тие повторуваат едно и исто”.
Разработете го својот личен седумгодишен ритам
• Ставете список на најважните настани во вашиот живот со колку што е можно поточни податоци за времето, кога се случиле. Тука спаѓаат најважните датуми: завршувањето на училиштето, придобивањето на првото сопствено живеалиште, разделбата со партнерот, долгото боледување, смртта на близок човек, женидбата, промена на работата, промена на местото на живеење, раѓењето на дете итн.
• Не треба да ги заборавите ни кризните ситуации, ни моментитите на среќа, средбите и разговорите со важни луѓе. Запишете ги во списокот и своите мечти, стравови и своето хоби.
• Обидете се на основата на тој список да го определите ритамот на својот живот. Каде се наоѓаат кризните точки? Кога сте успеале да ги преминете. Кога сте чувствувале прилив на нови сили? Кога би требало да следуваат фазите на успехот? Се совпаѓа ли пресметаната шема со седумгодишните циклуси во вашиот живот?
Подетално каков што ве очекува, каков ви е распоредот на планетите, можете да се информирате на тел.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.500 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.500 денари