КАРМИЧКА АСТРОЛОГИЈА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува Илија Бошков- Крајнчки

ДА МУ СЕ ВРАТИМЕ НА МИНАТОТО, ЗА ДА ОСОЗНАЕМЕ КОИ СМЕ

Отсекогаш човекот го интересирал „оној“ свет односно, дали живееме после смртта и дали сме живееле пред раѓањето.

Верувањето во изминатите и идните животи, главно, го пропагирале свештениците од разни вероисповеди, а официјалната наука тоа го отфрлувала, како нешто што не постои.

Сепак и целата наука, односно научниците не можеле да останат настрана од нешто, што се протега како легенда низ вековите.

Во изучувањето на минатите животи прва тргнала астрологијата, а денес веќе и одделни гранки на психологијата.

Збирот на непознатото, настанато како резултат на нашите минати животи се нарекува КАРМА, а гранката на астрологијата, што се занимава со изучувањето на кармата се вика кармичка астрологија.

Кармичката астрологија дава можност да го сфатиме својот живот во минатото и иднината, зашто секој од нас го одбрал времето на своето раѓање, ги одбрал своите планети за токму тие планети да не научат на нешто ново, што во минатиот живот сме го пропуштиле.

Ние сега во својата свест, само не се сеќаваме на изминатите активности. Иако не се сеќаваме на минатите животи, дадена ни е можност да го поврземе својот минат живот со сегашниот, да ја согледаме својата мината и сегашна свест.

Тоа се два показатела на нашата натална карта. Тоа се Северниот и Јужниот јазол, а уште поголем показател е самата положба на Месечината, односно во кој знак и куќа се нашла во моментот на раѓањето.

Положбата на Месечината ни ја покажува суштината на минатите животи и збирот на искуствата, што сме ги стекнале, а од друга страна, ни го покажува патот кон освестувањето и достигнувањето на повисоките нивоа на свеста во сегашниот живот.

Месечината е планета на емотивни подеми и падови. Таа ни дава можност на некој начин да ги вратиме долговите за минатите животи, односно долгот за минатата незрелост.

Со правилното прифаќање на она, што ни го дава Месечината можеме тој дел од работата да го “одработиме” без поголеми тешкотии.

Положбата на Месечината во моментот на раѓањето:

МЕСЕЧИНАТА ВО ОВЕН

Месечината во Овен зборува, дека треба да се насочите кон емотивната независност, зашто во минатиот живот сте верувале, дека потребите на другите се поважни од вашите, сте биле емотивно нерешителни и зависни од другите. Сега ви се укажува можност да се осамостоите, прво себе си да се сакате и цените и храбро да се борите со одредени пречки. Во која област сте биле најмногу врзани за другите, ќе ви покаже куќата во која се наоѓа Месечината. Ако е тоа првата куќа значи, дека како индивидуа сте биле неспособни да се соочите со било кои тешкотии и дека постојано сте паѓале во емотивни кризи и едноставно сте лутале без цел во себеси. На пример, ако Месечината е во куќата на финансиите, значи дека сте биле неспособни самостојно да управувате со парите, па дури и својата заработка сте ја трошеле за да ги задоволите другите, а вие сте останувале без скршена пара за своите потреби. Значи, во тоа поле најмногу сте страдале. Така можете сами да погледнете во која куќа ви се наоѓа Месечината, што ве упатува на полето, што е најважно по прашањето на кармата. Така, положбата на Месечината во Овен ви дава храброст да се впуштите во решавање на овие работи и да го елиминирате стравот од неуспех. Затоа соочете се храбро со себе си, зашто избегнувањето повеќе не се исплатува. Со преземањето на одговорноста животот ќе ви биде поубав и поуспешен.

МЕСЕЧИНА ВО БИК

Крајно време е емотивно да созреете, зашто во минатиот живот сте биле емотивно нестабилни, сте доживувале од големи страдања до големи радости, но тие радости биле краткотрајни и сами себе сте си го комплицирале животот. Сте се однесувале расипнички, како на сопствената енергија, така и на материјалните добра. Во сегашниот живот ви се укажува можност да се приземјите и работите околу себе да ги согледувате пореално. Треба повеќе да ги цените материјалните добра, и своите и туѓите, а исто така многу повеќе да и се посветите на работата и на здравиот контакт со луѓето. Емоциите користете ги но, како составен дел на здравиот разум. Постојаноста, истрајноста и спојот на идеалите и практиката за вас, сега се од голема важност, зашто вашето духовно битие, треба да се манифестира низ работата. Кога ќе почувствувате замор или незадоволство, издвојте десетина минути за лесни јога вежби.

МЕСЕЧИНА ВО БЛИЗНАЦИ

Во минатиот живот сте имале проблеми во врска со комуникациите со другите луѓе. Сте се поставувале авторитетно, не почитувајќи ги комромисите и разменувањето искуства и знаења низ комуникациите. Сте биле склони да ги обвинувате другите, дека не ве разбираат, зашто длабоко во душата сте биле емотивни. Комуницирањето често се сведувало на тоа да го кажете, она што не го мислите и така не сте биле прифатени од луѓето околу себе. Месечината сега ви зборува, дека е време да ги исклучите самоволието, посесивноста и своите здрави емоции да ги искажете со зборови, за луѓето да ве разберат, а вие самите да си ја олесните психичката состојба. Мора да се соочите со својот внатрешен став, дека ќе бидете отфрлени и успешно да го надминете, за вашиот живот да функционира меѓу луѓето и со нив. Треба да ги разберете другите за и тие даве разберат вас.

МЕСЕЧИНА ВО РАК

Вашата главна задача во овој живот е постојаноста и тоа првенствено на емоциите. Во минатите животи сте биле емотивно нестабилни и површни. Сте биле склони на другите да им нанесувате болка, исклучиво поради својата незрелост и непостојаност. Семејството било запоставено од ваша страна, а и другите блиски личности немале ваша поддршка и внимание. Сте живееле за лично краткотрајно задоволство. Време е таа мината непостојаност да ја преправите во цврстина и од себеси да градите силна личност, подготвена на другите да им даде поддршка. Треба правилно да ги сфатите семејните односи и воопшто обврските кон семејството. Треба да сфатите, дека тие се дел од вас, треба да им помагате и да им давате поддршка. Да не ги осудувате своите слабости, туку да ги прифатите, како посилна страна на вашата личност. Вашата задача во овој живот е посветување на семејството и домот и на се што може да го разубави вашиот дом. Пречувствителноста треба да ја елиминирате, за да не го расипувате расположението на другите луѓе околу себе, зашто вашата сегашна мисија е посветеност на околината.

МЕСЕЧИНА ВО ЛАВ

Во минатите животи, љубовта сте ја трошеле насекаде околу себе, а сега е време таа емотивна енергија да ја насочите кон определени луѓе и области од животот, што се значајни за вас. Трошењето на љубовта во минатите животи е одраз на емотивната слабост и страв од осаменост. А сега е време емотивно да зајакнете, да стекнете самопочитување и луѓето околу себе да ги гледате многу пореално и со помалку емоции, а особено онаму, кадешто ако искажете емоции, можете да бидете повредени. Со изградбата на самопочитување ќе бидете подготвени да укажете многу поквалитетна и посилна љубов, која ќе ви биде возвратена, ако ја насочите на вистинско место. Со ваквата положба на Месечината ви се укажува можност без големи напори да ги спознаете вистинските вредности и вистинскиот шеф за вашата љубов и емоции.

МЕСЕЧИНА ВО ДЕВИЦА

Во минатиот живот сте живееле во голем расчекор меѓу идеалите и романтичните претстави за животот. Вашата емотивна страна трпела, поради вашиот претеран идеализам, но не сте имале сила својот живот да го поставите цврсто на земјата. Сега имате внатрешен страв, дека другите ќе ги искористат вашите слаби точки, па често се преправате, дека сте рамнодушни и резервирани. Сето тоа е причина за повреденоста од минатите животи, кога сте биле склони да се потпирате на другите. Во сегашниот живот, треба да научите, дека нема потреба да се потпирате на другите, туку дека е важно да се потпрете на себеси и да се прифатите со сите слабости и недостатоци. Кога ќе се прифатите, какви што сте и ќе бидете задоволни од себеси, ќе можете рамноправно да се поставите спрема другите, не критикувајќи ги за се и сешто. Со самото тоа односите ќе бидат поздрави и поуспешни и посреќни. Во овој живот ви се укажува можност за приземјување, стабилизација и поинаков поглед на животот, уживајќи во малите работи, што ги носи истиот тој живот.

МЕСЕЧИНА ВО ТЕРЕЗИЈА

Во минатиот живот сте имале проблеми во односите со луѓето, а најмногу во односите со личностите од спротивниот пол. Сте биле склони погрешно и неправедно да се однесувате кон луѓето. Многу сте земале, а не сте давале. Тоа сте го сфатиле, како нешто што мора да биде така и кога сте биле оставени сте ги обвинувале другите, а не сте можеле да сфатите, дека грешката е во вас. Така, во сегашниот живот имате ирационален став и недоверба во луѓето. Треба да влеете сила во себеси и без страв да стапите во контакт со луѓето не барајќи тие први да ви подадат рака. Треба да се научите на праведности, да мерите со исто мерило и за себеси и за другите и да им дозволите да станат активен дел од вашиот живот, со тоа што ќе им го давате, но и барате, она што вам лично ви е потребно.

МЕСЕЧИНА ВО СКОРПИЈА

За вас овој живот дава потполно нови искуства, зашто во минатиот живот сте доживеале големи искуства на сите полиња. Сте имале доста загуби и тоа особено на мили и блиски личности. Поради тоа треба да внимавате во овој живот да не одите во друга крајност, така што на разни начини ќе манипулирате со блиските луѓе со цел да ги задржите само за себе. Во изминатиот живот не сте се одликувале со голема емотивна сила, така што сега сте премногу емотивно силни и имате голема моќ на интуиција. Треба само да внимавате да не ги малтретирате послабите од себе, за да не враќате “долгови” во наредните животи. Интуицијата ви дава чувство на задача и чувство на тоа, по која патека би требало да тргнете. Пред вас има многу разни, заплеткани ситуации, каде морате да ја освестите својата внатрешна сила. Овој живот ви дава и поголема сила и проширување на хоризонтот.

МЕСЕЧИНА ВО СТРЕЛЕЦ

Во минатиот живот сте биле патријахални, затворени. Повеќето личности со ваква положба на Месечината потекнуваат од изразито традиционалистички земји. Донекаде сте биле догматист, верувајќи дека целиот живот треба да функционира, според вашите замисли. Не сте имале разбирање за луѓето, кои живеат со поинаков начин на живот од вашиот. Поради тоа често сте биле осамени. Овој живот ви дава можност да ги разбиете своите предрасуди за начинот на живеење и луѓето да ги прифатите такви, какви што навистина се. Разбивањето на сите видови предрасуди и ширењето толеранција е нешто, што е одредница на сегашниот живот, па и животните искуства ќе ве водат во таа насока. Во овој живот, треба да посветите внимание на патувањата во различни краишта, за да ги проширите хоризонтите. Кога ќе стекнете нови искуства и ќе ги елиминирате предрасудите, ќе ја сфатите убавината на живеењето. Насекаде околу вас ќе има живот, а вие ќе бидете дел од него.

МЕСЕЧИНА ВО ЈАРЕЦ

Вам во минатиот живот ви недостасувала љубов, односно вие ни сте ги сакале луѓето, ниту сте ги разбирале. Не сте поднесувале ничиј авторитет и често сте биле осамени, што и не ви паѓало тешко. Тоа донекаде се одразува и во сегашниот живот, зашто имате страв од тоа, дека луѓето ќе ве контролираат и искористуваат. Поседувате голема одговорност, но таа одговорност преминува во студенило, така што не сте многу омилени во друштво. Сегашниот живот е живот, кога треба да осознаете, дека да се биде одговорен не значи да сте студени и дистанцирани. Треба, што повеќе да им се приближите на луѓето, да ја симнете студената маска и да соработувате со нив. Оваа позиција на Месечината ве учи, дека треба да бидете објективни, чесни и да им покажете на луѓето околу себе, дека ви се потребни. За да успеете во мисијата, што е определена за вас, треба прво да се научите на трпеливост, истрајност и флексибилност. Тоа за вас е тежок пат, но ако тргнете ќе ви се исплати. Треба да им помагате на луѓето, а исто така и да барате помош за да бидете целина на човековата заедница.

МЕСЕЧИНА ВО ВОДОЛИЈА

Ваквата позиција на Месечината укажува, дека во изминатите животи сте биле мошне љубоморни и посесивни. Не сте биле склони кон искажување на емоциите од страв да не би биле отфрлени. Својата љубомора и посесивност сте ја манифестирале кон послабите, така што сте управувале со нив, а и во семејството сте биле глава, заради што се морало да се одвива, според вашите барања. Во овој живот Месечината ви укажува, дека мора да ја елиминирате љубомората и стремежот за поседување на оние, кои што ги сакате. За да напредувате морате да ги почитувате другите, да ги цените нивните желби и да воспоставувате контакти на рамноправна основа. Во овој живот ќе бидете подложни на разочарувања во личностите од спротивниот пол, зашто малку ќе им давате, а многу ќе барате. Се додека не научите повеќе да давате, а помалку да земате, ќе доживувате љубовни неуспеси. Лекцијата, што морате да ја научите во овој живот не е ни малку лесна, но со многу напори ќе успеете, зашто секој долг мора да се врати, па и оној за минатиот живот.

МЕСЕЧИНАТА ВО РИБИ

Во минатиот живот вие, како да сте биле оперирани од емоции. Емоциите и препуштањето на нив претставувало слабост во системот на вашето сфаќање за животот. Во овој живот Месечината ви дава можност да им се препуштите на емоциите, за да ја согледате другата страна на животот и неговата содржина. Сте биле мошне самоволна личност, мислејќи дека сте доволни самите за себе. Сега треба да научите, дека се припаѓа на нешто и дека сите ние сме дел од едно, дека е потребна емотивна одговорност. Треба да дознаете, дека и другите вредат и заслужуваат да се сакаат и дека им е потребно внимание. Морате да сфатите, дека ако некого сакате тоа не е понижувачки, ниту пак е нарушување на угледот, туку големина на животната радост, која сите сакаме да ја почувствуваме. Затоа слободно препуштете им се на емоциите, за да сфатите, што дава животот. Иако некогаш е болно, и тоа е успех вреден на дадениот живот.

Подетално што ве очекува можете да се информирате на

контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20