БАКНЕЖИТЕ ВЕ ОТКРИВААТ
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува:Илија Бошков – Крајнички
Мажите се бакнуваат на четири начини, кои одговараат на нивниот карактер.
Брзиот
Тој љуби напрегнато, интензивно и нервозно. Неговите усни и јазик се напрегнати повеќе од потребното. Таквиот партнер често е хистеричен. Во миговите на страста, таквите бакнежи можат да бидат многу возбудливи.
Каков е тој?
Инцијативата во вашите односи тој ќе ја преземе на себе. Тој смета дека неговата улога е да те забавува колку што може, а ти треба да го насочиш и да раководиш со ситуацијата. Колку и да изгледа уверено, правилата секогаш поставувај ги ти. Со него треба да бидеш добра партнерка и да му “наредуваш, “ да го воведуваш во разни задоволства – тоа ќе му се допадне. Тој делува патолошки: Се помирува со неговиот театар, со кој настапува кај секоја убавица. Неговиот однос е краток. Спомни си на ова кога ќе започне разговор за вечна љубов и проверувај ги неговите чувства. Вие можете да бидете идеална двојка, ако ти си урамнотежена, со самодоверба, подготвена благо и ненаметливо да доминираш во односите. Бегај од него ако не знаеш да ги простуваш случајните флертови.
Уверлив
Тој бакнува сурово, неговите движења се ритмички и еднобразни, дејствува решително. При некои состојби кај жените, неговите бакнежи предизвикуваат асоцијација на алуминиумска лажица, со која ти брка по грлото. Впрочем, таквите жени се малцинство.
Каков е тој?
Со него без сомнение ќе се чувствуваш спокојно. Тој навистина е многу надежен маж. Но, од него не чекај изливи на чувства и безумни романтични фантазии. Тој всушност е традиционалист. Подготвен е за секаков заеднички, брачен живот. Станува збор за тип на маж кој ги согледува деталите во сите состојби и ако го сакаш, ќе биде упорен и ќе те однесе пред матичар.
Но, затоа ќе треба да го одбиваш ако женидбата не влегува во твоите планови. Вие сте создадени еден за друг, ако ти имаш склоност кон типично семејни радости и од партнерот пред с# очекуваш морална поткрепа и спокојство. Бегај од него ако сакаш водопад од емоции и пориви.
Нежен
Тој бакнува внимателно, понекогаш не го користи јазикот. Бакнежите понекогаш можат да му бидат многу влажни. Неговите усни се секогаш свиени. Те прегрнува внимателно, како да си античка вазна.
Каков е тој?
Ќе биде одличен, ласкав и грижлив партнер. Можеби не е вулкан од страсти, но во неговата душа ќе најдеш море од нежности. Биди внимателна и тактична со неговите чувства. Можеби ќе има потреба да го милуваш по коленото за да ти предложи нешто повеќе. Вашиот семеен живот ќе биде многу добар, ако го управуваш и го поткрепуваш. Не затоа што тој самиот не знае што да прави, туку затоа што му е потребна поткрепа. Главниот плус во вашите односи е тоа што тој со тебе би заминал на крајот на светот, а целиот товар сам ќе го понесе. Неговата љубов ќе го осветлува семејниот пат. Но, ти ќе треба да кажеш каде е крајот на светот.
Бегај од него ако претпочиташ самоуверени мажи, борци.
Внимателен
Бакнежите кај него се како пакетче бонбони са различен вкус. Тој може со тебе да се бакнува на трите опишани начини, поминувајќи лесно од еден на друг. Притоа, тој секогаш ќе те следи, ќе ги следи сите твои желби, кои успева да ги улови сосема точно.
Каков е тој?
Навистина имаш среќа. Но, не е исклучено тој момент на среќа да потрае само неколку часа и тој да си замине. Тој маж им се допаѓа на многу жени и тоа го знае многу добро. Затоа треба да се држиш цврсто за него. Лесно може да се случи тој да доминира во вашите односи, но сепак големи се шансите да раководите заедно со семејниот живот, како рамноправни партнери. Взаемното разбирање е клучниот збор за вашите односи. Помисли дали можеш да одговориш на неговите очекувања. Обично тој има повисоки цели. Ќе ти биде добро ако си екцесивна и уверена во себе. Бегај од него ако постојано мислиш дека си идеалната жена за него.