СЕКСУАЛНА МАГИЈА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Магијското мислење е старо колку човекот. Кога предците не можеле да најдат логично објаснение на природните појави, тие им ги припишувале на повисоките сили, со кои се обидувале да контактираат. Така се родила и религијата.

Шамани и волшебници се обидувале да ги искористат високите сили за свои цели, со помош на сложени ритуали. Така се родила и магијата. Во разни историски епохи таа преживеала многубројни промени – од лечење со билки низ египетскиот култ кон фалусот или хиндуската тантра (користење на сексуалната енергија) до алхемијата.

Со напредокот на науката, и во сегашно време, се повеќе луѓе се свртуваат кон внатрешноста, барат одговори од врачеви и екстрасенси, сектите добиваат се повеќе и повеќе приврзаници, а езотеричната литература се продава како топол леб.

Ви предавам дел од „Сексуална магија” – книгата за мислители од 19. век, напишана од Паскал Беверли Рандоф.

Рандолф тврди дека вистинската духовна власт може да се постигне само со владеење на сексуалната енергија.

Разгледувајте го сексуалното соединување во форма на молитва. Само паровите кои живеат во полна хармонија, можат да го почуствуваат тој ритуал. Ако половиот акт е совршен, силите кај двајцата се зголемуваат. Целта на молитвата, желбата или копнежот треба да се формулираат јасно пред соединувањето. Никогаш не се мешаат драгоцени супстанци со неквалитетен материјал. Никогаш за магиски ритуал не користи проститутки, девици, малолетни или туѓи партнери, почуствувај го празничниот акт со личноста што ја сакаш.

Неопходно е моментот на женската ерекција да се совпадне со мигот на машката ерекција – магијата дејствува само тогаш!

Соединувањето на мажот и жената треба да биде невино. Задоволствата и радоста на сетилата не треба да бидат основна цел. Претворете ја страста во духовно соединување, ако сакате молитвата да ве доведе до екстаза.

Телото бара грижи. Хигиената е света работа, особено кога се подготвуваш за ритуал на сексуално соединување. Чувај ги магиските намери како тајна. Молчењето ги концентрира силите и ги зголемува. Храни се едноставно – со природни продукти. Не претерувај со јадење и пиење. Избегнувај ги мрснотиите, алкохолот и зачините.

Спиј на тврд кревет, главата да ти е свртена кон север и да лежи на рамна перница. Спалната треба да биде студена и добро проветрена. Не се среќавајте премногу со љубената. Соединувајте се само кога и двајцата сте возбудени. Спијте во различни соби и соединувајте се не почесто од двапати неделно.

Мажот никогаш не треба да навалува на жената ако таа не одговара на неговите додворувања; не треба да го започнува актот, додека и двајцата не ја добијат желбата. Ова е многу важна препорака.

Мигот кога машкото семе влегува во телото на жената, е мигот на најголемата сила и најсилното чувство на човечкиот живот. Сите сили се будат од женскиот акт на Бог, од кого извира секоја желба.

Се црпи блаженствена сила од совршената љубов, вистинската симпатија и чувството дека во тебе живее убавината.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20