Ритуали за повикување –

на добрите сили

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Подготвил: Илија Бошков – Крајнички

(според народни верувања)

Ритуал за тоа како да го препознаеме крадецот

Постојат многу магични начини за “пронаоѓање” на крадците. Но ние ви препорачуваме еден, којшто е доста надежен.

Навечер пред да зајде Сонцето земете еден тап нож. Со тој нож треба да го “сечете” пламенот од претходно запалена свеќа. При тоа треба да кажете:

“Оној којшто го украл моето, нека дојде во мојот сон да ми го земе ножов!” Ако не, твојата душа крадецу ќе биде исечена, како мелено месо во машина. Ставете го ножот под перница. Треба да легнете и да спиете на левата страна. По исполнувањето на овој обред не треба да разговарате со никого. Таа ноќ ќе го сонувате крадецот. Можно е дури да видите, каде се наоѓаат и вашите украдени работи.

Ритуал за успешно полагање испит

Велат, дека најуспешно средство за полагање испит е сериозното учење. Но, не се останува во главата. Затоа многу студенти користат некои магични средства, за кај нив да дојде среќата и успешно да ги положат своите испити.

1. На полноќ, пред да го полагате испитот отворете го прозорецот, отворете го и индексот па кажете три пати силно: “Еј среќо, дај да те фатам!”

2. Не треба да ви напоменуваме, дека вечерта пред да си легнете, треба да ја ставите книгата под перница и добро да се наспиете.

3. Утредента добро истресете ги алиштата, што ќе ги облечете пред да одите на испит. Кога ќе го правите тоа кажете го следново: “Јас верувам во Бог. Господе те молам испрати ми успех во учењето! Нека биде така!”

4. Ако го заборавите одговорот на некое од прашањата може да ви помогне следново: Застанете со затворени очи и речете си во себе:

5. Над морето има три звезди. Заборавив како се вика првата, како се вика втората, ми исчезнаа од паметот нивните имиња. Како се вика третата ми откри Богородица. И помнењето веднаш ќе ви се врати.

Ритуал за заштита во текот на денот

Плетењето и врзувањето на косата се едни од најстарите начини за заштита од лоши сили. Вплетувањето во косата на разнбојни украси, шноли, штипки и слично се јавуваат, како еден вид талисмани за заштита. Додека ја врзувате косата и ставате шнола и речете на глас: “Се заклучувам од секакво зло, од лоши очи, од лоши зборови. Да не стигнат до мене, ниту по пат по којшто одам, ниту до мојата работа, ниту додека се одмарам, ни во текот на денот, ни во текот на ноќта. Овие зборови се мој клуч сега и за вечни векови!” Ова кратко заколнување “заклучувачко дејство” е надежно охрабрување и го заштитува вашето биополе.

Ритуал за исполнување на желби

Најсоодветно време за исполнување на овој ритуал е растечка Месечина, времето додека таа станува се поголема. Време од дванаесет часот после полноќ до три наутро.

Земете четириесет тенки свеќи, поставете ги на некоја табла, а неа ставете ја на земјата. На ѕидот поставете огледало. Запалете ги свеќите и помолете се за исполнување на вашата желба. Молете се за љубов, за оздравување на себеси или на друг човек. Не бидете материјално настроени и не молете се за пари или за некои слични нешта. Молете се, додека изгорат свеќите. Огледалото земете го и завиткајте го во некој свилен материјал. Тоа е генератор на вашата енергија. Кога сте преполни со емоции погледајте во него околу пет минути. И не заборавајте да му кажете благодарам!

Подетално што ве очекува, можете да се информирате во на контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20