ОКУЛТНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА

13 – ти ЗОДИЈАЧКИ ЗНАК – ПАЈАК (видео)

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Има денови кога силно се чувствува тринаесеттиот зодијачкиот знак ПАЈАК кој во суштина е психолошки знак. Тој го опфаќа периодот од 16 мај до 12 јуни. На родените во овој период Месечината има силно влијание и се зема како регионална планета.

Во минатото Пајакот бил создаден со келтскиот крст кој е симбол на земјата. Интересно е што за овој знак нема ништо пишувано во современата астролошка литература, ниту пак на страниците на периодичните изданија за небесните тела.

Многу од денешните астролози не го познаваат овој знак, а некои од нив немаат ниту слушнато за овој знак.

Пајакот ја одразува човечката внатрешност, поточно психичката страна. Тој ги претставува мистериозните мечти, силната нерационалност и до извесен степен и неразбирањето.

Астрологијата својот развој го започнала пред 5000 години во Вавилон. Астролозите тогаш работеле со тринаесет зодијачки знаци. Тринаесеттиот знак Пајак, бил познат уште и во Крит во Стара Грција.

Познат им бил и на староанглиските жреци, како и на Келтите во северна Европа, чија империја се простирала до Турција, до Епир.

За него знаат и во Северна Америка иако не е познато на кој начин стигнале до него.

Старите мајстори на насипите цртале пајаци по камењата и скалите, означувајки ги со симболот (+).

Зодијакот кој бил составен од тринаесеттиот знак бил укинат во римската империја, бидејќи го сметале за опасен т.е. го толкувале како „опасен дел од сознанието”.

Родените во знакот на Пајак биле обдарени со непозната и несекојдневна сила и затоа ги сметале за маѓепсници или волшебници.

Мерката што ја преземале римските управници имала апсолутен успех така што и денес тринаесеттиот знак на зодијакот е скоро потполно заборавен.

Ули Гелер поминал една година во лабораторијата на научниот институт за изучување во Стенфорт, Калифорнија и учестувал во многу експерименти. Свиткувал метали под влијание на психички сили, копирал слики поставени во залепени и заклучени, садови солидно ставени во пликови. Успевал да добие одлични копии.

Двата физичара што го испитувале не успеале да добијат задоволително објаснување на тој феномен.

Резултатите биле публикувани во научното списание „Природа”.

Ули Гелер бил роден во знакот Пајак.

Ако земеме како што тврдат научниците дека психичките сили се реални и дека небесните тела можат да влијаат комплетно врз дејствијата на човекот логично е да се мисли, дека небесните тела влијаат и врз психичките сили и можностите на луѓето.

Но, сигурно е дека тие дејствуваат строго индивидуално, на секоја индивидуа според неговите можности да прима и други способности.

Ова најмногу се однесува на родените во знакот на Пајак бидејќи тие се со такви можности што се разликуваат од родените во другите зодијачки знаци.

Кај нив оваа способност е многу поголема. Установено е дека тие се понадарени во односите и често биле сметани за волшебници.

Луѓето многу тешко можат да побегнат од нивното влијание, се разбира, има и исклучоци.

Асцедентот (подзнакот), кој поминува низ координатите на Пајакот во тој дел од ѕвездената карта вклучувајки ги границите на следниот радиус: 25 степени, 23 минути и 5 секунди од Бик, до 23 степени 4 минути и 37 секунди од Близнаци.

Општо земено астролозите досега не даваа некое специјално значење на овој дел од зодијакот.

Не е незначајно, на пример, тоа дека еден тежок психички крај (кај болните) обично завршува короспондирајки со влијанието на Пајакот.

Холандскиот сликар Петер Хуркос, бил посветен на својата на работа, до својата 30 година кога доживеал инцидент кој во целост го променил неговиот живот.

Паѓајки од едно скалесто место тој добил мозочен потрес. Кога го однееле во болница било откриено дека се здобил со непозната сила која не можела да се објасни од каде дошла.

Само со еден допир до човекот или до неговата облека која му ја носеле добивал многу информации за личноста.

Еве еден случај: жена чиј маж исчезнал, го замолила за помош. Долго пред тоа полицијата го барала нејзиниот сопруг, но без резултати.

На Хуркос му дале едно палто од исчезнатиот. Само што го пипнал тој разбрал дека мажот и се обесил и го кажал точното место на трагедијата.

Потоа по неговото кажување, веднаш полицијата го открила трупот.

Така започнала кариерата на Петер Хуркос како психо-детектив, тој и помагал на полицијата при откривање на исчезнати луѓе, кратци, жртви на криминалци, така што Хуркос ја добил и наградата од полицијата на САД – како и благодарност за услугата направена на париската полиција, како и одличниот Атест од кралицата Јулијана и папата Павле седми.

А, сопствениците на казината во Лас Вегас му укажале друга „чест” и му забраниле да се клади и да игра во нивните казина.

Кога Пиједра Десконе ги измамил и избегал, Хуркос им ја соопшти на Скотланд Јард точната местоположба на неговото скривалиште.

Интересно е да се знае дека Сонцето влегло во Пајак точно во моментот кога се родил Хуркос.

Во моментот кога тој настрадал паѓајки од скалилата кога се случил инцидентот што го променил неговиот живот Сонцето повторно навлегувало во зодијачкиот знак Пајак.

Роберт Левтуик директор на продажбите во Саксонија во Англија, ништо не е помалку познат од Хуркос така што и тој поседува необични способности.

Како ученик тој памтел многу текстови на памет, а и можел да влијае врз учителот, така што место него да испитува друг ученик.

Како возрасен тој дејствувал врз продавачите во продавниците да гледаат во друга насока и така си земал се што си сакал.

Во некои случаи со себе водел и сведок за да ги увери дека навистина поседува натприродна моќ.

Роберт Левтуик исто така се родил во времето кога Сонцето се наоѓало во координатите на Пајакот.

Примерите што ги спомнав докажуваат на многу силно влијание на Пајакот, но мора да се напомене дека Пајакот своето влијание го има во два знака, тоа се Бикот и Близнаците, така што кај дел од Биковите и Близнаците постои можност да поседуваат натприродна моќ и непозната сила, големи психички способности, силна интуиција и дарба за пророкување (предвидување).

Случајно или однапред предодредено во знакот на Пајак е роден и вашиот астролог Илија Бошков – Крајнички (25.05.1961 година), од многумина наречен “Македонски Нострадамус” во документарецот на Македонска Телевизија снимен 1998 година

Во документарецот зборувам за наталната карта на Македонија, но подоцна часот на создавање на Република Македонија кога вратив на 20 часот, кога заврши референдимот, добиц прецизни податоци.

Еве го документарецот делумно зачуван:

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20