НУМЕРОЛОГИЈА: ДЕНОТ НА УСПЕХОТ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Сигурно секој од нас некогаш си помислил:”Денеска не ми е денот” или “Денеска не ми оди”.

Можеме ли воопшто однапред да ги одредиме шансите за успех во некој ден. Како да дознаеме во кој ден да планираме важен состанок, а кога е подобро да останеме дома и да одмораме?

Според нумерологијата, секој ден има “вибрационен број”, исто како и денот на раѓањето или бројот на името.

За да го дознаете, воопшто не е потребно да имате подлабоки познавања на нумерологијата (науката за броевите). Тоа бргу ќе го сторите со помош на инструкциите и толкувањата во овој текст.

Да претпоставиме дека сакаме да дознаеме каква е вибрацијата на 5 март 2004 година и што да планираме во тој ден. Собираме: 0+5+0+3+2+0+0+4 = 14;1+4 = 5. Потоа треба само да го прочитате објаснувањето за добиениот број.

1. Овој ден е добар за превземање решителни дејства за постигнување на своите цели. Можете да почнете нови дејности кои ќе бидат вистинското незабавено и ефективно решение на суштинскиот проблем. Ако нешто влечкате долго време и никако да го завршите, денот со ваков вибрационен број е специјално создаден за Вас.

2. Овој ден најдобро да го посветите само на работи што не трпат одлагања, што бараат итно дејствување. Низ овој ден провејува нерешителноста. Голема е веројатноста успешно започнатата работа да има лош завршеток. Погрижете се да не се посветите многу на активности.

3. Во овој ден не е добро да ги завршувате недозавршените работи. Не треба да трошите многу енергија за работата, позитивен резултат ќе постигнете многу тешко. Во овој ден не се зафаќајте со учење. Инаку, нови проекти може да почнувате само ако сте дел од некоја екипа. Ако Вие предизвикате штета некому, злото многу брзо ќе Ви се врати. Не планирајте нови средби и патувања, туку одморајте.

4. Во ваков ден откажете се од веселбите и друштвата. Завршувајте стари работи, вршете ја рутинската работа. Ковајте планови за иднината. Не почнувајте нови работи, особено не ако се значајни за Вас. Не се занимавајте со трговија.

5. Во овој ден постои голема можност да бидете изненадени – како радосно, така и тажно. Ако имате бизнис, работете с# со големо внимание и бидете точни.Ако сте уверени дека с# она што сте го замислиле е правилно и е животно неопходно – дејствувајте. По можност, воздржувајте се од долги патувања.

6. Овој ден е поволен за конференции, собранија, средби со пријатели. Успешни ќе бидат и домашните дејности, рутината, спокојната работа. Поканете ги роднините на гости. Барајте хармонија и комфор. Погрижете се да избегнувате конфликти. Не донесувајте решенија за кои што не сте размислувале доволно добро.

7. Ваквиот ден е многу поволен за научни и други епохални откритија. Во ваков ден Вашиот пронајдок може да добие признание. Соодветен ден за интелектуелан труд. Успешен и за уметноста. Бизнисмените треба да ги завршат започнатите активности, но претходно да се консултираат со соодветни и доверливи луѓе. Вслушувајте се во својата интуиција, особено ако и претходно Ви давала корисни совети.

8. Во овој ден занимавајте се со важните работи. Брзо ќе донесувате решенија што ќе дадат позититивни резултати; важните работи ќе го родат очекуваниот резултат и патот кон успехот ќе Ви се причини не така долг и уморен. Ова е многу поволен ден за финансиски операции и за капитални вложувања. Добро е да се прават реорганизации, соединувања на повеќе претпријатија во едно, или создавање на деловни асоцијации.

9. Овој ден е добар за почнување на важни дела. Реализирајте перспективи, планови, развивајте лични врски. Можно е ова да е денот на вашиот триумф, ден благонаклонет кон боемите, поволен за бизнис, за финансиски шпекулации.

Подетално што ве очекува во животот, што ви е пишшано, можете да се инсормирате на

контат. тел 078 215 911

за ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ СО ПРЕДВИДУВАЊА:

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
Tweet 20