ОД РАКАВОТ НА МАГЕПСНИЦАТА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Подготвилл: Илија Бошков – Крајнички

За да не се разделите со саканиот

Ако сте уверени дека сте еден за друг, ако одамна сте заедно и ако сакате вашата врска да биде силна и трајна, направете го следниов ритуал:

Потребни Ви се следниве нешта: јаболкови цветови и ливченца од роза, црвена или бела свеќа, темјан, гранка од врба и неколку влакна од Вашиот (Вашата) сакан(а).

Треба да направите сопствен олтар на љубовта. За таа цел на мало столче постелете розова крпа или розов шал. Украсете го со јаболкови цветови или со розини лисја. Во петок на растечка Месечина запалете црвена или бела свеќа. Обратете се до вишите сили со молба за помош и поткрепа. Запалете темјан. Земете гранка од врба и заврзете ја со локна коса од саканиот човек, кажувајќи: „(Името на личноста), јас те сакам за цел живот!”.

Оставете ја гранката на олтарот на љубовта и веднаш помолете ги вишите сили за помош. Потоа скријте ја гранката под Вашиот душек и никому не кажувајте за тоа.

Како дополнување, за оваа цел се неопходни и неколку монети со еднаква вредност. Но, внимавајте – нивниот број треба да биде еднаков на бројот на вашите години. Монетите треба да ги раздадете како милостиња на просјаци. Поделете ги според Вашето мислење, и не заборавајте дека треба да ги раздадете сите монети. Притоа ништо не треба да кажувате.

ЗА ДА ВИ БИДЕ ЉУБЕНИОТ/ТА ВЕРЕН/А

Неопходни Ви се: пресно јајце, црвена лента широка 1 см. и неколку влакна од косата на саканиот (саканата). Внимателно скршете го јајцето и испијте ја содржината. После тоа внимателно ставете ги влакната во лушпата. Затворете го отворот со црвен восок и врзете го со црвена лента. Заврзете троен јазол.

Може да бидете сигурен (сигурна), дека Вашиот(Вашата) партнер(ка) нема да фати друг(а), с# додека го чувате тоа јајце на скришно место.

ОД КОШНИЧКАТА НА МАЃЕПСНИЧКАТА

БЕЛА МАГИЈА

На 11. ден од месецот да се запали мал оган, и кога ќе се разиграат пламењата, во него треба да се фрли дланка темјан. Додека темјанот чади, да се исцрта врз оганот ѕвезда со шест краци. На 11 ливчиња мека хартија да се напишат желби и имињата на тие за кои што е наменета белата магија.

Потоа 11 пати да се обиколи огнот, и при секоја обиколка да се фрла по едно ливче завиткано во свиток. Откако ќе се фрлат сите ливчиња, оганот се разгорува, но задолжително со лескови прачки. На крајот се земаат 11 жарчиња кои се пуштаат во осветена вода.

Таа вода се пие, и со неа се миеме.

ЗА ЉУБОВ И ПРОТИВ САМОТИЈА

При полна месечина, да се скинат два листа од дрво. Тој што го изведува ритуалот излегува бос пред вратата или на балконот, и ја гледа месечината преку двата листа од дрвото, кои се допрени но меѓу нив има процеп – како пукнатина. Тогаш со бела крпа во левата рака мафта кон месечината, потоа ги става во крпата лисјата (со затворени очи) и си легнува. Суеверието вели дека таа ноќ на сон ќе му/& се појави љубовникот или љубовницата. Другиот ден лисјата се виткаат во крпа и се запалуваат под некое плодно дрво.

Останатите лисја се сушат и се ронат со мала врбова прачка. Кога ќе се сретне саканата личност, изронетите лисја веднаш се носат под плоднато дрво.

МАГИЈА ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО НЕКОЕ ЛИЦЕ

Запалете сина свеќа. Напишете лично, позитивно и содржинско писмо до некого со кој сакате да се зближите. Изгорете го внимателно писмото на пламенот од свеќата. Додека гори, визуелизирајте го лицето на личноста што сте го замислиле и целта на писмото што му го испраќате.

Запалете мал пламен над изгореното писмо . Сосредоточете се на начинот на кој сакате да добиете одговор. Земете ги остатоците од пепелта и расфрлете ги по ветрот.

Не користете ја магијата за комуникација со умрени!!!

Подетално што ве очекува, можете да се информирате на  контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20