ФИЗИОНОМИЈА – 130 ЗНАЦИ НА ЛИЦЕТО

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува:: Илија Бошков – Крајнички

130 ЗНАЦИ НА ЛИЦЕТО

Физиономијата го определува човечкиот карактер по лицето; тоа е всушност настарото гледање. За татковина на оваа наука се зема Кина.

Бројот на карактерни знаци наведени за изучување е околу 130 – а Јапонците само за очите наведуваат околу 40. Сите знаци се оформуват околу 40-та година од животниот век на човекот.

ОЧИТЕ

„огледало на душата”

Големите очи зборуваат за чувствителност; честопати за мажественост и лидерски квалитети. Многубројните брчки на клепките оддаваат стремеж кон власта. Премногу широките “округли” очи зборуваат за мечтателност. Но, тие зборуваат и за мрзливост, а и лажливост.

Неголемите очи зборуваат за стабилност, но и честопати ги оддаваат саможивите и тврдоглавите луѓе.

Малите, претежно темни очи, говорат за темпераментност и љубезност; честопати се сведоци за красноречивост.

Ако се округли, „бегачки”, внимавајте: можеби укажуваат на циник и измамник.

Издолжените очи укажуваат на моќен ум.

Светлите очи укажуваат на проникливост, недоверба и лукавост, до зависност. Светлите, длабоки, затворени очи зборуваат за недоверба, некогаш итрина и алчност.

Не многу широките, отворените, не округли очи, расположени на една линија со тенки брчки, го откриваат умниот и прониклив човек

Ако очите се благо скратени оддаваат решителност кај мажите и блага неразумност кај жените.

Општи информации за карактерот на човекот дава:

НОСОТ

Долгиот нос е сведоштво за силна индивидуалност.

Ако е совршено прав и мазен, може да зборува за материјалистички начин на размислување, за рамнодушност кон с# возвишено. Во комбинација со сини очи е сведок за многу барања, стремежи кон недостижното. Крушкастиот долг и подгрбавен нос ги открива мрачните луѓе. Кусиот нос зборува за отворена душа и за оптимизам. Широкиот нос одразува добродушност, а понекогаш и нерешителност во карактерот на луѓето. Луѓето што имаат нос со широка основа никогаш не го губат присуството на духот и поседуваат силна волја.

Такви носеви имале, ако судиме по скулптурите или портретите: Сократ, Кромвел, Петар Први.

Луѓе со непропорционално мали носеви и неправилни носеви имаат ограничени интереси; тие се саможивци.

Широките ноздри говорат за живот и оптимизам.

Нос виснат надолу со крај како клун на орел открива проникливост, итрина, понекогаш и непростување.

Ноздрите подигнати нагоре некогаш говорат за лесноверие.

Испакнатите ноздри укажуваат на каприциозност, на невоздржаност. Раздвоениот крај на носот оддава нерешителност.

Многу мали ноздри говорат за подмитливост; широките ноздри за сомничавост.

Се смета дека ако имате мала уста бргу се заморувате од борбата за опстанок и имате слаб карактер.

Големата уста е знак на мажественост, а кај жените пак на женственост. Лицата со чуствителна природа имаат неголема уста, со усни опуштени во аглите. Таквите линии кај свиените усни зборуваат за принципите на нивниот сопственик – тие се сведоци за срдечност.

Испакнатите, полни усни се знак за животен успех.

Хоризонталните линии на устата (без извиткувања) се знак на емоционална урамнетеженост.

Извитканите усни се сведок за претовареност на нервниот систем и за упорност. Истакната горна усна оддава нерешителност, а истакната долна усна – егоизам.

Ако за време на смеењето

Лицето си ја покрива устата со рака, знајте дека нема самодоверба, претпочита да остане во сенка, склон е кон самоанализа и премногу е самокритичен.

Ако пак при смеењето мавта со главата, сигнализира дека е лесноумен и дека тешко умее да си ги изрази мислите.

При смеењето, мечтателите и фантазерите го допираат лицето или главата со раката. Ако при смеење лицето го допира или трие носот, значи дека погледите и чувствата брзо му се менуваат. Тој лесно му се препушта на моменталното расположение.

Со полн глас се смеат темпераментните личности.

Високо поставените уши

се знак за голем интелект.

Ако интелектот е поголем од просечниот, тогаш врвовите на ушите се во иста рамнина со очите.

Ниската поставеност на ушите сведочи за среден или неразвиен ум. големите, тенки уши зборуваат за музички способности (особено ако се коси).

Малите дебели уши зборуваат за недостиг на музички способности. Уште помалите, дебели и прилепени уши понекогаш одаваат ситничавост, непостојаност и неискреност.

Долги и тесни уши имаат лесноумните лица, неспособни да се сконцентрираат, скржавците и зависниците.

Ако се пак дебели, тоа значи дека пред вас стои ограничена личност.

Кај талентираните, ушите се широки и тенки. Ушите зашилени нагоре (волчји) оддаваат грубост и жестокост. Влакната во ушите одразуваат страсна природа.

Отсуството на долниот месен дел (ресичката) на увото укажува на суров карактер. Таквите личности може да имаат добро воспитание и да се комуникативни, но во многу случаи се дистанцирани, студени, дури и груби кон другите.

Колку е поголема ресичката, толку е поумен човекот. На Исток личностите со големи ресички се сметаат за мудреци.

Доколку долниот дел на увото е благо завиен кон напред, тогаш знајте дека станува збор за лице со богат духовен живот.

Внатрешното здебелување на увото пак зборува за емотивна природа. Истакнатото здебелување укажува на импулсивност.

Отсуството на внатрешно здебелување укажува на воздржаност.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20