РЕИНКАРНАЦИЈА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Својата вечна желба за бесмртност човекот ја изразувал отсекогаш и на разни начини. Човекот сакал да трае и после смртта, на некој начин да биде присутен – низ потомство, низ големи дела кои ќе го задолжат човештвото, низ барање потврди за постоење на вечен живот или, пак, вечно престојување во него низ разни облици.

Трагајќи по тајната за своето постоење, човекот доаѓал до разни сознанија, но понекогаш тие и сами му се наметнувале. Така стигнувал и до одговори во чија точност можел помалку или повеќе да верува, во зависност од тоа, колку за нив имал прифатливи докази.

Прашањето за реинкарнација отсекогаш многу го интересирало човекот, особено затоа што му се чинело дека веќе еднаш бил во светот во кој е сега, но и затоа што ќе има можност да се “врати” тогаш кога ќе “отиде”.

Според учењето за реинкарнацијата, човекот не се наоѓа во овоземскиот живот само еднаш, туку во различни временски периоди повеќе пати се раѓа, така што својот дух го материјализира во ново физичко тело.

Во прилог на ваквото тврдење се наведуваат примерите на “вундеркинд”, деца кои во својата трета, четврта … година решаваат најсложени математички проблеми, или создаваат врвни уметнички дела, поседуваат толку големи знаења кои не може да се стекнат ни за четириесет и повеќе години од животот. Исто така, склоноста кон одредно подрачје или јазик се толкуваат како спомени на некои од претходните животи.

Спомените од претходниот живот може да се јават и во соновите. Во таквите сонови се јавуваат верни слики на подрачја во кои сонувачот некогаш бил, со карактеристики од минатото поминато време.

Францускиот научник Алберт де Роша се обидел со експериментален пат да го докаже повторното раѓање. Своите експерименти ги вршел така што, своите пациенти прво ги заспивал и пренесувал во транс, а потоа им наредувал да се чувствуваат помлади, односно постари, со тоа што претходно морале прво да “умрат”, а потоа да се “родат”. Всушност, ги пренесувал во некоја од нивните претходни егзистенции. Кога би се нашле таму, во некој од своите претходните животи, пациентите потполно би се соживеале со личноста која, всушност, биле. Го менувале својот глас, однесувањето, размислувањето. Освен тоа, точно ги опишувале тогашните прилики во друштвото, владеачите, носиите, обичаите – без оглед на тоа дали тој период бил сто или повеќе години наназад и без оглед на фактот дека за се тоа ништо не знаеле во овој живот.

Многу е интересен случајот на реинкарнација на едно петгодишно девојче, кое умрело од менингитис, кое на својата неутешлива мајка и го наговестило своето повторно раѓање, заедно со својата сестра близначка. Покрај тоа, девојчето уште рекло и дека во новиот жиовт ќе биде многу слично на претходното девојче, но ќе биде многу поубаво. Така и се случило.

Случајот е уште поинтересен што, мајката на ова девојче воошто не верувал дека ќе може повторно да роди, со оглед на хируршката интервенција која таа ја имала. И покрај тоа во опишаниот случај наведени се полните имиња на личностите.

Според досегашното сфаќање на реинкарнацијата духот е бесмртен, вечен, а трае во физичкото тело на човекот како во една минлива фаза на овој живот. Затоа и се мисли дека човековиот живот бесконечно продолжува низ неуништливоста на неговата духовна материја. Таа никогаш не пропаѓа. Со некој свој природен тек и потреба таа се сели од тело во тело во различно време и простор. Некои научници и денес тврдат дека е можно да се пресади од еден човечки организам во друг.

Подетално што ве очекува на контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20