Технички накаут од Меркел за Западен Балкан! Меркел: Не дадовме фиксна дата за влез на западен Балкан во Европската Унија! Франција е можно да излезе од НАТО….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Мора да признам дека ми се комични изјавите на партијските лидри, особено на СДСМ Зоран Заев и ВМРО ДПМНЕ Христијан МИцковски, за дата за започнување на преговори со ЕУ, за влез во Европската Унија.
Студен туш, кој можеби ќе ги разбуди партијските лидери, стаса од Германија, почно од канцеларката на Германија Ангела Мреркел (која е во заминување), која јасно изјави:
Не дадовме фиксна дата за влез на земјите од Западен Балкан во Европската Унија“.
Повеќе за ова нејзина изјава пишува орталот:
кој излезе со наслов:
„Кога некој не може да разбере, треба да му се каже 100 пати – МЕРКЕЛ: Нема дата за влез на балканските земји во ЕУ“
Еве го текстот во целост:
Меркел: „Не поддржав одредена дата за влез на Западен Балкан во унијата“.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека учесниците на самитот ЕУ-Западен Балкан се согласиле дека земјите од Западен Балкан припаѓаат на Европа, но дека таа не поддржува давање определена дата на земјите од Западен Балкан за нивно пристапување во Унијата.
„Не поддржав да им се даде определена дата на земјите од Западен Балкан за нивно пристапување во Европската унија“, рече Меркел на самитот ЕУ-Западен Балкан на Брдо кај Крањ, пренесува Ројтерс.
Таа, исто така, изрази надеж дека проблемите околу блокадата на пристапните преговори на северна Македонија може да се надминат.
(politika.rs
Изјавата на канцеларката на Германија Ангела Меркел, која е во заминување, во делот за Македонија повеќе е од трагикомична.
Прво изјавува дека нема фиксна дата кога земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ (значи не се знае ни векот).
Згора на оваа, изјавува дека ветото на Бугарија за Македонија може да се надмине.
Добро е познато деека нејзината парттија на изборите во Грерманија, кои се одржаа на 26 септември изгуби.
Во Грманија се подготвува нова влада со нов канцелар, влада која е против проширувањето на ЕУ.
Од Грерманија доаѓаат изјави дека на ЕУ и престои распад и подела на неколку групи на земји.
Тука мора да се признаее дека Србија се свести на време, влезе во Евроазијскиот Сојуз, каде пазарот е погоем.
Лоша вест сигнува и од Франција, која најувува можно излегување од НАТО, поради раскин на договорот со Австралија за изградба на подморници, благодарение на сАД, која стои за раскин на дигиворот за изградба на подморници.
Добро е познато дека за време на Шарл Де Гол Франција излезе од НАТО.
Од тие причини Велика Британија и САД склучија троен воем сојуз, што е втор чекор кој може да донесе и брз распад на НАТО.
Се поставува прашањето да ли настаните од пред втората светска војна се повторуваат, со формирање на војниот сојуз помеѓу Германија, Италија и Јапонија, на кој подоцна се придружија и други земји, како што е соседна Бугарија.
Овој сојуз е формиран да се спротистави воено на Кина, се „надецааат“ дека ќе можат и на Русија.
Оваа зборува дека престои брз воен конфликт на новиот сојуз САД, Велика Британија и Австралија со Кина.
Не е исклучено на овој сојуз да пристапи и Јапонија.
Пред две години поранешниот премиер на соседна Бугарија Бојко Борисов даде изјава:
„Ако дојде до воен конфликт помеѓу НАТО и Русија, ние ќе се бориме на страната на НАТО…
По ова изјава на поранешниот премиер на Бугарија Бојко Бирисов, предсесателот на Русија Владимир Путин „немирно спиел“, имал „кошмарни сонови“ јавуваат медиумите…