ГЛЕДАЊЕ НА ГРАВ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Подготвил: Илија Бошков – Крајнички

Гледањето со грав е една од најстарите методи за прорекување. Точното нејзино потекло не може да се одреди. На Балканот најмногу е распространето, иако кај нас не се практикува многу.

Сепак, се надеваме дека кај наште читатели ќе предизвика љубопотност, самите да се обидат, со помош на гравот, поточно гравчињата, да ѕирнат во иднината, во настаните што се следат.

Ова е интересна метода, на многу од вас можеби ќе им помогне подлабоко да навлезат во овој начин на прорекување, да станат специјалисти за гледање на грав.

Како и да е, ќе ви помогне добро да се забавувате со пријателите, бидејќи самото толкување најмногу се однесува за љубовта и настаните на емотивно поле.

Во зависност од вашата верба и енергијата што ќе ја вложите, како и концетрацијата, такви ќе бидат и резултатите од гледањето. Многумина им веруват на гравчињата, велат дека имаат силно зрачење и точно толкување.

Но, не треба премногу сериозно да го земете толкувањето, гледањето пред се земете го како забава. Единствено што ви е потребно е да земете 50 зрна грав или 50 гравчиња. Значи се гледа со 50 гравчиња.

Не е лошо гравчињата да ги зачувате и за понатамошно гледање, не се препорачува да ги употребите за приготвување на храна.

Се гледа на следниот начин:

Се земаат 50 гравчиња, потоа и се даваат на личноста што треба да и се гледа во рака да ги држи десеттина секунди, додека духовно да се смири и сконцентрира. Енергетски гравчињата да се прифатат.

Потоа ги остава на маса и ги врти 3 пати во правец на стрелките на часовникот со левата рака.

Од купот едно гравче се одвојува на горната десна страна (тоа е личноста на која и се гледа). Потоа се дели купот на три дела.

Од секој дел се двојат по 4 гравчиња да остане број од 1 до 4

– Од првото купче повторно се одвојуваат три дела. Истата постапка се повторува 3 пати. Потоа се толкува добиената комбинација:

На пример се добива комбинација: 3-1-2; 1-4-2; и 1-2-3.

Првиот број е 3-1-2, е личноста на која и се гледа.

Вториот број 1-4-2, означува случувања во комуникации со пријатели и познаници

Третиот број 1-2-3, е духовната и емотивна страна на личноста на која и се гледа.

ЗНАЧЕЊЕ НА КОМБИНАЦИИТЕ ПРИ ПОДЕЛБА НА ГРАВИЧИЊАТА

1-1-1. Не очекувајте вести кои пријатно ќе ве изненадат и ќе ви го подобрат расположението.

1-1-2. Можен е глас па дури и средба со личност со која одамна не сте се виделе, а тоа потајно сте го посакувале.

1-1-3. Ќе ви се јават ненадајни проблеми на работа, со колеги или со претпоставени (шеф, газда, директор). Оваа ситуација ќе ве исплаши или вознемири.

1-1-4. Ќе ви се понуди патување поврзано со работата.

1-2-1. Ќе бидете поканети на патување, кое ако го одложите ќе зажалите, бидејќи ве очекувааат убав настани и познанство со интересни.

1-2-2. Една драга личност која подоло време не сте ја виделе, можно е да ве посети.

1-2-3. Убави случувања на работното место, можна е промена која одамна ја посакувате, можно е напредување.

1-2-4. Ако ја искористите поволната ситуација на работа може е да ви донесе неочекувано голем успех.

1-3-1. Вашата работливост нема да остане незабележана, можно е да добиете одлична понуда за работа. Доколку не сте вработени можна е понуда за работа за која одамна сте мечтаеле.

1-3-2. На работното место и во работната средина не бидете лесноверни и наивни, бидејќи некој може да ја искористи вашата наивност и да ве злоупотреби, со што ќе ви наштети.

1-3-3. Глас кој подолго време го очекувате поврзан со: работа, вработување, бизнис… – коненечно ќе ве израдува.

1-3-4. Поволни промени на работа кои ќе ви донесат сигурност и можност за поголема печалба или зголемување на личниот доход.

1-4-1. Личност на која и верувате можно е да ве разочара, бидејќи ќе ви создаде непријатности ќе ви создаде интриги проследени со караници.

1-4-2. Очекувајте лоши вести и непријатности кои во голема мера ќе ве вознемират.

1-4-3. Стресни ситуации и проблеми ќе ве следат во блиска инднина, за среќа надвор од домот и семејството.

1-4-4. Сосема случајно ќе слушнете званична и многу важна вест од јавен карактер.

2-1-1. Доста непријатно, дури и посрамено ќе се чувствувате при ненадајна и неочекувана средба со една важна личност.

2-1-2. Личноста за кое подолго време размислувате и ја посакувате мисли и зборува за друга личност.

2-1-3. Не е лошо да ја проверите саканата личност, можно е да ве изневерува.

2-1-4. Кога најмалку очекувате, пријатно ќе ве изненадат убави вести од саканата личност.

2-2-1. Ви престои средба со личност во униформа, од која може да се изроди во убава романса.

2-2-2. Ќе слушнете непријатна вест за загуба на личност, која можеби не е од семејството, но која ќе ве растажи.

2-2-3. Во блиска иднина можно е да запознате нова личност, познаството које може да премине во страсна и убава романса. Можно е заљубување.

2-2-4. Средбата со личност со која треба да се видите, за вас ќе биде важна и од големо значење.

2-3-1. За краток период очекувајте исполнување на сите ваши желби и остварување на сите надежи или барем на повеќето од нив кои за вас се од животно значење.

2-3-2. Личноста која ја размислувате и ја сакате исто така мисли на вас и ве сака многу повеќе отколку вие неа.

2-3-3. Сосема неочекувано, ненадајно ќе ве посети личност која ви е драга и сакате да ја видите. Не се збунувајте и не се возбудувајте.

2-3-4. Ќе ве изненади прекрасен и вреден подарок.

2-4-1. На работа се можни непријатности поврзани со пари. Бидете внимателни можни се загуби, проблеми со финансиите, проблеми кои ќе ви донесат грижи..

2-4-2. Вашете вредно и одговорно работење ќе вроди со плод, ве очекува убав паричен добиток.

2-4-3. Една добронамерна личност веќе подолго време ве размислува и планира да ве посети, да ви дојде на гости.

2-4-4. Ќе сретнете личност која е надвор од државата и која ќе ви се додворува, опсипувајќи ве со внимание и љубов.

3-1-1. Женска личност во која подолго време се сомневате дека е дволична кон вас, ќе ве налути. Обидете се да се исконтролирате.

3-1-2. Пред вас се појавува нова личост кон која нема да останете рамнодушни. Нова личност и можност за нова љубов. Искористете ја!

3-1-3. Ќе ве растажи и вознемири загубата на ваша блиска и драга личност.

3-1-4. Бидете внимателни бидејќи ви се заканува сериозна опасност од секаков вид.

3-2-1. Внимавајте надвор од домот, посебно во сообраќајот, можна е несреќа или физичка повреда со поблаги последици.

3-2-2. Личноста на која постојано мислите и ја сакате, ве сака и размислува за вас.

3-2-3. Личност која не ја познавате ќе ве покани на љубовен состанок, многу и се допаѓате.

3-23. Ќе слушнете не убави гласови за себе, не ги земајте многу при срце, некој ве оговара.

3-3-1. Ќе ве ражалости и вознемири заминувањето на личност која ви значи и ја сакате (ќе ви раскине, дечкото, девојката)

3-3-2. Ако сте во можност избегнете ги кавгите и непријатностите кои ве очекуваат.

3-3-3. Ќе блескате од среќа, поради возвратената љубов од личноста која ја сакате.

3-3-4. Веселба или венчавка во семејството или за вас, доколку не сте мажена – женет. Може да ве изненади неочекуван подарок од саканата личност, партнерот.

3-4-1. Личноста со која сте во врска, секојдневно ќе ја зацврстува и покажува љубовта кон вас.

3-4-2. Не се опуштајте зборувајќи за себе пред личности кои не ги доволно познавате.

3-4-3. Некоја работа или активност за која се надевате дека ќе биде во ред, ќе ве разочара.

3-4-4. Партнерот со кој што сте и со кој сакате врската да успее ви е верен.

4-1-1. Многу брзо ве очекува голема и значајна животна промена за која не сте ни сонувале, а која за вас ќе биде повеќе од добра.

4-1-2. Ќе ве вознемири болеста на една личност од вашето семејство, но не кревајте паника, се ќе заврши добро. Минливо е!

4-1-3. Кога најмалку очекувате ќе избувне љубовна караница со партнерот.

4-1-4, Не трудете се околу личноста која сакате да ја освоите, таа не е заинтересирана за вас.

4-2-1. Подгответе се за убави гласови и комплименти кои ќе ги слушнете за саканата личност.

4-2-2. При средба со некоја личност или телефонски разговор ќе дознаете дека некоја драга личност е болна.

4-2-3. Треба да донесте одлука за некоја работа, не брзајте со донесување конечен заглучок, оваа ситуација бара сериозно да размислите и да и се посветите.

4-2-4. Доколку сте лути или скарани со саканата личност не грижете се тоа е минливо, наскоро ќе се смирите.

4-3-1. Ве очеува проблем за кој во почетокот ќе мислите дека е нерешив. Не ја губите надежта, бидејќи проблемот ќе биде решен.

4-3-2. Подгответе се за подолго патување. Доколку вие не заминете можно е да ви дојде личност од далеку.

4-3-3. Личноста за која подолку време мечтаете и ја чекате конечно ќе дојде.

4-3-4. Убав настан , веселба, прослава во домот

4-4-1. Можна е кавга во домот со некој од родителите. Внимавајте да не избрзате, некого да не навредите.

4-4-2. Ви се восхитува личноста што ја сакате. Едноставно ве обожава.

4-4-3. Очекувајте многу брзо да ви се јави или можеби и да се сретнете со старата голема љубов.

4-4-4. Личноста во која сте вљубени и ја сакате постојано мисли на вас.

Подетално што ве очекува, можете да се информирате во редакцијата на контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1,500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20