АСТРОЛОШКИ ТЕСТ: ДАЛИ СТЕ РОДЕНИ ЗА ЉУБОВ?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Велат: математиката и љубовта не одат заедно, но има некои кои не сакаат само од сметка. Исто така има личности што премногу очекуваат од љубовта, па потоа доаѓа до разочарување. Какви сте вие? дали љубовта ја прифаќате на свој начин, или сте премногу рационални, или пак премногу романтични? Одговорете искрено на поставените прашања и ќе дознаете нешто повеќе за себе.

ПРАШАЊА:

1. На саканата личност и кажувате пикантен виц, а таа останува рамнодушна и не се смее. Што правите?

а) завршувате со приказната и прашувате што се случува;

б) прекинувате на пола кажување и прашувате што се случува;

в) се лутите и кажувате дека не ве слуша никогаш.

2. На другата страна и советувате нешто да направи. Таа тоа го прифаќа, но постапува обратно. Како ќе реагирате тогаш?

а) кажувате: јас реков, ама ти не ме слушаш;

б) ја тешите вашата љубов и не ги споменувате своите совети;

в) се лутите, викате и кажувате дека така морало да се случи кога не сака да ве послуша вас.

3. Саканата личност сака да води љубов, а вас не ви е до тоа. Како се однесувате?

а) глумите главоболка;

б) кажувате дека не ви е до тоа, но тоа не е причина да не постои заемна љубов;

в) се лутите, викате и кажувате дека така морало да се случи кога не сака да ве послуша вас.

4. Ако вашиот партнер има сексуални проблеми, што помислувате вие?

а) се прашувате дали можеби тоа е ваша вина;

б) саканата личност е исцрпена;

в) помислувате дека не ве сака и има нова љубов.

5. Не се согласувате со постарите дома. Дали се лутите?

а) малку, морате да бидете со сите љубезни;

б) ништо не кажувате, но ќе се одмаздите за тоа;

в) правите сцена и се заканувате дека ќе си одите.

6. Во последно време се помалку зборувате, заедно сте и молчите. Кој е виновен за тоа?

а) другата страна, но можеби вашата врска е во криза;

б) секогаш сте двајцата виновни;

в) виновна е само едната страна, впрочем, вие сте пробале.

7. Заедно ја наоѓате Аладиновата волшебна ламба, треба да посакате три желби. Што би посакале?

а) би посакале да ви се остварат две желби, а на другата страна една;

б) дозволувате другата страна да каже две, а за вас останува една желба;

в) барате да ви се исполнат сите три желби само ваши.

8. Кој се однесува полошо во љубовта, мажот или жената?

а) мажот, но честопати тоа се случува и кај жената;

б) тоа е убава битка и секогаш завршува нерешено;

в) мажот не може да се спореди со жената.

9. Што мислите за хобито на вашиот партнер?

а) не се согласувате, но трпите;

б) задоволни сте ако саканата личност се одмора.

в) не сакате никакво хоби, затоа што мислите дека тоа ве одвојува.

10. На некоја забава вашиот партнер веќе подолго време разговара со личност од спротивниот пол. Како се однесувате?

а) тажни сте и би сакале да плачете;

б) и вие барате забава на друга страна за да го направите љубоморен;

в) се вмешувате во разговорот и правите сцена.

РЕШЕНИЕ:

Секој одговор под “а)” носи по 2 бода, под “б)” 3 бода, а под “в)” 1 бод.

Од 25 до 30 бодови:

Ако сте биле искрени, тогаш навистина сте волшебна личност, родена за љубов. С# што работите и допирате се претвора во љубов, разбирање и интимност. Ако еднаш некој ве сретне, не Ве напушта, затоа што Вие сте симбол на совршенство и уживање е да се дели љубовта со Вас.

Од 15 до 24 бодови:

Вие сте чудесна личност и секој би сакал да биде со вас. Немате некоја тешка мана, но понекогаш знаете да ги расипете нежните моменти. Знаете да грешите на симпатичен начин. Карактерот Ви е малку тежок, но тоа брзо се открива. Спротивниот пол знаете да го возбудите и на некој начин секогаш сте нови.

Помалку од 15 бодови:

Вие навистина не знаете што е тоа љубов. За неа треба да се изборите за да стекнете рамноправност во бракот и слободен живот. Немојте да бидете премногу агресивни, седнете и преиспитајте се себе си. Можеби ќе откриете дека кај вас постои некаква грешка која треба да ја исправите во најкраток можен рок.

Подетално што ве очекува во животот, што ви е пишшано, можете да се обратете на

контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20