ШТО ПОКАЖУВА РАКАТА НА ДЕТЕТО?
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Родителите можат да научат многу за детето според неговото раче. Тоа ќе им покаже некои состојби во неговиот развој, за на време да преземете мерки за корекции.
Овие неколку совети на хиромантите можат да бидат од полза.
Малите деца обично спијат со прсти свиткани во тупаница. Обрнете внимание како го поставуваат палецот. Ако е тој внатре во тупаницата, според хиромантите, детето го доживува околниот свет како студен и непријателски. На малечкото му недостига чувство за безбедност.
Погледнете ги прстите на детето. Ако средниот е најдебел, детето тешко ги доживува конфликтите, наклонето е кон меланхолија. Неопходни му се силни позитивни емоции и впечатоци кои треба да го убедат дека е сакано и дека е скапоцено за сите.
Недоразвиеното мало прсте кажува за здравствени проблеми, а ако ноктето му е премногу издолжено, често тоа е знак за блокади во умствениот развој.
Искривеното мало прсте е симптом за нарушувања во развојот на ендокриниот систем.
Слабо развиеното свиткано прсте на левата рака предупредува за склоност кон срцеви заболувања.
Ако има краток палец детето е плашливо, се плаши од околниот свет, добро би било да ја стимулирате неговата самостојност. Прекумерно долг палец, а многу кратко мало прсте посочува на нестабилност на нервниот систем, наклонетост кон депресии.
Ако т.н. фаланга на ноктот на големиот прст се шири нагоре и има месесто перниче, тоа зборува за неурамнотеженост, дебалансиран нервен систем, склоност кон изливи на бес. Такви деца имаат потреба од спокојство, авторитетно, но истовремено и љубовно однесување.
Меката детска рака е знак за спокоен и кроток карактер. Детето кое е склоно кон мрзеливост и пасивност има потреба од точен дневен режим и дисциплина.
Тврдата рака ветува силна волја и тврд карактер, но постои ризик од развој на егоизам и на преголема самобендисаност.
Склоноста кон клеветништво и интрига ја издаваат долгите суви и слаби прсти на детската рака.
Белата дамка на нокотот на средниот прст е знак на негативни емоции: тага, збрканост, кои се многу опасни во преодната возраст кога младата личност е способна за непромислени постапки. Бидета внимателни: ако дамката е вертикална, нервната напнатост не се намалува, ако паѓа надесно или налево, тоа е добро, кризата поминува. Попречните бразди или бранови на ноктите зборуваат за недостиг од калциум во организмот, често тие се симптом за нарушување во работата на црниот дроб и слезината.
Кога си играте со детето, не заборавајте да ги масирате неговите прстиња со пријатни движења по страничните, горните и долните површини.
Таквата масажа влијае позитивно врз дејноста на најважните органи и корисно е да го правите секој ден.
Масажата на големиот прст ја активира работата на мозокот, на показалецот – на цревата, на домалиот прст – на црниот дроб, а масажатта на малото прсте – влијае поволно на срцето. Забележителни здебелувања и вишоци, говорат за недостиг во хранењето на коскената срж, најчесто поврзано со лошото усвојување на калциумот.
Подетално што ве очекува, можете да се информирате на контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари