Проклеството на Александар не следи…… МАКЕДОНИЈА, ЗЕМЈА НА ПРЕДАВНИЦИ – ЈАНИЧАРИ
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Не сум истoричар, по локација сум новинар, професинално се занимавам со астрологија, спицијалност ми е мундана, политичка астрологија. Сепак, имам солидни познавања од историјата. Сведок сум и учесник на поновата историја на Македонија, во која, во голем број на случаеви бев консултиран, потезите се влечееа по консултација со мене.
Во ниеден од тие случаеви не тропнав на ниту една врата од политичарите, лично доаѓаа или праќаа емисари. Никогаш не сум поседувал партијска книшка.
Од тие причини досегашните опзиции и позиции не ме сакаа (бидејќи не можеа да ме поседуваат), но ме почитуваа. Доживував физички повреди кога другата страна бараше косултаци (на 2-ти 1996 и 1998 – тоа е период кога и добивав закани за физичко остранување).
Сепак, кога имаа потреба доаѓаа или праќаа емисари.
Деновиве се обидов, во говорот на планетите да побарам одговор за историските настани, за проклеството што не следи од Александар Велики – Македонски.
Сето кога го согледав, се запрашав до кога – Македонија ќе е земја на предавници и јаничари.
Задоен од приказните на баба ми Стојанка, за славното комиткско минато на нејзините и моите претци, како од мајкина страна (беше мајка на мајка ми), така о од такова страна, низ моите жили тече македонска крв, извор на многу лузни.
Најсилно влијание имаа приказните за поделеноста на Македонија, за издајништвата. Добро се сеќавам, можеби последна таква приказна ми раскажа, кога како дете и реков “ Бабо што мислиш што сакам да бидам кога ќе пораснам”.
Баба без многу размислувања ми рече “Знам Иле, лекар, официр (постојано се играв со пушки и ножеви), а можеби инжињер’
„Не бабо. не погоди. Кога ќе пораснам сакам да станам Гоце Делчев, да ја обединам и ослободам Македонија”
По мојот одговор баба ми занеме, отогаш никогаш повеќе на таа тема не ми раскажуваше ништо. Но, беше предоцна, патриотизмот длабоко го всади во мене.
Поезија пишувам од најраните детски години.
Во 1984 година (на мои 23 години) ме поканија (конкурсот беше анонимен, под шифра) на “Ратковиќеве вечери на позија” во Бело Поље, во Црна гора, као еден од 10-те најдобри во Југославија.
Благодарение на таа покана и учество, истата година Сиз на Кочани ми ја издаде и одпечати првата книга поезија “Моето прво раѓање’. Рецезент на книгата беше Михаил Ренџов. Книгата излезе во 3 000 примероци и се распродаде за 6 месеци.
На промоцијата на книгата присуствувааше голем дел од вработените на милицијата во Кочани.
СИЗОТ ми ја одпечати книгата без да ја виде содржината на книгата. Книгата имаше 3 циклуси. Вториот циклус беше за поделеноста на Македонија, посветен на Македонија.
Започнува со песната Александар Македонски, па се до поделбата. Имаше обиди да се забрани книгата, но доцна беше половина беше распродаена по училиштата.
Од тогаш наваму, постојано ме следеа службите на државна безбедност.
Во една прилика во 1987, како студент на “Рударско Геолошкиот факултет” во Штип (факултет кој не го дозавршив – предходно ја завршив новинарската школа на Југословенскиот Институт за новинарство во Белград). Во 1987, една вечер, во кафеана, во летнотто кино во Штип, со моите колеги, другари, патриоти, наздравуваме за „Обиденета Македонија“.
Тие денови многупати се разговараше и за формирање на група која би се залагала и борела за обединување на Македонија.
Но, што се случи. По гласното наздравување за Обидената Македонија на факултетот дојде, покојниот Пане Велев и ме собра од предавање, ме однесе „на информотивен разговор“.
Додека студирав во Белград се запознав со астрологија, видов дека може да ми помогне во моите потраги по Бога.
Психологјата и парапсхиологијата ме привлекуваа, како и се што е мистично, таинствено.
Во Белград започна и моето изучување на астрологијата. Од 1990 почнав професинално да се занимавам со астрологија.
Патриотизмот и желбата за Обиденета Македонија не ме нупуштиле никогаш. Настаните што сеслучија на „Прохор Пчнски во 1991 на 2-ри авгст, јас бев предводникот на групата што с судри со милицијата, која не ни дозволуваше да влеземе во манастирот.
Тогаш изедов некоку пендреци, но не им останав должен неколку милицајци изедоа од мене одстапот на кое беше знамето што го носев со ѕвездата од Кукилиш.
Во “Нова Македонија” од 3 август 1990 година ме има на фотографијата пред собранието) Од Прохор Пчински се вративме за Скопје, отидовме на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Свети Спас” да му запалиме свеќа на Гоце Делчев.
Од таму пред собранието баравме оставка од Трпеновски, тогашен министер за Полиција (милиција).
Во 1993-1994 ја уредував рубриката хороскоп на списанието “Жена” до почетокот на 1995 година.
За време на изборите 1994 година г-дин Љубиша Георгиевски (тогаш председателски кандидат) побара да му изработам натална карта, за истото пишува и во неговата книга “председателски кандудат”.
Тогаш им реков дека нема да има втор круг, дека нема да учествуваат, само се поднасмеа.
За истото пишува и во неговата книга.
Во првата половина на 1995 година ја уредував рубриката “хороскоп” во “Македонско” во кој, во бројот 37 од 3 март 1995 година, го предвидов атентатот на Глигоров, заминувањето на Елцин од власт без избори. На 5 јули 1995 година излезе првиот број на списанието “Хороскоп” кое го основав и уредував. По излегувањето на првите броеви, во декември 1995 година се преселив во Скопје.
Во 1996 година, кога градоначалник на Чаир беше Аце Миленковски, (во тоа време и редакцијата на списанието беше во Чаир, во просторите на некогашна „Беличанка“ ме повика, поточно дојдоа со кола по мене.
Тогаш по трет пат го сретнав г-дин Љубчо Георгиевски,
Прв пат 1990 на Основачкото сбрание во Кочани.
Но на истото Основачко Собрание кога го видов дека не е македонец (посвоен е0, на татрчето не ја предаов пристапницата потпишана со сопствена крв, самоповредувајќи се за да се потпишам со сопствена кев.
Вторпат го сретнав повторно во Кочани, кога се сретнавме по митингот во Кочани – на средба која ја побара г-дин Љубиша Георгиевски). Гергиевски ми побара да му изработам натална карта. По враќањето од средбата со Љубчо кај градначалникот на Чаир, во редакцијата на списанието ме чекаше трудова инспекција. По неколку дена бев и физички нападнат пред редакцијата.
Во 1997 по аферата ТАТ г-дин Љубчо Георгиевски повторно ме побара, по мене пратија кола.
Средбата се одржа во канцеларијата на тогашниот градоначалник на Кисела Вода г-дин Марјан Ѓорчев.
Вотоа време редакцијата на списането беше во општината Кисела Вода, на местото познато како „шампионче“.
Во истата редакција ме посетија покојната Доста Димовска, потоа и Љубчо Георгивски. По нивните посети телефонот звонеше на 5 минути, со закани дека ќе бидам убиен, иселен, но не се исплашив.
Во 1998 бев и физички нападнат (поминав со скршено ребро и отечено колено), но не останав должен, враќам сипстифицирано, ако не бев во можност, акјо бера повеќемина – тогаш „го промолчуваат мајчиното млеко до крајот на животот.
Митинзиите што беа одржувани и главниот митинг по Афеата ТАТ беа со моја консултација.
Коолицијата помеѓу ВМРО ДПМНЕ И ЛДП јас ја растурив, по мој совет беше направена само со ДА, бедејќи тоа беше добитната комбинација.
Веројатно многу од вас ќе кажат дабро сум се опарил.
Но, немам земено ниту денар, а се ветуваше се и сешто.
По победата на изборите во 1998 година, од покојната Димовска побарав само на списанието “Хороскоп” министерството за култура да му додели срества, како што доделуваше на другите медиуми.
Ме одби со зборовите “Како да му кажам на Димтров (Димитар Димитров беше министер за култура) да додели сдрства за “Хороскоп” ќе излеземе несериозни.
Останав без текст.
Не помина долго време, 1999 година дојдоа председателските избори, а покојниот Трајковски првиот круг го изгуби катострафално.
По моја консултација маркетингот и настапот во вториот круг се сменија за 360 насто и изборите се добија.
Ги послушаа моите препраки и советотот.
Побараа помош и за ТВ дуелот помеѓу Тајковски и Тито Петковски (таква помош и совет ми побараа и за Тв дуелот помеѓу Црвенковски и Георгиевски 1998 година).
Тогаш Димовска се коонеше во внуците дека овојпат нема да ме извиси. Но, повторно излажа.
Од атентатот на Глигоров до 1999 постојано без следен од службите за бебедност.
Единствено во животот што сум побарал средба со некој политичар, е годинава кај премиерот Никола Грујевски.
Но, не да му предвидувам, туку да го запознам со гоплгата низ која поминавам и низ која поминувам последните 2 години, низ инститициите за кои е надлежна владата на РМ, Министерство за здравство и министество ја Социјална политика.
Од обичен плускавец, со несоодветно лекување добив гангрена, ми ампунтираа 4 прста. Од премну инфузија ми го слобнаа срцето, стасав до бајпас. Поради здраствените причини, скоро 2 години не излегува списанието.
Но, за жал, премиерот не ме прими, добив само одговор ако се укаже прилика ќе ме повика, а дека надлежните институции писмено ќе одговарат на мојата преставка.
Преставката и барањето за прием кај премиерот, до владата го доаставив на 9 април, на 30 април добив негативен одговор за приемот, а до денешен ден (14. 06. 2014) немам одговор од надлежните институции).
Инаку додека ја доживував голготата во градската болница “Свети Климент” побарав прием кај министерот Тодоров, но и тој не ме прими.
Целта на Овој текст не ми е да зборувам за моот јпатриотизам, сакам само да се надоврзамзм како дел од историјата, кога Македнецот во самата Македонија не го сакаат, Македонецот на Македонецот му е најголем непријател.
Постои теорија дека Александар Македонски е предаден и отруен, дека од предавници и јаничари суште правиме напори да создадеме Македонска држава.
Да го оставиме Александар на историјата, ја како сведок на поновата историја ќе напоменам неколку факти и настани кои зборуваат постојаното за наше јаничарство и предавништво.
Во 1990 година од Белгарад ни го пратија г-дин Киро Глигоров за председател.
Г-дин Бранко Црвенковски го смени името и знамето.
Татарчрето Љубчо Георгиевски, си го смени името од Љупчо во Љубчо, зема бугарско државјанство, човек што беше прмиер на државата.
Се прашувам има ли поголемо велепредавство.
Покојната Димовска 1999 кога ја прашав со која логика во држава каде доминатно население е правословно, предлагаат за председател протестантат.
Нејзиниот одговор беше „Крајнички ни го наметнаа од САД“.
Од овие причини, од Александар па наваму не следи проклество на предавства, јаничарење, на самоуништување.
За жал уште не следи, сега во современ облик, преку разни невладини агенции, тужакања во неѓународните институции итн.
За сето ова побарав одговор во говорот на планетите.
Кога ќе се погледне наталната карта на Република Македонија, веднаш се добива идговор, потврда на досегашното, изнесено во овој текст.
Република Македонија е Девица во хороскоп со подзнак во Овен.
Владетелот на втората куќа Венерра е ретроградна(неповолна) во петта куќа (народ деца) во коњукција со Меркур (кој е носи завери, неприродни сојуз, а едвете (Меркур и ретроградна Венера) во коњукција се со Јупитер (странство, меѓународен фактор). Ова коњукција го дава одговорот за слугувањето, предавствата јаничарството). Владетелот на десетта куќа (врховна власт, влада, председател) е ретрограден Сатурн кој е во аспект со Јупитер што зборува за силното влијание на меѓународниот фактор врз власта, па и врз самото сставување на истата.
Како потврда на ова е и реферндумско прашање за осамостојување, прифаќање на придавката, промена на змаето, ракмовниот договор, теритиалната поделба…….
За жал, можеби премногу доцна сфатив “Во македонија најмалку има Македонци“, можеби единствен народ што не сака своја држава, да владее со својата држава.
Најопасно е да бидеш Македонец – постојано, бос по трње ќе газеш.
Но, не се кајам што го одбрав овој пат во животот.
Повторно да се родам, повторно ќе бев дел од моите корени, без разлика колку се обидувале да ги ископат или исечат
Ткстот е од мојот профил, објавен на:
14. 06. 2014 Господова
6 часот и 11 минути
Скопје, Македонија