АСТРОПРОФЕСИЈА – ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈАТА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Астрологијата и астропсихологијата можат да Ви помогнат при изборот на професија. Секој човек не може да работи сe, и во некои работи го бива повеќе отколку во другите. Наклонетоста кон една или кон друга професија е вкодирана во секој зодијачки знак со самото раѓање на човекот.

Статистичките податоци покажуваат дека во секоја професија има голема група луѓе родени „под една иста ѕвезда“, кои се поставени под влијание на иста планета.

ОВЕН

Целосно се под влијание на планетата Марс. Претставниците на овој знак можат да бидат добри во професии кои се поврзани со оганот или железото. Овните се исклучително добри војници и војсководци, и се подложуваат на дисциплина. Затоа секогаш треба да бараат занает или професија поврзана со железо или оган. Овните се добри раководители, не трпат подредена улога, а најчесто ги среќаваме на раководните, шефовски места. Склони се кон чести промени на професијата, кон конфликти со претпоставени, што им создава пречка да стасат до највисоките функции. Попат водат непотребни битки. Треба добро да ја запомнат поговорката „Кучињата лаат, а караванот си врви“.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

БИК

Во прегратките на Венера, Биковите се создадени да творат, создадени за уметноста, создадени да создаваат големи дела. Но, како земјен знак може да се насочи и кон професиите поврзани со почвата. Тие се одлични градинари, декоратери во куќата или градината. Бикот е добар земјоделец, но и добар музичар и економист, па и банкар. Биковите се родени за уметност, особено за музика. Повеќето од нив имаат исклучително убав глас и се познати пеачи. Најмногу ги привлекуваат парите; способни се да ги создадат и да ги сочуваат, можат да бидат одлични благајници; многумина ги сметаат за скржавци. Ретко ја менуваат професијата, верни се и чесни кон фирмата, добри работници и организатори.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

БЛИЗНАЦИ

Под влијание на Меркур, Близнаците се предодредени за средствата за комуникација, за преговори, за дипломатија. Близнаци најмногу ќе најдеме во медиумите, но и во пропагандата, во разни општествени, но и во невладини организации. Близнаците се одлични трговци, со голема умешност за убедување. Во астрологијата владеат со интелектуална енергија (меркуровски типови – Меркур е најблиска планета до Сонцето, позната како „гласник на Боговите“). Близнаците ретко се задржуваат само на една работа или една професија, обично во исто време работат повеќе работи или градат кариери во повеќе области. Тоа се личности кои прават најмногу промени во работата или професијата. Ако се насочат кон една работа, можат да постигнат врвни резултати.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

РАК

Припадниците на овој знак не се носители на енергијата и на динамиката, и обично родителите им ја избираат професијата. Кога се во прашање родителите, тие им се многу приврзани, се добри извршители, но многу зависат од нив. Ако еден од нивните родители има семеен бизнис, фирма, може да смета дека неговото дете – без разлика дали син или ќерка – ќе го продолжи семејниот бизнис и традицијата. Раковите најмногу ги привлекува храната, и се добри гурмани, но и добри готвачи. Освен храната, ги привлекуваат и облеката, децата и животните. Можат да се пронајдат во угостителството, трговијата и услужните дејности, но и во фирмите за недвижнини. Добри актери се, но и добри наставници или професори. Како колеги и шефови се напросто одлични, а кон колегите и сороботниците се однесуваат мајчински или заштитнички. Во многу случаи, со партнерот градат заедничка кариера.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

ЛАВ

Лавовите имаат силно чувство на самопочит и заљубеност во себе од кое не можат да се ослободат. Секогаш настојуваат да се покажат, да “блеснат” во друштвото. Лавовите се добри раководители, но само ако имаат одврзани раце. Тие се под влијание на Сонцето и ги привлекува се што блеска (злато, дијаманти). Лавовите се родени бижутери. Не трпат подредена улога, и лоши се како работници или потчинети, Секогаш се обидуваат да се најдат на раководно, шефовско место. Од колегите и соработниците постојано очекуват да им се восхитуваат и да ги опслужуваат. Најмногу можат да се пронајдат во уметноста, во сликарството, особено во глумата; нивното однесување во голема мера е театрално, и знаат работите драматично да ги пренесат. Убедливи говорници се, добри политичари – кои знаат да стасаат до крајната цел или највисоката функција.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

ДЕВИЦА

Под влијание на Меркур, Девиците имаат наклоност кон интелектуалните професии, како и кон опшествените. Но, кога се под влијание на Сатурн, реакциите ретко им се брзи и енергични. Девиците се добри во професиите во кои што се бара прецизност, но не и брзина. Добри се за медицина, фармација, статистика, книговодство, архиварство, библиотикарство; можат да бидат и добри часовничари. Девиците се добри колеги и соработници, но не можат да се снајдат на раководни шефовски места. Премногу бараат од другите, обрнуваат големо внимание на деталите; како шефови не ги сакаат вработените, не се еластични. Тешко започнуваат нова работа, верни се на фирмата и на работата. Имаат вродена трема и срамежливост која им пречи да постигнат поголеми успеси, па и да дојдат до крајната цел.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

ТЕРЕЗИЈА

Под влијание на Венера, а во помала мера и на Меркур, блескаат со шарм и дарба за убедливост. Мајстори се работите да ги “исфилуваат”, да работат со ракавици. Одлични извршители се, но и добри детективи и истражни судии и адвокати. Најдобри се во маркетинг-агенциите, одлични се на местата каде што се остваруваат многу контакти и каде обилно се комуницира, а често се среќаваат во владини и невладини агенции. Терезиите ги среќаваме како трговци во луксузни продавници, меѓу адвокатите, каде доаѓа до израз нивниот ораторски талент (дарба за говорништво). Одлични политичари се, со голема харизма и убедливост, тие умеат да ги повлечат масите по нив. Со нив, како и со Близнаците, ретко можете да бидете начисто – склони се кон чести промени на работата и професијата. Не барајте ги на местата каде што треба да се запне, каде што човек мора да се испоти.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

СКОРПИЈА

Скорпија многупати означува агресивност, дури насилност до крајни граници. Можете да ги најдете на местата каде што заминува душата, во медицината, во погребни фирми, но и во полицијата, во политиката, во крупниот бизнис, во окултизмот. Таинствени се, полни со мистика, кога ќе посакаат да постигнат некоја цел не бираат средства. Овие личност чуствуваат потреба да се покаже нивната сила. Скорпиите можат да бидат добри акушерки, гинеколози, хирурзи, но и одлични полицајци; впрочем, најмногу може да ги пронајдете во тие редови. Ги привлекуваат геологијата и архелогијата – тоа се професии сврзани со таинственото, неоткриеното. Може да ги сретнете во окултните науки, некогаш како гатаат или растураат магии (а често и самите ги прават). Како колеги и соработници се добри, знаат да се жртвуваат за работните задачи, но и за колегата. Ретко ја менуваат работата и професијата. Ако тоа го направат, тогаш е коренито, раскинувајќи ги сите врски со претходната професија.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

СТРЕЛЕЦ

Стрелците имаат потреба од самодокажување – тој феномен игра голема улога во нивниот живот. Ставете ги за раководители, особено во весник или во списание, и нема да зажалите. Стрелците одлично знаат: каде, колку, кој…. Имаат дарба за систематичност, добри ветеринари се, добри туристички водачи; одлични се како дипломати. Стрелците се добри и како проповедници, свештеници; премногу ги привлекуваат религијата и филозофијата. Тие се вечни патувачи, не мируваат на едно место; затоа сите работни места сврзани со патувања или странство за нив се одлични. Стрелците се добри и како учители, професори, имаат дарба на најдобар и најлесен начин да им го пренесат знаењето на своите ученици. Може да сретнете Стрелци меѓу религиозните водачи, но и во многуте секти; мнозина од нив бараат сопствен или некој поинаков пат до Бога од оној на нивните татковци. Стрелците не се родени за работа која ќе одвива само на едно место – без движење и патувања, се како птица без крила.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

ЈАРЕЦ

Целосно е под влијание на Сатурн. Јарците се потполно интровертни (таинствени, надворешно можат да изгледаат отворени, но нема од нив да добиете информација како се чувстваат, што мислат, што планираат). Јарецот сака да класифицира, да подредува, да води дневник, да води сметководство. Најмногу ги има во администрацијата на власта. Побарајте ги во професиите кои не барат интелектуални напрегања, но бараат систематичност. Одлични книговодители се, но и ѕидари, дрводелци, часовничари, дури и пастири – бидејќи барањата на овие професии им овозможуват спокојно да размислуваат и да донесуваат одлуки. Јарците се добри математичари, но и добри политичари, и имаат трпение за да стасаат до крајната цел. Кај нив се е бавно, така што и резултатите во работата или професијата во многу случаи им доаѓаат во подоцнежното животно доба – со староста и созревањето. Тешко прифаќаат нови работи – им треба повеќе време за такви сериозни одлуки. Долго остануваат во една фирма, и ретко ја менуваат професијата или работата.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

ВОДОЛИЈА

Под влијание на Уран, воведувањето нови нешта е дел од личноста на Водолиите. Тие се алтруисти и човекољупци. Обично се реализират како социолози, етнолози или политичари-револуционери со леви идеи. На Водолиите им се препорачуваат инженерските науки, с# што е поврзано со техниката, како и професиите сврзани со звукот или сликата. Водолиите се големи индивидуалисти, потешко прифаќаат работа во заедница, шефовите секогаш имат проблеми да ги внесат во тимска работа. Слободата им е неопходна, затоа ретко можат да се сретнат како работници во голема фирма, администрација или да водат книговодство. Најмногу им одговара приватниот сектор, каде што можат постојано да се докажуваат без да имаат тутор над главата. Можат да бидат одлични политичари, но само водачи, а не и следбеници. Водолиите се добри астролози, веруваат во универзалната љубов, универзумот го прифаќаат како Господ.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

РИБИ

Под влијание на Нептун и Јупитер, Рибите одлично се снаоѓаат во водата – како капетани на бродови, риболовци. Но, Рибите сакаат и да им помагаат на ближните – затоа често ќе ги среќавате во медицината, во болниците, како медицински сестри, негувателки, лекари. Астрологијата и астрономијата многу ги привлекуваат; Рибите поседуваат силна интуиција, дарба за прорекување. Тие се одлични актери и мецени. Најтешко им е да се решат како треба да ја одиграт сопствената улога. Како работници, од нив не можете да очекувате многу. Доста се флегматични, и само кога ќе почуствуваат инспирација или ќе добијат премногу силен мотив за работа може да се раздвижат. За нив важи правилото “денес не е последен ден, работата може и утре да заврши”. Како раководители и шефови не се добри – зад нив ќе останат многу незавршени работи и проекти. Не се родени за конфликтни ситуации, а тоа се нешта тесно сврзани со раководните места. Рибите се уметнички души, кои без љубов се као риба на суво.

Подетално што ве очекува можете да се информирате наконтат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20