ОЧИТЕ – ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА

ШТО ОТКРИВА ЖЕНСКИОТ ПОГЛЕД

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува. Илија Бошков – Крајнички

Погледот и изразот, како и насмевката и цртите на лицето се разликуваат кај одделни жени, зависно од мигот и ситуацијата, но пред с# зависно од знакот во кој таа е родена.

ОВЕН

Жената Овен ќе ја препознаете по нејзиниот бистар и внимателен израз, по будниот и пробивен поглед, по решителниот и цврст став, постојано непосредна и сигурна во себеси, во секое време.

Нејзиниот сигурен поглед е синтеза на сите овие нијанси. Ретко ќе наидете на жена – Овен која изгледа несигурно, збунето или уште полошо исплашено; речиси е невозможно да сретнете жена – Овен која ќе го спушти погледот пред вие да го сторите тоа: жената – Овен сака, и може, да предизвика уште пред да се запознаете.

Значи, жената – Овен има израз на очите што укажува на две големи доблести: пргавост и бистрина. Нивната изразена проѕирност, ако може така да се дефинира, значително придонесува за зголемувањето на другите два квалитети. Оваа проѕирност овозможува непосредно да можете да ја согледате душевната состојба на жената – Овен. Меѓутоа, ако таа сака, ако таа реши да заземе некако таинствен или барем резервиран став, ништо не може да ја спречи во тоа, а вие нема да успеете да ја скршите нејзината непробивност.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

БИК

Воопшто не е тешко да ја препознаете жената – Бик, според нејзиниот поглед. Веднаш ќе забележите два елемента: спокоен израз на очите и речиси тотално отсуство на мимика на лицето. Родените во Бик, имено, имаат суштествено блага или барем неборбена душа и тоа мошне јасно се одгледува во нивните малку сонливи, а сепак внимателни очи. Всушност, родените во Бик оставаат впечаток дека повремено ја “преживуваат својата внатрешна содржина” која има ретка убавина и пред која стојат како занесени.

Сепак и во нив, одвреме навреме, ќе се забележи еден мечтателен поглед, еден вид отворен прозорец кон нивниот внатрешен живот во кој секако воопшто не е лесно да се навлезе.

Во очите на жената – Бик се забележува и еден мал, но секогаш присутен одблесок на сензуалност, а тоа е она што е најпривлечно кај овој тип жена. Кај неа сензуалноста е спонтана и избувлива, но таа секогаш поседува нежност. Всушност, се работи за типичен “срнечки поглед”, малку наивен, повеќе со вешто прикриена итрина, со бројни кажани – недокажани ветувања, јасно изразени или пак треба да се насетат или замислат.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

БЛИЗНАЦИ

Кај Близнаците од двата пола изразот на лицето е еден од најнепостојаните, а истовремено и апсолутно најречит параметар што се однесува до пораките кои што тие ги испраќаат. Посебно кај жените, променливоста на изразот претставува вистинска отворена книга што може да се чита со голем интерес и секако не без возбуда; но, исто така неочекувано може да се претвори во вистинска загатка што не е лесно да се одгатне.

Двете крајно немирни и длабоки очи, итри и полни со живост, се стожер околу кој се врти мимиката која не е само физичка еластичност на цртите на лицето, туку и сложена и нејасна хармонија на нијанси, на трепкања, на лесно искривување на веѓите, на одвај забележлив израз на недоверба, на препредена и одвај воздржана насмевка која потоа ненадејно избувнува, а сето тоа го истакнува јазичниот израз изграден со вешта иронија.

Затоа жената – Близнаци постојано вчудовидува со својот неповторлив израз на лицето, што е неизбежно надополнување на нејзиниот непрекинат, некогаш дури хаотичен начин на зборување. Цела една бескрајна низа на насмевки, од восхитени и спонтани до насилно исконструирани, ја надополнуваат експресивната дарба на жената – Близнаци, претставувајќи ја како весела и жестока, како недовршен термометар на една внатрешна вртелешка на душевните состојби кои се менуваат со виорна и незапирлива брзина.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

РАК

Еден поет напишал дека очите на жената – Рак се како бунар без дно, а истовремено личат на ѕвездено небо. Во некои мигови тие потсетуваат на бескраен мир, а веднаш потоа даваат чувство на непознат немир што предизвикува неудобност кај оној кој стои пред неа.

Нејзините очи се секогаш длабоки и внимателни, мошне немирни и будни, неверојатно ретко занесени. Во нив (а тука се гледа влијанието на Водата) не се огледува самото она што тие сакаат, туку и она што не сакаат или го кријат.

Тоа придонесува жената – Рак да има секогаш искрен израз на лицето, дури и кога е вознемирена или лута. Нејзиното лице е како рамка, речиси секогаш правилна и префинета, со нежно, моделирани црти, често непостојани, со одвај забележлива, но ефикасна мимика која се должи на нејзиниот поглед и која придонесува да оживее навидум мермерната и дури студена убавина.

Сепак, никогаш не и недостасува и благост, нежност, што е суштествена компонента на експресивноста на жената – Рак. На нејзиното лице ретко можете да забележите тврд израз. И кај најрешителната жена од овој знак ќе наидете на нежен гест, поглед или трепет.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

ЛАВ

За родените во знакот на Лав е типична симпатичната маска на смелост и горделивост, на неискрен оптимизам и на блага иронија, која во дадени моменти може да се претвори во малку потсмешлив израз, но секогаш богат со самоувереност.

Ако кај мажот – Лав преовладува смелоста, кај жената – Лав се истакнува една смеса на сензуалност и сталожена самоувереност. Таа се огледува во прикриена, невпечатлива форма и влева одредена доза на почит, не намалувајќи ја чувствителноста која секако останува највпечатлива изиогнимска црта, заедно со необичната целина на цртите на нејзиното лице.

Всушност, жената – Лав е чувствителна жена: нејзиниот знак асоцира на љубов, на секс и еротичност, па според тоа и таа не може да биде поинаква.

Нејзината смелост е поврзана со нејзиниот горд и најчесто благороден и строг поглед. Можеби ова личи на фраза, но сепак е така: најлесно можете да ги препознаете родените во знакот на Лав според нивниот израз од кој зрачи некаква горда благородност. Цртите на лицето не се само хармонични, туку и добро обликувани, со мошне изразена и конкретна мимика, која одненадеж може да се претвори во безизразна маска, ако се соочува со несигурност, гнев или лутина.

Всушност, се работи за израз на победничка личност, навикната сите да ги гледа крај своите нозе. Кај жената – Лав тоа е чиста вистина, а не претерување. Имено, таа е жена чиј поглед, полн со гордост, може да го збуни и најсмелиот умилкувач и најискусниот маж.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

ДЕВИЦА

Жената Девица како да им зборува на мажите: – Зар навистина ви оставам таков впечаток? – А мажите задоволно ќе и потврдат и ќе и нагласат дека таа навистина е извонредно убава жена. Таа тогаш ќе ги погледне со малку потсмевлив израз и со доза на недоверба. По кусо време таа пак ќе се загледа во нив со длабок поглед, полн со страст и вжештен од нејзините зборови. Нејзините очи ќе испуштаат молњи, надополнувајќи ја мимиката на лицето која во секој случај е воздржана, некогаш дури минимална.

На лицето на жената – Девица главен актер е погледот: тој е стожер околу кој се сосредоточуваат сите други црти на лицето, кои, иако се префинети и спокојни, никогаш не можат да го постигнат нивото на изразноста што ја имаат очите.

Жената – Девица ним им ја препушта задачата да ги пренесуваат безгласните, но значајни пораки, кога не се тајни, па затоа с# уште поскапоцени. Нејзините очи го задржуваат цврстиот поглед, проникнувајќи во душата на мажот пред неа.

Насмевката е уште еден скапоцен детал на лицето на жената – Девица: скапоцен затоа што е мошне редок. Устата тешко може да се отвори во смеа широка 360 степени.Кај неа насмевката служи да ја искаже својата душевна состојба на спонтаност или попустливост, да го истакне ироничниот збор, да покаже дека и се допаѓа нечија досетка или шега. А можеби токму поради скапоценоста на својата насмевка која и го озарува лицето и – во дадениот момент – го прави поинакво од вообичаеното, таа е поубава, посмирена, попривлечна, поинтересна.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

ТЕРЕЗИЈА

Тие очи, навидум маѓепсани и исплашени, се толку длабоки што може да се случи да се загубите во нив. Нејзиниот поглед не е немирен, туку спокоен; изразот е мирен, често сонлив и како да е опфатен со некакви слатки фантазии, отсутен од реалноста што го опкружува.

Прекрасна рамка се клепките, најчесто долги и негувани, готови да трепнат со заводнички ефект при секое намигнување, но без претерана афективност: со некаква детска и симпатична спонтаност, со мала доза на суета. Дозволете и го тоа: нејзината суета не е одбивна, туку пријатна кога ќе се појави во нејзиниот поглед што станува весел и возбуден кога таа ќе забележи дека му се допаѓа на некој маж, дека влегла во неговото срце и во неговите чувства, бидејќи е способна во иста мера да ги изразува чувството и сензуалноста, наивноста и итрината, љубовта и еросот.

Во изразот на жената – Терезија секогаш ќе наидете на една голема дарба: непроценливата способност искрено да искажува зачуденост, восхит и душевна чистота: или пак, исто така спонтано гнев, разочарување, двоумење и љубопитност.

Погледот на жената – Терезија станува уште попривлечен кога таа го добива познатиот среќен и восхитен израз, малку подигрувачки став што ги придружува сите нејзини дејства за освојување на мажот. Потоа, т.е. кога е сигурна дека е победник, таа ја покажува сета своја среќа, своето задоволство и како да сака да каже: – Успеав! – а нејзините очи како да додаваат итро: – … лесно како во игра!

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

СКОРПИЈА

Погледот на жената – Скорпија некои го споредуваат со длабок бунар од кој се добива вртоглавица ако се погледне во него, кој мами да се нурнете во него, иако знаете дека не ќе можете да излезете оттаму.

Факт е дека голем број жени родени во знакот на Скорпија имаат темни очи во кои зеницата се губи во ирисот, создавајќи го она чувство на “длабочина” што го маѓепсува секој кој се обидува да го впери својот поглед во нив. Изразот што извира од нив раскажува за неспокојни љубовни ветувања, неискажливи мигови на еротизам, на суптилни борби меѓу измачување и екстаза поради кои мажите, ловци и љубовници, можат и да полудат до моментот кога повторно ќе посакаат таа да ги сака.

И заводливите усни на жената – Скорпија претставуваат основен “клуч” на нејзината убавина и на нејзината способност за привлекување. Тие се сензуални и ретко имаат потреба да се зацрват со кармин, бидејќи за тоа се погрижила мајката -природа. Тое се усни кои, исто како и очите, ветуваат неискажливи мигови за оној кој ќе успее да дојде до нив.

Лицето на жената – Скорпија покажува и голема остроумност, таа е готова да се замеша во секоја расправија и да го каже своето мислење, да му противречи на секој кој не се сложува со неа. Некои овој страв го карактеризираат како “став на пантер”; итра и внимателна, опасно заводлива, сензуално инстинктивна. Канџите на Скорпијата можат да бидат смртоносни или пак да претставуваат чудесен љубовен синџир кои ќе го заробат партнерот во миговите на екстазата.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

СТРЕЛЕЦ

Веднаш ќе забележите дека жената – Стрелец има “сјајни” очи. Без разлика дали се светли или темни, вдахнуваат спонтаност, проѕирност и доверба, покажувајќи една извонредна внатрешна сигурност. А секако се убави, посебно кога ве гледаат како да се рендген: пред вакви очи не е лесно да се задржи погледот, бидејќи тие во себе имаат нешто благородно и гордо, што буди чувство на потчинетост и респект кај секој кој ги гледа.

Меѓутоа, наскоро тие стануваат поблаги, “помеки”, “поматни”. И тогаш станува јасно дека под оној толку самоуверен став се крие огромна потреба за љубов. Таа не се огледува многу лесно, туку мажот треба да научи да ја “прочита” во оној краток моментен поглед, во нијансата на нејзиниот глас или во паузата меѓу зборовите.

Незапирливата женственост не се покажува само во физичкиот изглед, туку и во изразот на жената – Стрелец која ја прифаќа својата женственост и се соживува во неа без комплекси и без лажен срам: готова е да се пошегува со неа или да ја истакне, да ја валоризира или да ја искаже.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

ЈАРЕЦ

Некои ја нарекуваат Сфинга, а некои жарче под пепелта. Како и да е, жената – Јарец секогаш има многу интензивен поглед во кој сепак не недостасуваат нијанси на благост и мали несигурности. Но, тие секогаш се добро прикриени зад маската на наметната тврдокорност која сепак не успева сосема да ја прикрие. Тоа го објаснува фактот зошто лицето на жената – Јарец, нејзините очи, малку намуртениот израз треба да се “читаат” и да се толкуваат со големо внимание, ако сакате да ја забележите длабоката нежност и чувствителност што се крие зад “фасадата”.

Понекогаш погледот на жената – Јарец е поглед на жена која умее да се постави, да биде почитувана и ценета, постојано да биде предмет на восхит, а можеби и на завист од страна на оние кои би сакале да ги поседуваат нејзините дарби. Нека не ве мами нејзиниот самоуверен поглед; таа има бескрајна потреба за љубов, но не може да се откаже од својата гордост и да го покаже тоа: таа мошне ретко ќе си дозволи да ја покаже својата внатрешна кршливост и слабост.

Ако ја набљудувате подлабоко, посталожено, на нејзиното лице ќе забележите и една голема позитивна амбиција, можеби прерана, но секогаш правилно насочена кон освојување на конкретна цел, која може да се процени со парична вредност.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

ВОДОЛИЈА

Малку занесените очи на Водолијата не смеат да ве измамат. Без оглед на тоа дали се црни или сини, зад сјајниот, малку нејасен и необично пробивен поглед се крие едно силно внатрешно превирање од кое на површината се појавува само мал дел, како врв од некој леден брег. Долниот дел може само да се насети…

Нејзините длабоки очи нема да ве испуштаат откако ќе ве заробат, не толку поради некаков предизвик, колку од страв и обична љубопитност, од интерес кој треба што поскоро да се задоволи. Немирниот поглед, мимиката на лицето што е претерано речита, немирот што јасно се согледува и постојано ги раздвижува цртите на лицето, исто така се дарби кои придонесуваат да биде пријатен и привлечен допирот со прекрасната жена – Водолија.

Сепак, и во најкритичните моменти може да се забележи убавината на жената – Водолија и покрај нејзините душевни состојби: доволна е само една реченица па таа, барем за миг, да ја поврати својата заводничка насмевка; само еден комплимент, па во неа да се разбуди жената која заведувањето го смета како лесна игра, без тензии или нерасположение, туку со ситен трпнеж, како игра во која “победува оној кој губи”.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

РИБИ

Она што најнапред ќе ве погоди кај жената – Риби е погледот во кој се огледува интелигентност и исцрпеност. Нејзиниот поглед, нејзините очи, нејзината искреност се нејзините најнепроценливи дарби, но во нејзиниот топол и срдечен израз се читаат и бројни други квалитети: а заедно со нив тензии, желби, страв, амбиции, а пред с# сништа.

Не можеме да кажеме дека жената – Риби сонува со отворени очи. Сепак, таа има сопствен занесен начин на перципирање и реалност. Најчесто на нејзиното лице се појавува пријатно и симпатично вчудовиден израз, привлечен, дури детски, секогаш искрен и изворен, кој може незапирливо да се освои.

Најчесто се волшебни и цртите на нејзиното лице. Брзата и ефикасна мимика симпатично ги опфаќа очите, образите, устата и гестикулацијата и на крајот ве зафаќа во вистински виор на пораки кои постојано ве погодуваат, барајќи од вас да ги примите со иста брзина со која се пратени.

Понекогаш на лицето на жената – Риби можете да прочитате израз кој како да вели: – Нели ти реков! – Во тие мигови нејзините црти ги осветлува одблесок на бес, на длабок гнев, додека наместо нејзината позната сталоженост се појавува знак на нетрпеливост и немир.

Подетално за вас, што ве очекува – можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20