ВРЕМЕ Е ДА ПОБАРАМЕ ДРУГ ДОМ? Цртежите на житните полиња……
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
пишува: Илија Бошков – Крајнички
ВРЕМЕ Е ДА ПОБАРАМЕ ДРУГ ДОМ?
“Ги дешифриравме круговите во жито и јасно ни е дека некој или нешто се обидува да нè предупреди на пропаста на светот” – вели истражувачот Колин Ендрјуз.
Без разлика дали ни се обраќа Мајката Земја, како жив организам, или тоа го прави некоја космичка интелигенција, пораките се јасни и сè позачестени.
Во последните години во Англија и на други места, масовно се појавува т.н. кругови во житото – поточно огромни фугури од десет до неколку стотици метри во неверојатни облици – делфин, мравка, соѕвездија, геометриски симболи и сл.
И повторно се поставува прашањето: кој е авторот на тие импозантни дела кои некои ги нарекуваат “пиктограми”.
Една од теориите е дека виновниците се вонземјани, односно НЛО.
Но, антропологот од САД, Марџори Томкинс која веќе со години секое лето оди во Британија за да ги проучува фигурите во жито тврди дека тоа не е така.
СИЈУКСИТЕ ЗНАЕЛЕ ЗА КРУГОВИТЕ
“Старите шамани на Лакота, едно од племињата на Индијанците Сијукси, со кои работам”, раскажува истражувачката, “многу добро го знаеја значењето на круговите во жито. Тие тврдат дека тие симболи се прастара космичка азбука која ја користат боговите.
Морам да ви кажам дека моето искуство со круговите во посевите започна пред петнаесетина години, токму кога на нив ми сврти внимание еден врач на Сиуксите.
Во тоа време фигурата се појави на една нива во САД и врачот ми кажа дека чул за таквите фигури кои постојано се појавуваат во Велика Британија и ме замоли да му најдам податоци за нив.
Во тоа време воопшто не се занимавав со такви феномени. НЛО и слично воопшто не ме интересираа.
Се сеќавам дека врачот ми покажа исечок од весник со фотографија од фигурите во едно американско поле. Се состоеше од голем средишен круг и четири помали распоредени во квадрат околу централната фигура. Ми рече дека малите фигури преставуваат четири кардинални точки и ми покажа некој вид вијуги слични на змиска опашка која излегуваше од еден од облиците.
Рече дека тоа ја претставува виталната енергија на Земјата и додаде дека исто такви симболи веќе со векови се појавуваат на сликите на Сиуксите.
Тогаш се заинтересирав за овој феномен. Дојдов во Европа и почнав да истражувам. Се поврзав со луѓето кои таму го проучуваа тој феномен.
Во подоцнежните години организирав три експедиции во Велика Британија во текот на кои ги проучував фигурите во посевите.
Се сеќавам дека првпат стигнав во едно англиско градче покрај ридчето Силбери. Тамошните уфолози ми рекоа дека немам среќа зашто круговите во посевите веќе долго не се појавувале, а откако во 1991 година двајца пензионери од Лондон изјавија дека тие се автори на тие фугури, кои ги направиле поради шега, луѓето повеќе и не им се јавувале кога ќе се појавеле нови формации.
Доста разочарана едно поладне шетав со сопругот вдолж ридот Силбери, и наеднаш здогледавме огромна фигура.
Стебленцата многу необично ја одбиваа сончевата светлина – изгледаше дека фигурата е материјализирана, позлатена. А потоа откривме и многу други формации.
Тогаш, исто како и во следните две експедиции имав можност да фотографирам голем број фигури. Феноменот, значи, трае и покрај отсуството на двајцата палави старци”.
Внатре во фигурите, раскажува понатаму Томкинс, сешто се случува.
Радио апаратите и касетофоните се блокираат или фаќаат необични фрекфенции.
Посензитивните личности велат дека чувствуваат чудни работи, на пример интензивна горештина на едно место, а на друго, малку понатаму, ледено студенило. Многумина велат дека почувствувале силни болки и грчење во желудникот.
Чудни се и камењата кои се наоѓаат внатре во круговите. Во некои случаи се однесуваат како магнетизирани.
“Но, јас не верувам дека сето тоа може да им се припише на НЛО”, вели Томкинс, “во текот на последната експедиција се случи нешто многу чудно и тоа во мое присуство.
Мојот маж и јас наидовме на сложена, но незавршена фугура. Изгледаше како недовршено соѕвездие. Се обидувавме да го предвидиме местото на кое треба да се појави последниот облик (фигурата личеше на елипса) и решивме да почекаме.
По некое време минато надвор на ветар, на мојот маж му стана студено и тргна во колата која се наоѓаше токму во тој дел на ридот кај што пиктограмот беше недовршен. Влезе, ја зема шапката и кога се сврте се најде пред последната фигура, која веќе беше довршена.
Како тоа во моментот додека тој беше свртен со грб, некоја невидлива рака го завршила цртежот само за неколку секунди.
Иако бев блиску не видов никаков НЛО, ниту пак некој шегаџија кој би ги виткал стебленцата. Посевот полегна сам од себеси, како со магија.”
Значи не се во прашање НЛО. Каква е тогаш таа енергија која ги прави тие кругови во житото? Дали во тоа е волшебната моќ на Мајката Земја, како што тврдат многу видовите луѓе кои зборуваат за “подземните и космичките енергии на планетата”?
СЕ ПОСЛОЖЕНИ ФУГУРИ
Се разбира, ова сведочење од прва рака нè наведува повторно да размислиме за сите претпоставки за потеклото на фигурите.
Еден од оние кои сепак се убедени дека зад круговите во житото стои вонземска интелигенција е англискиот истражувач Колин Ендрјуз, водечки авторитет за тој феномен и автор на книгата “Цирцурал Евиденце” (Кружни докази). Еве што вели тој:
“Феноменот на круговите во жито исклучително е интересен. Првите облици се појавија во 1978 година, беа кружни и многу поедноставни. Се јавуваа кругови од еден прстен, потоа со двојна коронка, заа потоа да се појават првите формации од по пет кругови.
Следуваа сè посложени фигури, геометриски и разни облици кои преставуваа многу духовни и религиски симболи.
Феноменот нагло се засили во мај 1990 година, кога во Хемпшир пронајдовме два круга од легнати стебленца, споени со “ходник”. Од тој момент фигурите стануваа сè посложени.
Морам да кажам дека тој феномен го следам дваесетина години, ги проучува податоците кои ги собира тим од инженери – како што сум јас. Плодовите од тоа истражување ги предадов на британската влада, која покажуваше голем интерес сè додека двајца шегаџии не го дисквалификуваа целиот феномен.
Јас, лично мислам дека имаме работа со интелигентен феномен, со некој кој знае што прави и кој следи сè посложена програма. Колку повеќе има кругови, толку повеќе имаме научни информации и тоа од различен вид. Во круговите се наоѓаат детали на универзална симболика, како феноменот да реагира на нашето знаење. Освен тоа, проучувајќи ги геометриските облици во посевите откриваме прецизни математички релации, бројки, податоци.
Се разбира, не би сакал да избрзувам со заклучоци.
Ако инсистираме на вонземската хипотеза, би ризикувакле да нè исмеат. Во нашиов случај англиските весници се однесуваа многу неодговорно, го омаловажуваа феноменот и го третираа како некој облик на забава.
Сепак, во разни англиски списанија се појавија многу студии за круговите во жито.”
ЌЕЛИСКИ МУТАЦИИ
“На врската меѓу круговите во жито и одредените геометриски константи”, продолжува Ендрјуз, “посочија многу математичари.
Еден биофизичар напиша студија за феноменот во која тврди дека ќелиската анатомија на стебленцата е длабоко променета со дејствување на микро брановите. Значи, имаме работа со нешто што е апсолутна аномалија.
За жал, во септември 1991 година, дневниот весник “Тудеј” (Денес) во соработка со двајца пензионери ја организираше прочуената “шега”. Двајцата старци добија осветлување, разни средства и инструменти. Работеа и дење без никаков проблем (круговите обично се прават во текот на ноќта) и успеаја да направат доста веродостојна фигура.
Тогаш повикаа еден наш соработник, Пат Делгадо, кој меѓутоа не е експерт за круговите во жито, туку само научник кого го плаќавме за нас да прави определени истражувања.
Кога го виде кругот, Делгадо пред новинарите на весникот “Тудеј” изјави дека е автентичен.
КАКО ДА СЕ ОТКРИЕ АВТЕНТИЧНОСТА
Кога дозна дека го изамиле, Делгадо веќе не сакаше да работи на истражувањата од оваа област. Та шега му го уништи угледот.
Се прашувам, дали некој ја изрежирал таа шега на двајцата пензионери токму за да го уништи Делгадо. Една недела пред тоа Делгадо убеди неколку членови од британската влада дека треба да оформи комисија за проучување на овој феномен. И јапонската влада му понудила истражувачки фонд од неколку милијадри долари.
Но, кога светските весници ја пренесоа веста на “Тудеј” дека во прашање е несолена шега, сите се повлекоа. Јас продолжив да работам и добивам доволно пари за истражувањета.”
Според Ендрјуз има многу начини да се провери дали феноменот е автентичен. Освен тоа, тој не е така нов, како што на почетокот си мислевме. Открив во британските анали од 1600 година, исто како и во хориниките на иоторичарите дека е забележано појавување на кругови. Забележани се и во аналите од 1920 и 1940 година. До 1976 година круговите сè уште се појавуваа ретко, но потоа зачестија. Деведест проценти од тие кругови се појавуваа во круг од 67 километри од археолошкиот локалитет од светско значење Стоунхенџ.
Се појавуваа по петнаесетина дневно, па дури и многу од нив да се лажни, постои сигурна постапка да се утврди кои се автентични.
Некои од нив се состојат од две нивоа на залегнати стебленца кои се движат во синусоиден бран. Внатрешноста на стебленцата исчезнува под влијание на топлината (микробранови).
Понатаму, тие стебленца не растат со иста брзина како остатокот од посевите. Во внатрешноста на формацијата се јавуваат разни електромагнетни пречки кои влијаат на радиоапаратите, на транзисторите и на магнетофоните.
Се јавуваат пречки на 31,16 мегахерци. Компасите полудуваат. Располагаме, освен тоа, и со низа филмови на кои се гледаат мали светлечки топки како да ги “цртаат” круговите во полињата. Тие мали НЛО не се појавиваат случајно, туку секогаш над истите полиња.
Тие видео снимки се стопроцентно автентични – освен најпознатата која е снимена од Оливер Касл.
На него се гледаат три светла како цртаат пет круга.
Многу е убав филмот, но лажен: светлата се додадени со компјутерска технологија. Филмот го направи лондонската телевизија “Првиот рез” за да заработи пари.
ШТО САКААТ ДА ПОРАЧААТ?
Што би сакале да соопштат круговите во житото? Многу внимателно Ендрјуз ни открива разни хипотези за тоа. “Многу од тие знаци постојат во азбуката на Индијанците Хопи, на австралиските Абориџини и африкаснкото племе Догони.
Многу истражувачи велат дека од сите фигури произлегува заеднички именител. Тие ги толкуваат пораките во житото на следниот начин: Мајката земја е жив организам, а животот се заснива на енергија. Таа енергија се манифестира низ атмосферски феномени, низ магнетни полиња.
Постојаното загадување и нарушувањето на константите на животната средина ја приморува Земјата на врисок на предупредување, така штои формациите во житото се нешто како сипаници предизвикани од алергија. Од таа алергија, односно загадување страда Земјата.
Тоа последното е единственото со кое се согласувам – Земјата е загадена, а ние се однесуваме крајно неодговорно. Но, јас мислам дека круговите ни покажуваат дека е време да побараме друг дом.
Со тој став се согласуваат многу пророшта на Абориџините, луѓето кои со векови ги познаваат симболите од житото.
Дека Земјата е во критична фаза, сите тоа го гледаме: промената на климата и годишните времиња, озонски дупки, цунами, Ел Нињо, поплави, земјотреси, вулкани…
Не е чудно што во последно време се појавуваат сè повеќе фигури во полињата. Од народ – до народ тие се поинакви, специфични за секоја култура.
Најпрво бараа внимание, потоа станаа сè посложени, нè принудуваа да почнеме да се обидуваме да ја разбереме пораката.
И во Америка феноменот неверојатно се шири: денес се регистрираат по 70 формации годишно.
Со интерпретација на симболите во жито изведени од математичките пресметки, три години пред да се појави го предвидовме “милениумскиот метеорит”, чие откритие предизвика панична реакција во медиумите, бидејќи првите пресметки говореа дека ќе удри во Земјата, но тоа не се случи. Со помош на математички односи можат да се предвидат многу настани што треба да се случат во иднина, кои воопшто не се поволни.
Но, тоа е посебна тема и не треба да се избрзуваме и да ги заплашуваме луѓето. Да се надеваме дека пораките од житото правилно ќе бидат разбрани и дека ќе ги направиме позитивните промени кои се неопходни, инаку не ни се пишува добро.” – завршува Ендрјуз.