Новогодишни желби – ПОГЛЕДНЕТЕ ДО КОГО СЕДИТЕ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Масата – тоа е центарот на новогодишните славења. Седнатите на неа се насладуваат на вкусните јадења, но и решаваат важни проблеми.

Според древната астролошка традиција, сите хороскопски знаци започнуваат меѓусебе да разменуваат позитивна енергија. Затоа, многу важно е до кого седите на новогодишната маса.

Размената на енергија се случува според стрелката на часовникот, како што се поставени и сите дванаесет знаци во Зодијакот. На таков начин се дознава дека тој кој што седи од вашата десна страна ви дава дела од своите најдобри квалитетеи. А тој кој што ви е одлево, добива од вас позитивна енергија. Добро би било кога ги избирате местата да ги кажете и желбите кои ги имате кон своите соседи од лево и десно.

Треба да седнете до ОВЕН ако во следната година мечтаете да заземете некое раководно место во својата работа, да се научите да донесувате брзи решенија, да победувате во споровите и игрите.

БИКОТ дарува трпение добро расудување, стабилност во животот и во љубовта. Во следната година ниту една подробност нема да му избегне на вашето внимание.

БЛИЗНАЦИТЕ ќе станат најдобри талисмани за оние кои мечтаат за промена, слобода и независност. Тие откриваат нови хоризонти за комуникација, помагаат да се подобри разбирањето.

РАКОТ посакува добри семејни односи, пријатност во домот и… фрижидер кој секогаш е полн со највкусни продукти.

ЛАВОТ може да ви помогне да се здобиете со нови пријатели, да станете по енергични и дарежливи. Соседството со Лав ќе ви го подобри оптимизмот, љубовта кон животот и самоувереноста.

ДЕВИЦАТА ќе ви донесе разумност, позитивни придобивки и умешност да се оспособите за нова професија. Седнете до Девица, ако сакате во следната година да ги овладеете тајните на кулинарската вештина.

ТЕРЕЗИЈАТА е покровител на успехот во деловните преговори, убавата нова облека, а исто така и посетувањето на изложби, театри, кино, со еден збор – културниот живот.

СКОРПИЈАТА ќе им подари успех на претставниците на спротивниот пол, исто така овој знак е покровител на зачнувањето деца и растеж во кариерата.

СТРЕЛЕЦОТ ќе се погрижи годината што доаѓа да биде полна со изненадувања и авантури, а исто така да поставите правилни цели пред себеси и лесно да ги постигнете.

ЈАРЕЦ ќе ви помогне да ги решите проблемите со недвижностите, да најдете заеднички јазик со повозрасните роднини, а на студентите и учениците – да добиваат добри оцени.

ВОДОЛИЈАТА ќе им помогне на колебливците да го најдат вистинскиот пат во животот, да ги разликуваат реалните цели од илузиите, да направат некакво генијално откритие.

РИБИТЕ одговараат за развојот на интиуцијата и сакаат успех на сите кои мечтаат да се зафатат со добротворни цели, а исто така и на луѓето чија професија е поврзано со творештво.

Подетално каква ќе ви биде неделата можете да се информирате во редакцијата онтакт тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА  СТРАНИ – 1.500 денари
СОЛАРНИ НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.500денари
КОМПЛЕТНИ-
НАТАЛЕНИ СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30 – ина СТРАНИ – 2.500денари            

     

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20