Новогодишни верувања… 12-ТЕ МАГИСКИ ДЕНОВИ
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Како ќе ја пречекаш новата година, така ќе живаееш цела година – тоа го знаат сите. А меѓу останатото, освен празничната ноќ не помало значење имаат и првите 12 денови од годината што настапува, се разбира, ако постапувате според нашите препораки.
Во празничната ноќ сите сме малку луди, т.е. среќни и не гледаме во часовниците. Но Уште следниот ден на 1-ви јануари – времето неумоливо го одмерува својот од и ние би сме можеле да го искористиме тоа за свесно да ги формираме сите настани во текот на годината. Работата е во тоа што секој од првите 12 денови поседува посебна космичка моќ и одговара за определен месец од годината. Како што ќе го поминете први јануари, така ќе се чувствувате во јануари, втори јануари одговара за февруари, трети јануари – за март итн. Секој месец од годината соодветствува на една или друга област од нашиот живот и затоа ние имаме можност постепено, стапка по стапка да подредиме се што сакаме.
Првите 12 денови од јануари се 12-те месеци во годината:
1 јануари:
Љубов моја, бескрајна!
Одадалечете се подалеку од телевизорот и помислете колку забележителна личност сте, колку многу сте направиле за блиските, колку бескрајно ги сакате и како тие ви враќаат исто. Пофалете се себеси за успесите, одмавнете со рака за грешките и пропустите. И најглавното – врз чист бел лист напишете убаво с# што би измениле околу себеси. Скријте го некаде каде што никој нема да го види. Впрочем, ако сакате од нешто да се излекувате или да ослабнете, токму сега е моментот да започнете нов комплекс со вежби. Тој сигурно ќе ви даде сили и бодрост во годината што следува.
Резултат: Јануари на ново ниво ќе ги подигне односите со вашите блиски.
2 јануари:
Што имате на својата трпеза?
Обрнете специјално внимание на храната: дали има доволно витамини, јаглени хидрати и белковини? Менито во текот на тој ден ќе послужи за насобирање на енергетски потенцијал, така што од изутрина јадете само корсни нешта. Освен тоа, потсетете се што ви недостига во вашето мени во изминатата година? Риба? Плодови? Семиња? (Природно во овој список не се вклучени искушенијата во вид на торти, слатки, бомбони…) Во детали обмислете го своето мени во текот на годината, а освен тоа, составете го финасискиот план за годината – кога и што сакате да купите.
Резултат: Во февруари вие ќе заборавите за болестите, ќе почувствувате проток на оптимизам.
3 јануари:
Што? Каде? Кога?
Да се погрижиме за корисната информација. Помислете си во која област ви се потребни знаења: можеби треба да научите странски јазик? Или сакате да научите нова ефективна психотерапија? Ако денес го направите првиот чекор, сметајте дека половина работа е завршена.
Резултат: Март ќе ви подари среќна можност да искористите нови знаења.
4 јануари:
Почеток на почетоците
Посветете се на своите родители, особено на мајка си. Начините можат да бидат различни – и помош во домаќинството или за духовен разговор. Средете си ги семејните архиви и фото албуми. Ги чувате ли писмата на својот партнер. Прочитајте ги: тоа силно ќе го поткрепи вашиот сојуз.
Резултат: Во април роднините ќе бидат ваша надеж и потпора
5 јануари:
Виорот на привлечноста
Заборавете на работата и тргнете кон разонода. Со вас нека бидат само оние кои ги сакате. Помалку размислувања и сомнежи, повеќе фантазија и креативност! Да живее личниот живот! Ако во тој ден кај вас се појави симпатија кон некого, знајте дека тоа ќе биде за долго и сериозно.
Резултат: Мај ќе биде најромантичниот месец во годината.
6 јануари:
Добра атмосфера
Бидете воздржани, сосредоточете се врз тоа кое бара упорност и постојаност. Погрижете се с# да биде доразбрано и доискажано: денот треба да помине во знакот на компромис и помирување. Ако за тој ден сте планирале некаква посета во официјална институција, подобро одложете за друг ден.
Резултат: Во јуни вие ќе откриете дека луѓето кои ве сакаат и се готови да ви помогнат не се малку.
7 јануари
Исполнети со љубов
Ќе бидете исполнети со љубов, со силна желба за заеднички живот. Ако не сте во врска можна е средба или ново позновство, денот ќе ви е поволен за нова љубов или врска. Љубовта ќе ви биде двигател за многу активности. Ќе добиете многу покани за дрружење или забава. Партнерот ќе ве опсипува со љубов и внимание. На 7 јануари бидете подалеку од конфликтите со партнерот – ќе ве следат цела година.
Резултат: Во јули ќе ви се случат коренити, поволни промени во љубовта. Ако не сте во врска ќе ви биде најубав месец за влегувањее во нова љубов, сериозна врска или брак.
8 јануари:
Колку потивко, толку подалеку
Тежок ден, неговата смисла е во не правење ништо. Ако работите, земете си слободен ден или пак без да го напуштате работното место, откажете ги сите порачки и ангажмани. И во никој случај не спорете со раководсвото. Ако не можете да живеете без ризик: дејствувајте, но внимателно. Но само имајте предвид: август ќе биде полн со екстремни настани и ненадејни пресврти.
Резултат: Август зависи исклучиво од вас. Или тишина и спокојство, или неверојатни авантури со непредвидливо финале.
9 јануари:
Движењето е живот!
Дозволете си патување. Ако не во потоплите краишта, тогаш во оној крај од градот каде што никогаш не сте биле. Внимателно гледајте ја околината – формата, облиците, архитектонските особености, рекламните табли. А самите вие бидете отворени и позитивни, не се стеснувајте први да започнете разговор со луѓето околу вас.
Резултат: Септември ќе ви подари многу интересни настани и добри новости.
10 јануари:
СТРЕМЕЖ КОН ВРВОВИТЕ
Повеќе амбиција. Сакате раст во кариерата, поголем авторитет и повеќе финасии? Започнете веднаш. Големото израснува од малото, така што имајте трпение. Составете си соодветен план за тоа што мислите да го направите на професионален план. Да се запишете на некаков курс? Решете сега на каков и точно кога? Поразговарајте со раководството за перспективите. А можеби е време да ја смените работата? Запишете детално и читливо с# што ќе ви дојде на ум, а потоа процените кое ќе биде прво, второ итн.
Резултат: Во октомври ситуацијата ќе биде во ваша полза и вие ќе направите добар чекор во кариерата.
11 јануари:
ДА ГО ОТФРЛИМЕ НЕПОТРЕБНОТО
С# што го изживеало времето и ги дразни очите – надвор. Исфрлете го ѓубрето од домот, штетните мисли од главата, а навредите од срцето. Чудесно би било да го смените имиџот и манирите на однесување. Освен тоа, би било добро да се појавите во ново опкружување со нов раководител или позната личност. Но не треба да заборавите на старите проверени пријатели: само едно поѕвонување денес – и може да сметате дека сте добиле нов кредит.
Резултат: Во ноември ќе ви се случи нешто ново и значајно и ќе се почувствувате многу помлади.
12 јануари:
Самообучување
Завршувачки ден од циклусот. Тој треба да биде посветен на “внатрешниот непријател” – сопствените недостатоци и штетни навики. Тие безвредни нешта од ден на ден го јадат нашето време и сили кои би можеле да бидат искористени на многу подобар начин. Спомнете си од каде доаѓаат тие и измислете достоен противотров за нив: на пример за гризењето на ноктите – плетење, од премногу кафе ќе ве спаси зелениот чај, наместо бомбони и слатки можете да јадете јаболки.
Резултат: Во декември ќе утврдите дека заедно со ситните непријатели исчезнале и крупните. Дишете полека, ништо не ви пречи да му се радувате на животот.
Подетално што ве очекува, можете да се информирате на контакт тел. 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ со предвидувања:
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари