РАТА… Не пуштајте го злото во домот….

ХОРОСКОПОТ КРАЈНИЧКИ

Подготвил: Илија Бошков – Крајнички

За некои важни моменти на магиската заштита на домот раскажува професорот од САД, С. Канингам, специјалист за висока и народна магија

Вратата

Вратата од стари времиња ја потекнувала фантазијата на поетите, мистиците и маговите. Таа е симбол кој често се јавува во кошмарите и соновите. Што се крие зад вратата? Непознати работи, волшебни, тајни опасности?

Ако прозорците се очите на домот, тогаш вратата е неговата уста. Прозорците и вратите поседуваат особена сила и се користат со посебна почит, бидејќи нивната улога е да се одвратат сите нечисти работи од домот.

Вратата е нешто повеќе од обично парче дрво, две кваки, клучалка. Вратата е влез за други работи. Се смета дека вратата и нејзините составни делови (праг, свод, рамка) поседуваат магични, ритуални својства. Има многу обреди за заштита поврзани со вратата.

Предметите закачени од двете страни на вратата откај улицата заштитуваат од непожелни лоши сили. Може да користите парче памук или метла. Круг нацртан со креда ги плаши призраците, лукот закачен на вратата заштитува од болест во домот и од злобните желби на на лошите луѓе, а торбичка со сол ги гони демоните.

Има и други начини да го заштитиме домот од влегувањето на лошите сили: ставете две игли на крст под бришачот пред прагот; обојте ја вратата сино – сината боја се смета за света; расфрлајте семе од горчица или закопате смола од драконово дрво под прагот на влезната врата; заковајте од внатрешната страна на вратата три железа во форма на триаголник, свртени со врвот нагоре.

За да го заштитите уште подобро домот, пред влезот можат да се посејат специјални билки – во саксија да се посее папрат, лилјан, невен и смрека. Старите чорапи наполнети со сол, жалфија, божур и други заштитни билки можат да се закопаат под прагот од надворешната страна.

Вратата е многу добро место за привлекување разни видови енергија. На пример, пет блескави монети ставени под прагот, во домот ќе Ви донесат пари и љубов, а парче леб закопано под прагот ќе се погрижи никогаш да не дознаете што значи глад.

Клучот

Клучевите поседуваат сопствени магиски својства, и според старата религиозна претстава, биле исклучително важни. Богињата на магијата Хекета ги поседувала клучевите од вселената. Јанус, римскиот бог на вратите, исто така ги поседувал клучевите. Старите жреци исто така ги држеле клучевите, кои ја симболизираат тајната сила, магиската врска со божествата.

Клучот е фалусен симбол, претставува машки принцип, а исто така и мудрост, достигнување на повисоко ниво на осознавање и магијска заштита.

Има многу ритуали со клуч кои може да ги извршите. На пример, може да се носи клуч на ланче -тоа ќе ве направи помудри; стар железен клуч под матарка против импонтетност; златен клуч на врата заштитува од лоши очи, три клуча на ланче носат здравје, богатство и љубов.

Се смета дека клуч поставен на грбот ќе Ве избави од главоболка и ќе го смири течењето на крв од нос. Секој клуч што го носите со Вас Ви носи среќа додека го користите за некоја од Вашите клучалки. Клучот ставен во лулка ќе го „заклучи” бебето во домот да не го украдат самовилите (иако тоа денес не е многу актуелно). Клуч поставен на креветот, свртен нагоре, ги гони лошите кошмари и носи спокоен сон. За да ги заштите домашните животни, ставете мал клуч на местото каде што спијат. Ако носите клуч на телото, тоа ќе Ви ја зголеми плодноста.

Прозорец

Прозорецот, просто кажано, е врата без клуч. За заштита, на врвот од прозорецот можете да нацртате или да изрежете пентаграми. Белата завеса го сокрива Сонцето и заштитува од секакви непријатни дејствувања. Мали морски камчиња, парче стакло, морски ракови… ставени на прозорецот дејствуваат заштитнички; тука можете да ставите и голем црвен домат. Злите сили бегаат од топка и од зелено стакло, закачено пред прозорецот.

Кога ги миете прозорците со алкохол или оцет, не само што ги правите поблескави, туку и ги каните враговите да го „благословат” Вашиот дом.

Кога се селите во нов дом, обидете се да го направите следниот обред (уште поефективно е ако го изведете ова кога првпат ќе спиете во него).

Пред да легнете да спиете, пребројте ги посебните стакла на прозорецот во собата. Потоа помислете си желба и легнете да спиете.

На крајот, посипете сол на прагот ако среќата ви избегала – тоа ќе помогне таа да се врати.

Подетално што ве очекува, можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20