КРИМСКИТЕ ПИРАМИДИ –
ПОСТАРИ ОД ПОТОПОТ
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува:Илија Бошков – Крајнички
Група геофизичари, барајќи вода на полуостровот Крим, неочекувано откриле силно зрачење. Најверојатно некој друг би го одминал тој факт, односно, не би му придал никакво значење, но не и геофизичарите.
Направиле неколку пробни ископувања. После тестирањето и анализата на добиените податоци се увидело дека објектот на зрачењето имал форма на пирамида, којашто била висока 45 метри, а нејзината основа била долга 72 и два метри, т.е. го имала стандардниот однос 1 спрема 1,6 на древните пирамиди.
После тоа групата почнала со лоцирање на изворот. Штом го установиле, почнале да копаат. Така биле откриени уште шест пирамиди, коишто се поставени во насока на северозапад од Севастопол до врвот Сарич.
ПОДАРОК ОД БОГОВИТЕ
Кримските пирамиди се првите пирамиди што се пронајдени на територијата на поранешниот Советски Сојуз. Уникатноста им е во нешто сосема друго: тие датираат од пред Потопот!
Сите досега познати пирамиди, вклучувајќи ги и египетските и мексиканските, се направени после Големиот потоп, којшто, според научниците, се случил пред околу 8.000 години.
Најдревната, гробницата на Џосер, „мајката” на египетските пирамиди е речиси 5.000 помлада од кримските.
Со тоа необичноста на кримските пирамиди не завршува. При ископувањето на длабочина од 9,3 метри научниците откриваат нешто како раб на пирамида, со предмет што излегува од неа и има дијаметар од 60 сантиметри. Дводневните обиди да се извади биле без резултат – тој бил споен со пирамидата.
Тогаш геофизичарите ја разбиле полусферата и едвај не се задушиле – капсулата била наполнета со згуснат јаглерод диоксид. Истражувачите едвај успеале да се измолкнат од јамата. После тоа добиле разбиена полусфера и еден од нив извикал: “Па тоа е полупроводник!”.
Тие го нашле и сами го уништиле најважното – конструкцијата на пирамидата, која била антенски емитер. Подоцна се покажало дека слични полусфери има по целата целата страна на пирамидите во разни насоки и строг ред, а обликувале кристална решетка.
Изгледа дека пирамидата како целина била една сложена микрошема.
ЧУДА И АНОМАЛИИ
Пирамидата не е живо суштество, но таа реагира на поведението и на постапките на оние коишто ја откриваат. Во почетокот, пирамидата била расположена дружељубиво. Научниците почувствувале дека се подобрува нивната здравствена состојба.
Еден од нив имал срцева болест, но и тој почувствувал подобрување, и после десет дена престанал да ги зема лекарствата.
Кога почнале да ја длабат карпата, за да не влезат во пирамидата, состојбата се променила.
На почетокот се засилило излачувањето и се осветлувал филмот во фотоапаратот, компасот почнал да игра, моментално се разредиле батериите во светилките. Почнале и постојани главоболки, повраќања, растројства во стомакот
После две седмици пирамидата се успокоила и повторно почнала да лекува.
Почнале и аномалии со времето. И научниците што ги воделе ископувањата и новинарите коишто слегувале во ископините чувствувале некаква разлика во времето на површината и долу.
Сензационалниот наод го поттикнал раководителот на ископувањата Виталиј Гах да создаде хипотеза за врски преку пирамидите коишто ги откриле речиси на сите континенти.
Целиот комплекс од земни пирамиди, сметаат тие, е поврзан со три ѕвезди.
Хималајските и пирамидите од Бермудските острови овозможуваат енергетска размена на Земјиното јадро со Капела, мексиканските и англиските со Вега, а египетските, кримските и полинезиските (Велигденските острови)- со Конопус.
Едните пирамиди, работат како приемници на космичката енергија, а другите предаваат енергија од самата земја.
Во тек на стотици милиони години тие ѕвезди одржуваат постојана размена на енергија преку гигантискиот полупроводник – Земјата.
Но, тоа не е бесплатно. Како компензација за произведената од нас енергија, тие осигуруваат рамномерено вртење на планетата околу нејзината оска. Пред 12.000 илјади години таа го нарушила своето вртење, а тоа е доволно за да дојде до општ потоп.
Појасите ги размениле своите места, а водата и наносите скриле многу пирамиди. Тоа создало потреба за градење нови, многу помоќни пирамиди во Гиза.
Исто така, пирамидите од новото поколение ги немале способностите на оние пирамиди од пред потопот.
Гах претпоставува дека старите пирамиди осигурувале енергија не само за космичката енергетска размена, туку и за потребите на цивилизацијата. Имајќи под рака неисцрпен извор на евтина енерија, древната цивилизација можела да се бори и со несреќи од глобален размер – земјотреси, појава на вулкани, и можела да ја контролира климата.
Хипотезата изгледа фантастична, но многу научници ја признаваат.
Некои пирамиди се сосема блиску до површината. Врвот на една пирамида, пак, веќе излегол еден метар над површината.
Проучувањата продолжуваат.