Нова фризура – нова среќа
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Многу често кога ќе решиме да направиме голема промена во животот, започнуваме од косата. И тоа не е случајно. Секоја жена (а и секој маж) знае дека од фризурата во голем степен зависи самодовербата, како и односот на оние коишто не опкружуваат.
Но, често се двоумиме каква точно да биде новата фризура. За таа цел се советуваме со пријателите, фризерите, модните списанија.
Но, астрологијата исто така може да ни помогне да постигнеме хармонија меѓу нашето внатрешно јас и нашите коси – нивната боја, фризурата, должината, формата…
Уште повеќе – астрологијата може да ни помогне преку фризурата да го моделираме нашиот живот, долевајќи во него среќа; и дури и да го корегираме здравјето.
Според метафизиката, косата е антена којашто ја прима космичката енергија. Должината и бојата на косата, како и формата на фризурата, играат голема улога во процесот на примањето на космичките зрачења. Ете зошто изборот на фризура којашто ќе ја привлече среќата се случува дури откако сосема сме сигурни што сака нашата душа; од што во дадениот момент имаме најмногу потреба: од материјална благосостојба, среќа во личниот живот или можеби сакаме да го забрзаме напредувањето во кариерата?
Во зависност од нашите цели и проблеми коишто сакаме да ги постигнеме или разрешиме, може да преземеме некои чекори коишто ќе ни донесат тоа што го сакаме.
И така, ако сме
незадоволни од кариерата
Треба при изборот на фризура да го насочиме своето внимание кон стиловите на огнените или земјаните знаци на Зодијакот.
Ако не Ве задоволува сегашната социјална положба, изберете фризура на некој од земјаните знаци или на Терезиите.
Фризурите на воздушните знаци и на Девиците носат успех во комуницирањето со другите луѓе, како и за добивање нови знаења и обуки.
А во личниот живот се ќе се подреди постепено само од себе ако Вашата фризура стане добар проводник на енергијата на водената или на огнената стихија.
Но, застанете за миг… Правилниот избор на фризура којашто привлекува среќа е многу сериозна работа.
Откако ќе определите по каква траекторија треба да оди Вашата душа, т.е. каде точно Ви е неопходна среќа, треба да ги усогласите Вашата фризура и боја на коса со соодветните за Вашиот знак. Пр.
ФРИЗУРИ НА ОГНЕНИТЕ ЗНАЦИ се благопријатни за родените под огнените (Овен, Лав и Стрелец) и воздушните знаци (Близнаци, Терезија и Водолија), додека за родените под знаците на водената стихија тие се апсолутно забранети, затоа што може да ја избркаат среќата.
ФРИЗУРИ КОИШТО ПРИВЛЕКУВААТ ЕНЕРГИЈА ЗА ВОЗДУШНИТЕ ЗНАЦИ се забранети за земјаните знаци (Бик, Девица и Јарец) и добро одговараат на воздушните и огнените знаци.
ВОДЕНИ ФРИЗУРИ носат среќа на водените (Риби, Рак, и Скорпија) и земјаните знаци, но се штетни за огнените знаци.
ЗЕМЈАНИ ФРИЗУРИ одговараат на земјаните и водените знаци, а се опасни за воздушните.
БОЈА И ФОРМА НА КОСАТА
Бојата на косата определува од која планета на Сончевиот систем ја примаме енергијата.
Формата на косата дава информации за тоа каков вид енергија во основа користи некој човек. На пример, енергијата на водените знаци е сродна со долги, прави и блескави коси. Тие коси наликуваат на вода што тече.
Косите на припадниците на воздушните знаци се средно долги и кадрави. Земјаните знаци се одликуваат со здрави и непослушни коси. Огнените се препознатливи по портокаловата нијанса и краткото потстрижување, особено во горниот и предниот дел на главата.
Должината на косата ја определува количината и брзината на примањето на енергијата во големиот мозок. На пример, колку подолги се влакната, толку поголем обем на информации добива човекот, но и толку подолг е патот до нејзиното осознавање.
При изборот на должина на косата, обрнете внимание на следниве препораки:
Долгите влакна создаваат повеќе сили , но ги забавуваат Вашите реакции и темпото на случки во Вашиот живот.
Влакната го снабдуваат Вашиот организам со тешка, но моќна енергија којашто ги забрзува процесите коишто течат во Вашиот организам, а истовремено и Вашата реакција.
Заклучок: Ако сакате да задржите среќа во животот, треба да пуштите долга коса.
А ако сакате да постигнете нешто за пократко време – потстрижете се. Утврдено е дека повеќето жени коишто бележат успех во работата, а неуспех во личниот живот, имаат кратки коси. Можеби тоа е сврзано со фактот дека кратката коса & долева на жената активна машка енергија, и, на тој начин, ја нарушува женската рамнотежа .
Фризурата на определен знак е одличен радар за управување на космичките емисии. Вклучувајќи се во еден или друг вид енергија , преку промена на формата, структурата и бојата на косата, ние го менуваме својот живот во насоката којашто ја сакаме .
ОВЕН – КРАТКИ, СПОРТСКИ ФРИЗУРИ
Оваа форма на фризура дава динамичност, виталност и подмладување. Овие фризури моќно го преобразуваат организмот и го исполнуваат со енергија . Луѓето со слабо здравје некогаш ги потстрижувале многу кратко. Тоа придонесува за забрзување на метаболизмот и оздравувањето. Древните луѓе знаеле што прават, бидејќи Овенот има непосреден однос кон големиот мозок (неговата астролошка проекција во човечкото тело се наоѓа во областа на главата). Овенот е одговорен за правилното снабдување на големиот мозок со крв и хранливи материи.
Користејќи ја фризурата на овој знак, човек може да го лекува мозокот да и ја стабилизира неговата дејност. Фризурите на Овенот му даваат на човекот способност да ги остварува своите планови и проекти, да се извлекува од животните проблеми без туѓа помош. Го потпомагаат забрзувањето на темпото на животот.
БИК – ФРИЗУРИ СО СРЕДНА ДОЛЖИНА
Овие фризури се разнобразни, но стилот на Бикот е секогаш со коса којашто слободно паѓа. Вистинското „Биковско” зрачење се постигнува со совршена техника. Тука се исклучени локните и помошните средства (лак, гел, восок), коишто ги нарушуваат природните форми. Стилот на Бикот се користи за корекција на работата на желудникот и на грлото. Овие фризури ја стабилизираат материјалната положба и самодовербата и донесуваат успех во поглед на недвижностите.
БЛИЗНАЦИ – МАНИПУЛАЦИИ СО ПОМОШ НА ХЕМИЈА
Белезите на овој знак се бојадисаните и вештачко накадрените коси. Енергијата на ова соѕвездие минува најдобро преку кадрави коси со средна должина (до рамениците). Овие фризури ги хармонизират нервниот систем и горните дишни патишта. Стилот на Близнаците ја зголемува комуникативноста, носи успех во учењето и патувањата.
РАК – ФРИЗУРА ПРАВО КАРЕ
Тоа е омилениот стил на средновековните рицари, којшто го заплиснува телото со физичка сила. Фризурите на овој знак помагаат во ресорпција на храната и нејзино максимално искористување за работа на организмот. Енергијата на овој знак е сврзана со помнењето на гените на човештвото. Затоа фризурата на Ракот ги нормализира односите со старите поколенија, дава заштита на родот. Всушност таа помага во создавање на семејство; уште повеќе, носи сигурност дека Вашиот избор задолжително ќе биде одобрен од родителите.
ЛАВ – ПРИРОДНА “ЛАВОВСКА ГРИВА”
Овој стил се постигнува со скалесто потстрижување. Но за да може косата навистина да личи на лавовска грива и да не се растура при најслабото ветерче, тогаш може да се потруди да ја накадриме ако не е таква природно.
Лавот ја контролира работата на срцето. Овие фризури ги потпомагаат творечките способности, го прават човекот посамоуверен, подобар и поромантичен. На карактерот му даваат живот и веселост, но истовремено предизвикуваат многу работи да се земаат при срце,
често и кога тоа е непотребно.
ДЕВИЦА – ВЕШТАЧКИ КАДРИЦИ И УКРАСИ
Ова е еден од малкуте знаци коишто обожаваат да ја маскираат сопствената природна убавина со вештачка. Користат перики, шноли, штипки итн., и создаваат добри предуслови за привлекување на космички енергии коишто се пожелни за вршење некоја здодевна и прецизна работа. Овие фризури носат успех во образованието, занаетите и трговијата. Исто така ја активираат работата на дигестивниот тракт.
ТЕРЕЗИЈА – ГОЛЕМИ, НО СТРОГИ, КЛАСИЧНИ ФРИЗУРИ “ЕДНОДНЕВКИ”
Стилот на Терезиите е класика и елитност и строгост. Прекрасно подредените женски коси создаваат впечаток на недостапност. Машката фризура на овој знак ја нагласува машкоста и строгоста на личноста. Класиката во облекувањето и фризурата дозволуваат да се воспостават мирни односи со сите луѓе. Овие фризури ја регулираат работата на бубрезите.
СКОРПИЈА – ФРИЗУРА „ВАМП”
Оваа фризура е за мажите и за жените. Правите мазни влакна му се неопходни на овој воден знак за да ја добие неопходната енергија. Тое можат да се кратко потстрижани, што на водата & придодава оган. Овој стил ја нагласува сексуалноста и предизвикува интерес кај соседниот пол. Колку повеќе познанства има една Скорпија, толку подобро се чувствува. Овие фризури даваат поддршка и заштита од вишите сили во екстремни услови, ја зголемуваат сексуалноста на двата пола, ја контролираат работата на половата сфера.
СТРЕЛЕЦ – КОНЗЕРВАТИВНИ ФРИЗУРИ
Самите Стрелци не ја сакаат строгоста во однесувањето, гардеробата и фризурите. Женските Фризури се комбинација од шишки со долга коњска опашка позади. Машките фризури на овој знак можат често да се видат во историски филмови, на цртежите на Зевс и други богови од Азија и Европа. Сопствениците на вакви фризури ќе бидат благословени со успех во опшествената, политичката и религиозната сфера. Стрелецот му дава на човекот самопочитување и ја корегира работата на црниот дроб.
ЈАРЕЦ – ПРОСТА И ЛЕСНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФРИЗУРА
Во формирањето на овие фризури голем удел има максималното скратување на трошоците за фризер. Мажите препочитаат бричена глава, а женските претпочитаат да носат шапка, шал и слично. Овој стил многу им се допаѓа на оние коишто имаат долга коси. Овие фризури помагаат за добра реализација во материјалната сфера, за кариера и за наоѓање место во животот. Овој стил го управува здравјето на забите и коските.
ВОДОЛИЈА – РАЗЛИЧНИ ФОРМИ, ДОЛЖИНА И БОЈА НА КОСАТА
Водолијата е единствениот знак којшто постојано ја менува фризурата, со манир на екстравантност. Може често да е пред времето, распознавајќи ги внатрешните потреби на луѓето формира невообичаени текови во модата и фризурите. Кога во мода е панкот, Водолијата ја бои косата, прави “четка”, а кога е модерен хипи стилот веднаш станува хипик. Овие фризури овозможуваат да се почнат нови проекти, како и да се воспостават добри односи со луѓето. Овој знак го контролира здравјето на крвните садови.
РИБИ –СЛОЖЕНИ, ПЛЕТЕНИ ФРИЗУРИ
Овој знак ја симболизира светската хармонија. Вистинските фризури на Рибите носат во себе огромна космичка смисла. Тоа е секој вид коса во која сплетените прамени симболизираат сливање на различните сили на вселената во едно. Фризурите на Рибите помагаат да се најде внатрешна хармонија и мир, обезбедуваат покровителство на вишите сили во секакви дела, како и поуки. Рибите управуваат со размена на материите и нервниот систем, а ваквите фризури моќно лековито дејство имаат врз состојбата на целиот организам.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е пишшано, можете да се обратете на контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари