Езотерија – наука

КАМЕЊАТА СЕ ЖИВИ СУШТЕСТВА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува:Илија Бошков – Крајнички

Тие говорат, дишат, се движат и влијаат врз нашето здравје и судбина.

Француските геолози Арнолд Ришар и Пјер Есколие ги проучувале камењата од различни делови на Земјата и стигнале до восхитувачки сознанија.

Тие тврдат дека камењата се живи, но процесите кај нив се многу бавни. Нивната структура се менува, тие најпрво се млади, а потоа остаруваат. Исто така и „дишат”.

„Вдишувањето” трае од една до три седмици, а секој “срцев удар” трае околу едно деноноќие.

Фотографирајќи ги камењата што ги набљудувале, научниците утврдиле дека тие се придвижуваат околу 2,5 метри за една седмица.

Езотеријата отсекогаш тврдела дека се околу нас е живо, а сега еве и научниците Ришар и Есколие тоа го потврдуваат.

Како влијаат камењата врз човекот?

Розовиот кварц – дарува здравје.

Аметист – ја зголемува интуицијата.

Мачкино око – заштита од интриги, дава сили да ги победиме непријателите.

Лазурит – има силна енергија, дава моќ: свет камен. Статуите на Буда и други божества, олтарите во храмовите, се прават од него.

Брилијант – дава сила.

Сердолик – го намалува непотребното трошење на енегија.

Малахит – создава заштита, ги штити децата од болести и тага; детски талисман.

Топаз – камен на фантазерите, ги отвора вратите кон другите светови.

Ахат – ја носи сила од древните светови. Ја лекува депресијата при разделби, ја намалува душевната болка, лекува рани.

Тигрово око – спасува од маките и од љубомората.

Кварц – неговите вариетети се планински кристал, аметист, рахутопаз и цитрин. Освен другите квалитети, тие помагаат да ја прочитате иднината. Ако кристалниот предмет – полирана прозрачна топка – се постави во темна просторија и низ него се пропушти светлосен зрак, можат да се видат слики од минатото и иднината.

За родените во определени месеци камењата што носат среќа се:

јануари – гранат, хиацинт;

февруари – аметист;

март – килибар;

април – сафир;

мај – ахат;

јуни – изумруд;

јули – оникс;

август – сердолик;

септември – хризолит

октомври – берил, аквамарин;

ноември – топаз;

декември – рубин

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20