Езотеричниот јазик на накитот – накитот го открива карактерот
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Има многу видови накити, многу можности тие да бидат демнострирани, но мотивите, што ги поттикнуваат луѓето да го украсуваат своето тело од главата до петите, не се толку многу. Ако успееме да ја пренебрегнеме вредноста и значењето на еден накит и го восприемаме единствено, како украс, тој на специфичен начин ги сигнализира личноста и мотивацијата на неговиот сопственик.
Еден накит обично не служи за корисна цел. Имено неговата бесполезност и техничка нецелесобразност, ги прават особено изразувачки карактеристиките на личноста на неговиот сопственик.
Кога еден човек купува накит, тој својот избор го прави внимателно, пројавувајќи особена чувствителност, којашто му кажува, дали тој предмет е убав, дали одговара на неговиот вкус и дали е во хармонија со неговата слика, емоционалност и еротско зрачење.
Накитот како еротски сигнал
Чувствителноста и еротиката се однесуваат на интимната област, зашто таа ги опфаќа очекувањата и однесувањата на нивните сопственици, кои најмалку би сакале да бидат критикувани или поставени во незгодна ситуација. При изборот на накитот, како еротското однесување, така во предвид се има и емоционалната состојба.
Она што во интимната област се изразува, како еротика, може на соодветен начин да се изрази и во нагласокот при изборот на еден украс. Затоа накитот се претвотра во еротски сигнал на личноста, во нејзин еротски исказ.
Би требало да се прави разлика, кој дел од телото со каков накит се украсува. Ќе се согласите, дека едно златно синџирче, зборува за различни нешта во зависност од тоа, дали се носи на вратот, на стомакот или на ногата. Еден ист прстен со дијамант го менува своето значење во зависност од тоа, дали е поставен на безимениот прст или на малото прсте, дали до него има уште еден прстен или е единствен на раката.
Обично еден накит го привлекува вниманието општо кон телото, а не само кон оној дел, што го украсува. Обетките ги означуваат и потенцират не само ушите, туку и лицето, како целина. Бразлетната привлекува внимание не само кон раката, туку и кон горниот дел, па се до рамото.
Една бразлетна на раката го насочува погледот кон целата рака. Прстенот го воведува погледот кон цеклата рака до дланката.
Прстените ги украсуваат рацете
Секој прст на раката има свое сопствено значење. Во зависност од тоа, каде е поставен прстенот сигналот, којшто го дава тој е различен.
Безимениот прст ја претставува восприемливата, чувствителна и сентиментална област на човечкиот карактер. Ако врз него е ставена венчална алка, тоа зборува за сопружништво, како состојба. Ако на истиот прст е поставен прстен, како украс, тогаш тој прстен може да каже многу за душевната состојба на својот сопственик. . Ако прстенот не е голем и неговиот модел е изработен на традиционален начин, со случајни орнаменти и декорации, тоа може да покажува дека, душевната ситуација во однос на љубовниот партнер не е дефинирана. Еден премногу голем прстен врз овој прст со многу украси, што провоцирачки паѓа во очи на прв поглед покажува, дека навистина е возможно емоционалното однесување на оној, кој го носи овој прстен да е премногу грубо, егзалтирано, па дури и хистерично.
Истиот прстен поставен на средниот прст уште повеќе ја потцртува и драматизира таа карактеристика, бидејќи овој прст ја претставува областа на чувство за сопственото достоинство, себесакањето и суетноста.
Показалецот покажува целенасочно, волево поведение и иницијативност во дејствувањата. Оној, кој носи прстен врз показалецот, тој ги украсува своите волеви импулси и по секоја веројатност е диктатор, самоуверен, смел и надмен човек.
Најмалиот прст, често ли го гледаме аристокртатски одделен настрана? И во вистинска и во преносна смисла тој лесно се одделува од определената насока – станува збор за љубовниот флерт и за скршнувањата …Таквите еротски или духовни отстранувања, можат да бидат своеглави, каприцни или оригинални.
Оној, којшто го украсува малиот прст, преку прстенот, покажува макар без да знае на каков начин би сакал да ја доживее својата необичност, односно оригиналност.
Ако некој врз малиот прст носи брилијант со златен оков, тогаш тој човек има тенденции на необична личност, забележлива и општествено значајна.
Ако пак млада дама врз овој прст носи неколку префинети, естетски и хармонично наредени нетрадиционални алки, може да се претпостави, дека таа бара оригинални мотиви и со внимание и љубопитство го восприема еротското и привлечното.
Но, со сигурност би сакала да испита и многу нови впечатоци.
А, што се однесува до златното ланче, како декоративен симбол, тоа е едно срамежливо прикривање на кокетната привлечност.
Поставено врз глуждот на ногата, тоа е сигнал за една натура разкрепостена е сексуална.
Оној, кој се грижи не само за лицето и рацете, туку и за свиоте нозе и стапала и ги украсува, тој го сака не само со главата сексуалниот орган, туку и со целото тело, коешто кај него е чувствително и сладострасно.
Не напразно Индијките ги украсувале своите стапала со накити и цветни бои.
Личните мотиви
Прашувајќи се за мотивите, коишто ги тераат луѓето да се украсуваат со накит, би требало да се запрашаме, зошто некои избегнуваат секаков накит и не користат украси?
Дел од луѓето сакаат да се појавуваат во јавноста накитени и нашминкан и, но другите претпочитаат да бидат без украси.
Првите сакаат со помош на емоционалното, привлечното, возбудувачко средство – накитот да се претстават себеси, како личност.
Втората група, онаа без украсите, сакаат да ја ценат личноста и нејзините квалитети без тие материјални симболи.
Дел од луѓето оние работливите ги восприемаат надворешните појави, според функционалното, целесобразно поведение.
Спротивност на оваа внатрешна фасада се богато декорираните хипици и панкери со нивната специфична идеологија на чувства.
Основните мотиве се четири
Оние, кои користат украси го прават тоа под влијание на четири различни типови мотиве и на тој начин ненамерно оддаваат слика на своите интимни и еротски доживувања.
1. Стремеж кон заштитеност и безопасност
2. Стремеж кон престиж
3. Стремеж кон сексуална раздразливост
4. Стремеж кон убавина
Според овие четири мотиви, човек избира и претпочита четири различни видови украси. И бидејќи тие четири видови накити треба да задоволат различни потреби, тие се разликуваат, според својот материјал, размер и обработка.
При оценување на мотивите, диктирани од сопствената потреба, формата и бојата, накитот има значење, зашто ја изразува емоционалната состојба, додека вредноста е важна, само при изборот на доволно престижниот накит.
Прв мотив
Не особено големи, прецизно изработени накити, зборуваат за стремеж кон заштитеност и безопасност. Не е случајно што во повеќето случаи украсот е мал и ситен. Тоа е бидејќи малото и слабото треба да биде опсипаноно со посветеност и има потреба од грижливо и исполнето со љубов внимание. Токму такова емоционална состојба по однос на накитите, придобиваат луѓето, кои би сакале да видат во лицето на другите достојна за љубов скапоценост. Тие бараат и се восхитуваат од таквите украси, што со својот внатрешен вид создаваат впечаток, дека се изработени со многу љубов, бескрајна грижа и трпеливост.
Еден така мал накит не е сосема задолжително може да е скап. Понекогаш е особено карактеристично за накитите изработени од народни мајстори, украсите да се изработуваат од прост метал, кермика и полускапоцени камења или од дрво и од коски на плодови. Миловидните и симпатични накити, се мали скапоцености на возрасните и претставуваат, тоа што се меките плишани играчки за децата.
Втор мотив
Престижниот накит оддава стремеж кон значајност.
Скапиот накит е едно паметно вложување на капиталот со определен ризик за сметка на многукратното користење. Украсите восприемани, како вложување на значителни средства ја имаат предноста, што можат да и бидат подарени на сопругата, а потоа да биде покажувана, како богато украсена, за да биде пред сите демонстрирана благосостојбата, положбата и значењето. Сите тие нешта, слично на дијамантната игла, масивните златни бразлетни, ланчиња и огромните прстени се само една форма на снобизам.
Традиционалните украси, како ланчето од вистински бисери, прстен со дијамант, сафир во брилијантен оков, златни бразлетни и ланци симболизираат традиционални претенции за престиж и висока положба.
Трет мотив
Предизвикувачки и раздразнувачки украси предизвикуваат стремеж кон секс. Тетоважата врз градите не е секогаш искуство, но во секој случај е вид украс. Кожната бразлетна не секогаш се носи за да се зачува физички дланката, туку доста често е сигнал, дека меѓу нас е присутен “тврд и суров маж”. Челичните (металните) бразлетни на дланката, исто така немаат ништо општо со плен и затвор, туку означуваат тврд и суров маж, којшто сака да се ослободи од сопствената недоверба во себе.
Секакви животински заби, парченца кожа, што се закачуваат на вратот, кожни јаки и манжетни на врвовите од облеката, сето тоа се украси за потцртан, раздразлив карактер. Тие исто така ја потенцираат суровата машка изразеност, за која стана збор кај металните ланци и кожни детали, а ја истакнуваат и привлечноста на еден нежен, вовлечен во играта ласкав маж, којшто лесно се освојува.
Раздразнувачките украси, како на пример тетоважите, паѓаат во око и често привлекуваат внимание, а понекогаш имаат и јавно екстравагантен карактер. Намерата на оние, кои носат такви украси нема ништо општо со желбата да изгледаат прекрасно, слично на една дама со накит, туку дразнат, предизвикуваат возбуда, провоцираат и стимулираат.
Четврт мотив
Естетски оформените, стилски украси, зборуваат за стремежот кон убавината.
Стилски и естетски оформени, обично се сметаат оние украси, што се избрани со вкус. Тие можат да бидат различни, но треба да се така одбрани, што ќе бидат во хармонија со облеката и со фризурата. Рачниот часовник, што се носи за целесобразност и неопходност, може да биде еден технички хрономтар со висечкото ремче на раката, но може да биде и детал, што ја украсува раката.
Оние, кои го користат накитот, за да се украсат себеси , комбинирајќи го со елегантно одбрана облека и поврзувајќи го со својата личност, така што ќе постигнат едно естетско цело, тие навистина го разбираат јазикот на убавината и хармонијата на животот.