ДАТАТА НА РАЃАЊЕ –

ЗА ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈАТА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Денот во месецот кога сме родени има посебно значење. Многу веруваат дека тоа е предодреден ден кој може да ни помогне да ги спроведеме своите кармички активности и да го искористиме кармичкото искуство, акумулирано во текот на неколкуте претходни животи.

Датумот на раѓањето ги означува талентите и способностите кои сме ги донеле со себе и е примарен фактор во избор на професијата, а најголемо влијание има помеѓу 28-та и 56-та година од животот.

Првиот: Ако сте родени првиот ден во месецот вие поседувате динамична личност и често се наоѓате во центарот на вниманието. Можете да изберете уметничка кариера која ќе ви овозможи да ги покажете својата креативност, или работа со деца, животни или домашни миленичиња, со што ќе се задоволи чувствителната страна на вашата природа. Бидејќи повеќе сакате да работите по свое, најмногу би ви одговарало да бидете независни во работата или на раководителна положба.

Вториот: Ако сте родени вториот ден во месецот вие сте многу интуитивни и склони да реагирате повеќе емотивно, отколку интелектуално. Бидејќи сте сочувствителни по природа, веројатно ќе изберете професија во чии рамки ќе се грижите за други, како што е менаџмент, политика или социјална служба. Ви одговара личен контакт, затоа се големи шансите дека ќе одберете област во која може да се соработува со други.

Третиот: Ако сте родени третиот ден во месецот вие сте полни со разбирање и толерантрни кон оние кои се разликуваат од вас. Бидејќи имате способност да асимилирате комплексни прашања и да ги пренесувате на други, ќе ви одговара професија поврзана со патувања, образование, издаваштво, теологија или финансиски работи.

Четвртиот: Имате многу енергија која можете да ја искористите ако ја насочите во вистинска насока. По правило, сакате судбината да ја држите во свои раце, па поради тоа не ви одговара да бидете член на некој тим. Предодредени сте за професии кои ви даваат слобода да работите индивидуално.

Петтиот: Ако сте родени петтиот ден во месецот вие сте со љубопитен ум и склони сте аналитички да ги истражувате новите идеи. Ви одговара секоја професија која ве поттикнува во ова, а тоа се административни работи, книговодство и работа на компјутери.

Шесттиот: Лесно склопувате пријателства. Поседувате внатрешно чувство за дипломатија и знаете што да кажете, речиси во секоја ситуација. Ќе постигнете високи цели во уметноста и музиката, или како претставник, консултант, советник или адвокат.

Седмиот: Ако сте родени седмиот ден во месецот вие имате многу високи идеали и затоа понекогаш сте разочарани бидејќи другите не постапуваат според вашите очекувања. Ви одговара кариера во медицина, фармација или козметичка индустрија.

Осмиот: Ве краси сериозност и на вас може да се смета дека ќе ги завршите своите обврски. Бројните одговорности ве прават по малку преокупирани со себе. Можете да се определите за некој бизнис во кој вашите организаторски способности најмногу ќе дојдат до израз.

Деветтиот: Ако сте родени деветтиот ден во месецот пријателите ве сметаат за независна личност која не ја сопираат конвенционалните морални норми. Ви одговара кариера на телевизија, во авио-индустрија, или во област на информатската технологија.

Десеттиот: Преполни сте со енергија која може да се насочи кон постигнување на цели, кои сте си ги поставиле самите на себе. Иако, во основа сте со ведро расположени, повремено го покажувате својот темперамент, со што ги збунувате луѓето околу вас. Ви одговара професија во медицина, контрола на квалитетот, дури и шпионирање!

Единаесеттиот: Ако сте родени единаесеттиот ден во месецот вие сте многу чувствителни и на вас влијаат емотивните состојби на другите личности, па поради тоа често ги прифаќате како свои. Бидејќи сакате да помогнете, емоционално премногу се ангажирате. Затоа морате да научите на вистински начин да се дистанцирате од луѓето кои имаат лични проблеми. Би требало да побарате професија која овозможува контакти, како што се набавни служби, работа со странки или давање совети.

Дванаесеттиот: Вие сте една од оние личности кои често ги завршуваат работите кои други ги започнале и ги оставиле незавршени. Се одликувате со мудрост за која знаат само вашите најблиски пријатели, бидејќи не сакате да го изразувате своето мислење, ниту да давате совети доколку никој не ги побара. Размислете за кариера на наставник, трговец или посредник.

Тринаесеттиот: Вие сте личност која се посветува на работата до потполно завршување, без оглед на тоа дали токму вие сте ја започнале таа работа. Имате многу убедлив настап кој може да ги заплаши оние кои немаат доволно самодоверба. Иако по природа сте осменик, имате добри организаторски способности и ќе остварите добри резултати како менаџер или архитект, па дури и ако се посветите на земјоделството.

Четиринаесеттиот: Ве одликува методичност која најдобро ја користите кога работите самостојно. Дури и кога сте член на некој тим, за себе ќе обезбедите одделен простор за работа. Бидејќи посветувате внимание на детали, ви одговараат сложените управни работи, но бидете внимателни да не си ги препишете себеси заслугите за тоа што другите го направиле.

Петнаесеттиот: Пријатни сте по природа и знаете да разговарате со луѓе со различно образование. Вашата дипломатичност несомнено ќе ви помогне да постигнете успех во секоја професија која ќе ја одберете, но разгледајте го банкарството, работа како козметичар или физиотерапевт.

Шеснаесеттиот: По малку сте идеалист, па поради тоа сте подготвени на се во настојувањето да го промените сето она, за што сметате дека е потребно да се промени. Ви одговараат професии поврзани со вода, како што се бродоградба, рибарство или спортови на вода.

Седумнаесеттиот: Веројатно сте многу образовани, но знаењето повеќе го стекнувате од сопственото искуство, отколку од училница. Бидејќи добро комуницирате со луѓето од различни слоеви, предодредени сте за кариера на трговец, која постепено ќе ве доведе до директорска положба, откако ќе ги докажете своите вредности.

Осумнаесеттиот: Многу сте чувствителни и склони сте да ја користите својата интуиција за да успеете на работа. Можеби ќе работите со луѓе кои, поради љубомора или несигурност, се обидуваат да ве дискриминираат. Во такви околности најдобро е да не се огледувате на тоа, туку да истраете. Бидејќи сте инвентивни, ви одговара секоја работа која подразбира решавање проблеми.

Деветнаесеттиот: Понекогаш сте променливи и по малку егоцентрични во својот пристап кон животот. По правило, сакате да сте запознаени со најновата технологија и да сте во центарот на настаните. Особено би ви одговарала некоја од новите професии во областа на телекомуникацијата и информатиката.

Дваесеттиот: Во контактите со луѓето повремено одите во крајност. Иако сте внимателна личност, потребно е да го смирите својот темперамент, така што другите навистина да можат да ја ценат помошта која им ја давате. Важно е да сфатите дека ќе имате корист од вашите услуги само ако навистина сакаат помош, инаку вашите добри намери ќе ги протолкуваат како мешање во приватни работи. Размислете за професија која вклучува грижа за други, како што е негување на болни, грижење за деца, адвокатура или опремување на станови.

Дваесет и првиот: Ако сте родени на овој ден, размислувате како меѓучовечките односи влијаат на групата како целина. На вас другите можат да сметаат дека ќе ги завршите работите кои сте ги започнале, па поради тоа ќе ве вклучат во програми кои бараат совесна работа. Ви одговараат професии поврзани со финансии, издаваштво и советодавство.

Дваесет и вториот: По малку сте видовити и склони својата интуиција да ја користите за напредување на работа. Иако сте енергични, не заборавајте дека има скриени непријатели кои можат да ви го искомплицираат животот, доколку ги откријат вашите слабости. Ви одговара архитектура, уредување на ентериерот и работи кои бараат добри организаторски вештини.

Дваесет и третиот: Многу сте аналитични и склони се околу себе да доведувате во прашање. Комуникативни сте и често преземате улога на посредник. Личните односи за вас се важни, па поради тоа го негувате пријателството на работа и во другите средини. Иако би биле среќни како аналитичар или сметководител, не би требало да го занемарите ни свештеничката професија, бидејќи контактите од тој вид би ви овозможиле големо задоволство.

Дваесет и четвртиот: Темпераментот ви е пријатен, но доволно сте упорни за да во животот го остварите тоа што го сакате. Многу вложувате во негувањето на меѓучовечките односи, и веројатно ќе имате многу пријатели и на работа и во приватниот живот. Ви одговара професија на судија, референт, како и службеник за кадровски прашања.

Дваесет и петтиот: Постои духовна страна на вашата природа која можеби ја познаваат само оние кои ви се најблиски. Вашиот став по малку е филозофски, но ве фаќа меланхолија кога ќе почувствувате дека работите не испаднале според вашите очекувања – особено кога се однесуваат на вашите односи со другите луѓе. Добро би ви одговарала улога на советник или лекар.

Дваесет и шестиот: Можеби уште од рана возраст сте имале голема одговорност, па поради тоа вашата природа се карактеризира со сериозност. Морате многу да се трудите да ги развиете односите со другите луѓе, зато вашите врски ќе имаат успеси и падови пред да ја најдете личноста со која што ќе го поминете остатокот од животот. Вреден работник сте, со исклучителни организаторски способности- затоа ќе имате успех на положба како надзорник или директор, за што поседувате потребни квалитети.

Дваесет и седмиот: Многу сте променливи и понекогаш другите ве сметаат за лекомислена личност. Интелегентни сте и полни со оригинални идеи, па би сакале да се опкружени со сродни души. Бидејќи сте често пред останатите, најблиските пријатели можат да ве сметаат по малку за егоцентричен и непостојан, особено кога сте под стрес. Потребни ви се другите околу вас за да бидете успешни, и тоа на полето на науката, истражувањето, телекомуникацијата.

Дваесет и осмиот: Сакате да се видите себеси како ѕвезда – особено на работа, па се чувствувате загрозени од страна на оние за кои мислите дека се повешти од вас. По секоја цена ќе настојувате да бидете опкружени со вистински пријатели кои ќе ви обезбедат имиџ кој сакате да го проектирате. Иако вредно работите за да постигнете резултати, не уживате да работите сами, па поради тоа ќе развиете блиски пријателства на работното место. Размислете за работите во кои можете да ја користите својата креативност, како што се оние поврзани за туризам или работа со деца.

Дваесет и деветтиот: По природа сте обзирни кон другите, па поради тоа ќе се определите за кариера во чии рамки ќе бидете одговорни за други луѓе. Иако, најверојатно, ќе остварите успех на работа, во приватниот живот ќе доживеете успеси и падови во потрага по лично исполнување. Спротивставете се на тенденцијата да одите во крајност кога сте изложени на притисок.

Триесеттиот: Добро сте известени за многу работи, па поради тоа сте во состојба да водите конверзација на различни теми. Бидејќи за вас образованието е важно, ќе продолжите да стекнувате знаење во текот на целиот живот. Во професионална смисла, ви одговараат професии поврзани со универзитет, патувања, издавачка дејност или спорт.

Триесет и првиот: Вие сте личност која другите ја следат поради вашата внатрешна сила и самодоверба. Имате голем круг на пријатели, но сепак по малку сте осаменик кој никој нема да го натера да учествува во некоја активност во која тој не сака. Во поглед на професијата ќе остварите успех во улога на истражувач или раководител.

Подетално за вашиот карктер и што ве очекува, можете да се информирате на контакт тел. 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ со предвидувања

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20