Астро психологија: ТОЧКАТА НА НАВРЕДАТА – најди ја и не ја допирај

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Ако сакате луѓето да работат за вас – не ги навредувајте. Таа едноставна мудрост е искажана уште од Дејл Карнеги. Природно, станува збор не само за работата, туку и за односите со домашните, со пријателите, со саканиот човек.

             Целиот проблем е во тоа што различни луѓе имаат различни точки на навредата. Воопшто, навредата е сложена појава. Луѓето ретко ја искажуваат со зборови. Почесто ја таат и трпат, при што никому не му станува полесно од тоа.

Дали ви се случило да западнете во недоумица зошто вашата колешка која секогаш се радувала на вашето пристигнување, сега се ограничува со сувото: “Добро утро”? Вие воопшто не се сомневате дека колешката се заколнала да не комуницира со такви “невоспитани наметливци” како вас, кои не ја забележуваат нејзината нова облека и на се згора ја прашувате дали сака за роден ден да и   подарите помада за убав тен (“како јас да сум некоја дамчосана со лош тен”)

             Како резултат на сето тоа, изникнува ситуација на заемно отуѓување. Навредените сметаат дека е под нивно достоинство да ви го објаснува тоа кое ги засегнува. А навредувачот се чувствува непријатно, но не знае како да ја надмине ситуацијата.

             Често во стремежот да кажеме нешто пријатно, можеме да постигнеме обратен ефект. На пример дамата Лав на сопругот Близнак му вели: “Мили, колку јарка вратоврска имаш!”. За Лавот “јарко” означува убаво, но Близнакот може да си помисли: “Таа вели дека имам јарка вратоврска. Можеби, според неа јас немам добар вкус. А можеби нејзиниото поранешно момче носело темни вратоврски и јарки не и   се допаѓаат? Какво право таа има да ме споредува со некој друг?” И ете како се раѓа навредата. Всушност, за да му направите комплимент на Близнакот, подобро да ја завршите фразата со конкретна изјава. На пример: “Мили колку убава вратоврска имаш и колку многу ти одговара со очите!”

             Познавајќи ги точките на навредата на луѓето родени под различни знаци, вие би можеле да ги избегнете караниците и конфликтите. Обрнете внимание и на својата точка на навреда. Можеби тогаш ќе започнете да разбирате зошто невината забелешка на вашиот сосед ве изместува од колосек цели три дена…

Овенот се навредува, ако…

             – започнете да го критикувате, да му давате совети  и воопшто да го учите да живее. Ако, сепак, сматате дека треба да му пренесете некоја негативна информација, сместете ја со комплименти во однос една забелешка со пет пофалби.

             – му забележувате за неговата расеаност и за тоа дека често заборава. Секој Овен се гордее со својата добра меморија и концентрација. Да го убедувате во спротивното, е како да му правите заговор против него.

Бикот се навредува, ако…

             – сте се пошегувале со неговата страст кон насладите: “Ти помина три часа во бања, можеби затоа што не си се капел три недели?”, така на прв поглед обична шега, може да го налути Бикот;

             – сте се пошегувале со неговиот однос кон парите или, недај Боже сте го обвиниле за скржавост;

             – сте искажале сомневање во неговиот вкус. Дури и ако кажете дека бојата на кошулата, џемперот и пантоланите што ги носи не се најефектната комбинација, пак не би требало деа го убедувате во тоа.

             – сте се пошегувале со неговите гастрономски страсти (“Зарем и во ресторан си нарачушаш каша). Бикот си има необични навики, но никој нема право да ги коментира.

             – сте искажале иронија за неговиот личен живот. Бикот се затворен знак и никој нема прво да го нарушува нивното лично пространство.

Близнаците се навредуваат – ако…

             – им земете збор. Луѓето од тој знак се вистински среќни кога комуницираат, зборуваат и го искажуваат своето лично мислење. Тие можат да ви простат ако не ги слушате внимателно, но ако самите сакате да блескате со својата красноречивост и не им давате можност да се искажат, тоа е навреда за нив;

             – им кажете дека вчера имале сосема друго мислење од денес;

             – ги принудувате да се отчитуваат за секоја минута од работата и одморот. Уште полошо ќе биде ако се обидувате да ги контролирате слободољубивите Близнаци со помош на телефон;

             – не ја завршите фразата, која се однесува на нивната личност, со целосно конкретен факт. Близнаците се многу ментални луѓе. Тие секогаш мислат дека оној што зборува има предвид нешто друго.

Ракот ќе се навреди ако…

             – сте ја засегнале честа на неговиот партнер. За него тие зборови не се општа фраза. Ако Ракот е налутен, тој најпрво ќе се навреди, а потоа ќе ве предизвика на дуел. Ќе треба да давате сметка за секој збор и дејство.

             – сте се посомневале во неговите идеали од минатото. Раковите се наклонети да идеаализираат се кое се случило со нив и не би требало да ги симнувате од небото на земјата. Тие можат да не ви го простат тоа.

             – сте се однесле невнимателно кон семејните правила. На пример, сте ги наредиле неговите бели кошули веднаш до црните чорапи. Или пак на годишнината од вашето запознавање да сте закажале средба со вашата пријателка;

             – сте барале од него брзо донесување на одлука.

Лавот ќе се навреди ако…

             – започнете да го критикувате пред други луѓе;

             – одите на средба со него во небрежна облека

             – почнете да се восхитувате на неговиот шеф, пријател, сосед. Сонцето на небото може да биде само едно и тоа без сомнение е самиот цар на животните – Лавот.

Девицата ќе се навреди ако…

             – сте ветиле нашто да направите и не  сте го направиле тоа. Самата таа никогаш ништо не заборава и бара одговорност и од другите.

             – сте ја поканиле на гости и не сте се потрудиле пред тоа да ја исчистите куќата;

             – сте си дозволиле шега во врска со нејзиниот надворешен изглед. Таа не прифаќа таков хумор.

Терезијата ќе се навреди ако…

             – заборавите да &   однесете подарок на роденденот и да запалите свеќи на романтична вечера;

             – ако се приближите премногу до неа, со тоа го ограничувате нејзиното лично пространство, или ако го повишите тонот. Тоа е знак на непочитување и таа реагира остро и негативно.

             – ја принудувате да донесе неодложно решение и кога тоа нема да го направи, ја укорувате за нерешителност и колебливост.

Скорпиите ќе се навредат ако…

             – не сте искрени со нив до крај. Тие ја чувствуваат секоја лага или фалш. Затоа е целосно бескорисно да се преправате пред нив;

             – ги укорувате за предавство. Самите тие се ужасно љубоморни, но при тоа не можат да трпат кога некој им прави забелешка или се обидува да ја ограничи нивната слобода;

             – откажувате да прават секс со вас. Тие се сметаат себеси за ненадмината на љубовното поле и искрено сакаат да ви подарат задоволство. Ако немате желба за тоа, треба да дадете објаснување не дека сексот не ве привлекува, туку со некој друг ваш проблем.

             – многу често се обраќате кон нив со ситни желби и молби. Во големите тие сами ќе ви помогнат, но ако се тревожите со мали, може да си навлечете караница.

Стрелецот ќе се навреди ако…

             – на долги и нашироко му објаснувате нешто или му давате совет. Стрелците се луѓе на дејствување. Тие се дразнат од опишувањето на деталите. Тие и без тоа знаат што треба да прават, а вие со вашето дрдорење само им одземате скапоцено време.

             – го обвинувате за скржавост или егоизам.

             – му го одземате светото право да знае с# подобро од другите;

             – комуницирате со него премногу фамилијарно. Никакво обраќање на “ти” таму каде што треба да се говори на “вие” и никакви пријателски потчукнувања по рамото и молби да позајмите нешто од неговите лични предмети.

             – исмевате некој од неговите пријатели или колеги. За своите тој се бори до последен здив.

             – го принудувате да се занимава со вообичаени тутински работи.

Јарецот  ќе се навреди ако…

             – се потсмевате на неговите успеси. Дури, кога тој цел живот работел над стапица за глувци, која не фатила ниту еден глушец и ако многу ви се сака да се пошегувате во врска со тоа, подобро да не го правите;

             – ги нарушувате роковите кои тој ги поставил, се треба да биде направено на време;

             – премногу отворено зборувате со него на сексуални теми. Тој е човек лесно ранлив и втурнувајќи се во неговата интимна сфера вие ризикувате да кажете нешто што не е на место.

             – безумно трошите пари дури и ако не се негови.

             – мљацкате, ждригате или јадете со раце во негово присуство. Самиот тој поседува добри манири и се грижи да не општи блиску со луѓе кои не можат да се хранат културно.

Водолијата ќе се навреди ако…

             – премногу му ја наметнувате својата гледна точка. Таа многу сака да спори и секогаш се грижи да го има последниот збор.

             – не  се восхитувате на неговите супер идеи;

             – се обидувате да ја ограничите неговата скапоцена слобода;

             – ги критикувате неговите планови за иднина и кажете дека нема шанси да го остварат тоа што си го замислила.

Рибите ќе се навреди ако…

             – ги симнете од небото на земјата и отворено изјавите дека екипажот за најблиското космичко патување е подготвен, а вашите Риби не се на списокот;

             – ги разгледувате настаните од нивниот личен живот (ако Рибите ве замолиле за совет, тоа е сосема друга работа);

             – се потсмевате на нивните претчувства и интуиција;

             – се обидувате од нив да ја сокриете вистината. Рибите ги презираат лажговците затоа што самите тие се многу искрени.

ПРОСТИ ИЛИ УБИЈ

             Според статистиката луѓето што не се притеснуваат да бараат прошка имаат многу повеќе шанси да си го средат својот личен живот и да направат успешна кариера. При тоа оние кои кажуваат: “Извини, јас нешто те навредив”, речиси им е простено се, бидејќи не се трудат да разберат со што го го засегнале човекот. Ако некои други луѓе дури и кога ќе побараат прошка, не ја добиваат. Тоа е пред се затоа што биле невнимателни да го засегнат Ракот, Скорпијата или Рибите. Претставниците на водените знаци се луѓе кои помнат зло и тешко им простуваат на оние што ги повредиле.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20