Ѕвездите и годините
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Го празнувате ли својот 40 – ти роденден? Или пак можеби ви се чини, дека тоа е многу далеку? Во секој случај бројот 40 има своја тежина, носи со себеси авторитет, одговорност и почит.
Околината постојано ќе се вслушува во вашите совети, ако сте на 40 години, а не со 10 помалку, а едвај некој ќе ги земе за сериозни вашите пораки, ако сте на 20 години.
Некои доста драматично го пресретнуваат својот 40 – ти роденден. Дури и се верува, дека тој не треба да се празнува.
Многумина тешко се приспособуваат на оваа своја нова етапа од животот, кога младоста треба да и отстапи место на зрелоста и на самостојноста.
Други, таа возраст ја примаат многу посуштински, радувајќи се, дека ќе бидат примени сериозно од другите и од самиот живот.
Како вие ќе реагирате на мислата, дека наближува(или веќе поминала, или пак е далеку, но сеуште ве чека) вашиот 40 –ти реденден?
Вашиот хороскопски знак, може многу да ви каже за вашата гледна точка кон таа цифра. Можеби вашиот однос е позитивен, макар и сега да ви се чини, дека тоа е неможно.
Овен
Вие ја мразите и самата мисла, дека стареете, но ако го погледнете вашето здравје ќе видите, дека нема причина да се тревожите. Вашата енергија не слабее. Можеби сега ви е неопходен повеќе сон, отколку, кога бевте на 20 години, но тогаш не сте ги имале тие умеења и таа сила. Со секоја измината година вие станувате се посамоуверени, а вашето мнение и принципи се се потврди. Со годините расте и вашиот авторитет, особено ако сте научиле да го држите под контрола вашиот карактер.
Бик
Вие се плашите, дека вашиот надворешен изглед ќе избледнее, но би требало да знаете, дека вашата привлечност е токму во тоа . Вие по карактер сте пријатна и разговорлива личност, а тоа не може да се изгуби со годините. Луѓето родени под знакот на Венера никогаш не ја губат способноста, да можат да ги прават другите луѓе среќни. Со текот на годините изгледот може да ви се измени, но вие секогаш ќе бидете впечатливи. Здравјето ви е добро и за долго време ќе го зачувате вашиот витален изглед. Мелани Графит, чијшто асцедент е во Бик веднаш изјавила: Не кријте ги годините, туку спротивставувајте им се”. Бикот пред се е знак со здрав разум, којшто пред се ја цени стабилноста и затоа се чувствува многу подобро во својата кожа на 40 години, отколку во својата прва младост.
Близнаци
Повеќето претставници на овој знак, доста тешко го примаат стареењето, но поради вродената интелегенција и аналитичните способностои, сепак успеваат да го примат разумно овој неодминлив факт. Би требало да погледнете на овој проблем од друг аспект: со текот на овие години ќе имате повеќе пари, повеќе слободно време и ќе можете да си дозволите да ги правите некои нешта, што не сте можеле да ги правите, кога сте билке млади. Освен тоа вие имате нешто, што не стареее со текот на годините: тоа е вашата отворена природа и вашата сестраност. Се додека учите вие не можете да ја изгубите вашата ментална и вербална елеганција, што се ваша суштина. Никој нема да претпостави на колку години сте.
Рак
Мерил Стријп ги изненадила сите со својата улога на средновековната Франческа во филмот “Мостовите на Медисон”. Таа го објаснува својот успех во таа ролја со фактот, што секогаш си го претставувала и обожавала своето лице, како повозрасна жена. Тоа може да се каже за повеќето Ракови, коишто дури ги користат своите трауми од младоста, за да го направат подобар својот зрел период во животот. Сите Ракови имаат силоно изразен родителски инстикт, живеат со грижа за другите и се реализираат себеси, кога ќе станат глава на семејството. Оваа улога Ракот ја игра особено добро во своите позрели години, кога е помудар, поавторитетен и неопходен на сите. Благодарение на таа своја умешност и на својата материјална сигурност што ја носат годините, децата на Месечината стануваат посмирени и посреќни.
Лав
Во еден момент од сознавањето на својата зрелост, Лавот сигурно ќе биде шокиран и деморализиран, кога ќе разбере, дека веќе не е „најсаканото момче (девојче)”. Но ако искрено си признаете себеси ќе видите, дека, како ветеран, вие сте победник речиси во сите останати области. Сте стекнале уважување, почит, луѓето ги слушаат вашите совети, како што отсекогаш сте сакале. Сте се спремиле за голем пост, но тоа ретко се случува, пред да ви обелат косите. Лавот мрази да се наоѓа во смешна положба, да греши пред ппубллика, а со текот на годините, тоа му се случува поретко.
Девица
Меркуровото влијание ја изразува својата склоност кон прекумерни анализи на се, вклучително и на она, што го дава Девицата. Поради тоа наполно е возможно Девицата да биде обеспокоена или речиси избезумена од лудото бегање на годините. Слава Богу овој чувствителен знак, веднаш успева да се справи со проблемите, па така е и во овој случај. Всушност тука и нема што друго да се прави, освен да се използува зрелоста на годините на најдобар начин за напредување, за започнување на деловен бизнис, за грижење за здравјето и за финансиската состојба. Обично Девиците, пред другите се среќаваат со своите животни промени и следствено на тоа први можат да извлечат корист од нив.
Терезија
Вам секој нов роденден ви тежи, зашто претходно не размислувате за ситуацијата. За Терезиите, особено важно е мислењето на другите за нив. Тие постојано се плашат од губење на својата убавина, привлечност и на големиот љубовен роман. Но веројатносата да се случат тие нешта е мала. Венера се погрижила вашата проивлечност и убавина да бидат дел од вашата личност. Вам ви останува да се погрижите за вашата телесна тежина, којашто со текот на годините може да се претвори повеќе во здравствен, отколку во естетски проблем. Терезиите треба да одделат малку повеќа време за знаењето, макар и да не се пристрасни кон науката.
Скорпија
Вие се доживувате премногу сериозно. По пророда, постојано се грижите за нешто и се гледате откај потемната страна. Треба да гледате со малку повеќе хумор на проблемот на стареењето. Треба на нештата да гледате со повеќе верба и светлина кон иднината. Искористете ја својата аналитична способност за да ги решите и овие проблеми. Навистина ли сакате да се вратите во младоста и повторно да го живеете тој емоционален хаос? Сигурни ли сте, дека сакате се да започнете од почеток, да се борите повторно за работата, да живеете со многу помалку пари отколку сега? Одвај ли? Тоа го чувствувате со целата ваша мудрост и длабочина кон која тежнеете и знаете, дека сега ви е многу подобро, отколку пред пет гпдини, а после пет ќе се чувствувате многу посигурно и покомфорно.
Стрелец
Исто како и близнаците и вие сте знак на младоста, па со првите признаци на младоста можете да осетите нерасположение, што ќе помине, кога на проблемот ќе погледнете со вашиот вроден оптимизам. Вие имате вродено чувство за хумор, а тоа е дар, што никогаш нема да ве напушти. Треба да знаете, дека се додека тежнеете кон својата отвореност, заинтересираност, разностраност, вие ќе изгледате и ќе се чувствувате многу помлади, отколку вашите врсници. Бидејќи, Вие ги цените мудроста и знаењето, би тебало да сте задоволни што зрелоста ви дава можност да учите и да разбирате многу повеќе, отколку, кога сте биле млади.
Јарец
Овој Сатурнов поданик е симбол на зрелост. Тој не обраќа многу внимание на оние, коишто жалаат за својата младост, бидејќи на својата 40 – та годнина, Јарецот се чувсвтува сосема, како во свои води. Тоа е неговата природна состојба, се му е познато и среќен е, додека другите запаѓаат во депресија, кога ќе ги видат своите први бели влакна. Бидете искрени кон себеси: во младоста никогаш не сте се чувствувале така комфорно, секогаш сте биле позрели од своите врсници, посконцентрирани и точно сте знаеле, што сакате од животот, додека другите ви ги загорчувале деновите, нарекувајќи ве чичко или тетка. Всушност професорите и повозрасните секогаш повеќе ви се допаѓале и ги одобрувале вашите мисли. А сега, кога другите не можат да ја осознаат реалноста и трчаат да заработат пари, да ја зацврстат својата положба, за вас сето тоа е одмината етапа. Се држите под контрола и живеете така, како што сте си ги испланирале нешатата.
Водолија
Водолијата е уште еден знак на младоста, но поразличен од Близнаците и од Стрелците. Вашиот ум останува вечно млад, благодарение на творештвото и на иновацијата, а не на незрелоста. Не се грижите многу, но грижите сами ќе ви се наложат: ќе треба да се одмарате повеќе, да внимавате, како се храните и во колкави количества внесувате храна. За се друго останато годините можат да ви донесат само корист. Вие сте во добра умствена форма и емоционално сте стабнилни. Тежнеете кон внатешна сигурност, осознавајќи, дека нема од што да се плашите, освен од самиот страв.
Риби
За вас стареењето претставува период исполнет со стравови, којшто, дури и не сте во состојба да го изразите со зборови. Сконцентрирајте се врз своето здравје и финансии. Кога ќе го направите тоа ќе видите, дека нема место за паника. Со текот на годините вашите способности, сожалувањето и сочувството ќе бидат поизразени, позадлабочени, појаки и ништо нема да се промени. Вие сте собрале мудрост, умеење, остроумие, коишто треба да ги споделите со другите. Не заборавајте, дека сега луѓето ќе можат повеќе да искористат од вашата добронамерност и од вашето рамо на коешто можат да си поплачат. Како зрели луѓе, вие треба да знаете, кого треба да го избегнувате, за да не потпаднете повторно на оние бескруполозни личности, коишто во младоста го користеа вашето срце. Риби, вие не сте постари, туку понови и подобри.