Среќни адресиОткријте го домот на среќата

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Колку пати сме ја изговарале својата адреса – бројот на влезот, на станот… И не сме ни претпоставувале, дека овие цифри ја програмираат нашата судбина.

За да дознаете точно, какво е влијанието на вашата адреса, треба да го пресметате бројот, којшто е покровител на вашиот дом

Број – господар

Ако куќата има едноцифрен број, тогаш тој е полноправен владетел на вашето живеалиште. Кај двоцифрените и троцифрените броеви, треба да ги соберете броевите, додека не добиете едноцифрен број, како што наложува нумерологијата.

Бројот на влезот и на станот исто така се додаваат кон бројот на домот. Истото важи и за влезот ( ако не се броеви, буквите се заменуваат со нивната соодветна цифра, според редот во азбуката).

На пример: Вие живеете во блок 21, влез В, стан 5. Тогаш добиваме: В се израмнува со бројот 3. Собираме: 2+1+3+5=11=1+1=2 Следува бројот на вашиот дом е два.

Имајте во предвид дека жителите на зградите со многу станови го чувствуваат најсилно влијанието на бројот од својот стан. Најдете го во списокот, што следува  и ќе можете да прочитате корисна информација, којашто се содржи во вашата адреса.

Број на светлината

Учените нумеролози тврдат, дека во животот нема случајности. Буквално секоја сретната  цифра (број) на патот е знак, којшто ја определува вашата судбина.

Уште повеќе пак, броевите се сврзани со нашиот дом.

Според нумеролозите дури и  изнајмената соба носи определена информација. И поточно не само евентуалниот наем, зашто тој е помалку или повеќе е фиксирана цифра, туку и сметката за струја.

Зошто?

Затоа што тоа е единствената сума, што се менува од месец на месец и што го засега нашиот дом.

Нумеролозите претпосатавуваат, дека во неа се закодирани ситуациите со кои животот ни се судрува во последно време и некои моменти за коишто е добро да си споменеме во блиска иднина.

Овие информации можат да бидат прочитани, ако е пресметн така наречениот број на светлината.

На пример: Последната сметка за струја ви изнесувала  1523 денари. Собираме: 1+5+2+3=11=1+1= 2

Сега ја бараме оваа цифра во списокот што следува и ја читаме онаа  глава, што се однесуа на овој број, слично на волшебен компас, што ни помага да ги одбереме вистинските цели и ориентири во нашиот живот.

1.          Единица

Ова е број на лидерите. На оние коишто се стремат кон независност, прогрес и сопствен развиток. Претставува идеален старт за  луѓето, коишто сакаат да се  занимаваат со сопствен бизнис. Луѓето, кои живеат во  домот на единицата сакаат да учат од сопствените грешки и ретко ги следат советите на луѓето од околината.

Број на светлината – 1

Во последно време сте живееле според строг план и сте успевале во се, но сте ужасно уморени. Во текот на следниот месец, треба да бидете побезгрижни, а освен тоа и да пројавувате повеќе добрина, чувствителност, штедрост.

2.          Двојка

Луѓето коишто живеат во куќата со ваков број се вистински алтруисти. Тие им оддаваат поголемо значење на интересите од другите, отколку на свиоте сопствени, ја сакаат природата и ги привлекува (се учат од) искуството.

Бројот на светлината – 2

Сигурно сте биле одвоени од проблемите на реалноста. Можеби сте биле на одмор или едноставно сте летале меѓу облаците. За двојката е карактеристично, што немате стрес. Но не е лошо  да се наоѓате во нејзин плен подолго време. Од  другиот месец погрижете се да испланирате повеќе дејности и ако е возможно да бидете поштедливи.

3.          Тројка

Тоа е тројството на разумот, телото и духот. Куќа за размислување, задоволство и општење. Овој дом секогаш е полн со гости и вкусни јадења. Материјалниот успех на домот ќе зависи од заедничките усилби на сите членови од семејството. Одделно едвај ќе успеете да натрупате богатство.

Бројот на светлината  – 3

Изгледа дека во последно време сте им давале премногу време на туѓите проблеми. Во текот на следниот месец, треба  цврсто да се заземете со сопствените задачи. Оние со кои одамна не сте се занимавале.

4.          Четворка

Ова се четирите стихии и четирите насоки на светот. Тука царуваат самодисциплината, организацијата и редот. Имено за ова живеалиште може да се каже: “Мојот дом е моја крепост”. Работата тука носи задоволство и резултати. Особено успешно се развива кариерата на луѓето, коишто работат во сферата на машините.

Бројот на светлината – 4

Време е да се одморите од секојдневната гордост. Да помислите на духовната храна, да посетите изложба, да одите на театар. Изненадете се себеси и членовите на семејството со пријатни нешта.. На пример: нов пар нараквици, дури и ако предходниот не ви се изгубил, уште еден нов пар чевли. Придобивките во текот на овие денови ќе  донесат среќа за домот. 

5.          Петка

Нејзиниот дом ја симболизира слободата, енергичноста, привлечноста кон патување, промените. Доколку енергијата на петката го стимулира мозокот, живеалиштето на овој број е најдоброто место за луѓето, кои се занимаваат со интелектуалната работа. Домот е полн со книги, сувенири донесени од различни места на светот и со домашни животни.

Бројот на светлината – 5

Во текот на изминатиот месец, единствено сте им помагале на другите и сте се занимавале со домаќинство. Доста позитивен, но и уморувачки начин на живот. За да го разведрите вашиот живот одделете неколку слободни денови и заобиколете ги  продавниците. При тоа не е задолжително секогаш, кога ќе влезете во продавница да купите нешто. Самата прошетка, дејствува успокојувачки.

6.          Шестка

Ова е центар на  хармонијата  и рамнотежата, сочувството, љубовта, благородството и загриженоста. Најверојатно членовите на овој дом се приврзаници кон здравата исхрана, се занимаваат со спорт, го сакаат искуството, се стремат кон себеразвивање.

Бројот на светлината – 6

Потполно е веројатно, дека  во текот на изминатиот месец сте ги поставиле вашите лични рекорди. На пример: одлично сте поминале на испитот по странски јазик, сте направиле реновирање во станот или собата, или сте оствариле одлична заработувачка. Најважно е после сите овие победи да не се разболите од ѕвездена болест. Во текот на идниот месец ќе ви се наложи премногу често да им се обраќате на другите за помош.

7.          Седумка

Овој мистичен број на мудроста е  заситен со внатрешен живот. Луѓето кои живеат во овој дом,  секогаш ќе им помогнат на пријателите и ќе им дадат нужен совет или пари на заем без да им го посочат рокот на враќање. Тука не се помнат навредите и нема одмаздување еден на друг за ситници, нема карање за бесмислени нешта и не се делат домашните обврски. Жителите на овој дом знаат да го ценат, она што го имаат и ја гледаат радостта, дури и во малите подароци од судбината.

Бројот на светлината – 7

Вашиот талент за дипломатија е достоен само за пофалба. Во текот на изминатиот месец можевте да се договорите со секој, кој ви беше корисен и поволен. Во иднина ќе имате задача да го зачувате постигнатото. Колку повеќе ќе ги премерувате зборовите, тие ќе тежат повеќе.

8.          Осумка

Ова е број на материјалната благосостојба и бескрајниот стремеж за поубав живот. Оној кој живее постојано со мислата, дека има многу нешта, но тие не му се доволни, треба да се премести во домот на осумката. Тука се е многу, и пријателите, и забавата, и работата, и парите.

Бројот на светлината – 8

Минатиот месец беше доста среќен, но не знаевте, зошто вие постојано се жалевте од сопствената судбина. Во следниот месец сликата ќе се смени обратно. Ве чека купче од ситни  непријатности. При тоа не треба да се  дразните и огорчувате, туку да  се погрижите да го откриете секој среќен момент во животот.

9.          Деветка

Милосрдие, спокојство – тоа се добродеталите на овој дом. Тука луѓето се однесуваат со почитување кон љубовта, ја чуваат како нежен цвет. Ретко се повишува тонот. Домот на деветката е покровител на пензионерите и на малите деца. Помладите, коишто живесат тука ги имаат сите шанси, за да си обезбедат спокојство и независност од постарите деца.

Бројот на светлината – 9

Веројатно во последно време вие доста сте се нервирале, заради ситници. Во блиска иднина ви се наложува да научите, како да реагирате спокојно на секакви проблеми и да не му се оддавате на стресот.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20