РИТУАЛИ ЗА НОВАТА ГОДИНА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Подготвил: Илија Бошков – Крајнички

Бидете живи и здрави! И животот нека ви биде полн со волшебства! Весела и среќна Нова Година!

ВОЛШЕБНИ БАЊИ

За исчистување на негативните енергии

На 30 декември зоврете вода и поставете во неа седефче, рузмарин, риган, бело и црвено мушкато. Откако ќе се искапете, налејте се со нив и оставете така кожата тоа добро да го впие. Тие бањи се добри за да ги измиете од себе негативните енергии собрани во текот на годината и прочистени да ја започнете новата.

За постигање на финасиски просперитет

Таа бања се прави во последниот ден од старата година и со нејзина помош вие ќе си осигурате финасиски успех преку цела година.

Поставете во сад со 2 литри вода китче магданос, малку канела, индиско оревче и мед. Нека врие 10 минути. По тоа прецедете и оставете да се олади. Искапете се на вообичаениот начин и на крајот посипете се со смесата. Не се бришете. Оставете да се исуши врз вас и потоа облечете се.

МАГИЈА НА ПОЛНА МЕСЕЧИНА

Полна месечина во јануари

За да ја одбележите првата полна месечина во новата година запалете бела свеќа на првата скала во вашата куќа. На тој начин вие давате сигнал дека сте расположени да прифатите секоја од Месечевите промени во годините со љубов и вера. Месечината ќе ја изрази својата благодарност и почит и со помош на нејзината магија ќе ви помага за исполнување на вашите желби.

За љубов и хармонија

Тој ритуал се прави на почетокот на годината. Земете две бели свеќи, едбана розова и една сина. Поставете ги на некоја табла и запалете ги. Гледајќи во нив кажете:

„Огнена светлина која го осветлува мојот пат кон спасот, света сила и моќ, која ми дарува среќа и љубов во текот на целата година. Подари ми сила и голема животна енергија и дозволи таа да тече меѓу нас”.

ДОМАШНА МАГИЈА

Со помош на својата долна облека можете да си осигурате љубов, вера, пари во текот на целата година. Во новогодишната ноќ носете долна облека со боја:

црвена – за да имате успех во љубовта

жолта – за финасиски успех, ја симболизира силата на златото

сина – за да не ве напушти верата и надежта во текот на целата година.

Постои една древна практика за отсранување на лошата среќа и непријатност во животот. Напишете на лист хартија се кое што сакате да отстраните од вашиот живот. Точно на полноќ отидете до река и пуштете го листот по течението на водата. Тргнете без да се вртите наназад. Колку повеќе плива листот, толку подалеку си оди вашата лоша среќа.

За да привлечете богатство и пари во новата година поставете една банкнота во вашиот чевел.

За да се кренете во својот живот, качете се на последната скала во вашата куќа или зграда или врз столот на кој седите, точно на полноќ.

Ова е ритуал кој се прави во текот на целата година, за да може успехот и среќата да се постојано со вас.

Во денот на млада месечина на прозорецот поставете сад со изворска вода и бел цвет. Потоа приберете ја пред изгревот на сонцето. Правете го тоа додека го гледате српот на Месечината. Приберете ги листовите во кутија. Правете го тоа секој месец и секогаш прбирајте ги ливчињата. На крајот на годината исфрлете ги ливчињата во градината со благодарност за постигнатиот успех.

За да ги сочувате љубовта во семејството и во следната година, во ноќта на 31-ви декември земете едно влакно од вашата коса и од косата на сопругот (сопругата) и чувајте ги во бела торбичка цела година. (Тоа се прави само ако во семејството има љубов и разбирање, а не со цел да го постигнете со сила).

За да си ја осигурате среќата во текот на целата година, точно на полноќ излезете пред домот и излејте едно цело шише шампањско пред вратата. Нека стои така во продолжение од 7 дни. По тоа измијте го.

За да е сита годината, изедете салата приготвена од седум плода, за да привлекување добра среќа – пченка; за да биде слатка годината – мед.

За да најдете љубов во новата година, во чаша црвено вино поставете розов кварц, покријте ја со свилена крпа и поставете ја до својот кревет. Изутрината извадете го каменот од виното. Тоа веќе е исполнето со енергијата на љубовта и ќе ви ја осигури во следната година.

За да не излезат парите од вашиот дом, во ноќта на 31-ви декември, под тапетите до влезната врата поставете монети. На тој начин вие секогаш кога влегувате и кога излегувате ќе бидете пресретнувани со богатство.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20