Да ли Заев ќе ја доживее судбината на Трајковски?Да ли ретроградниот Меркур ќепредизвика паѓање на владата, да донесе предвремени парламетарни избори. Може да донесе многу афери и скандали, непринципиелни коолиции…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува Илија Бошков – Крајнички

Драги пријатели, внимавајте од 14-ти јануарри до 4-ти февруари, Меркур ќе се движи ретроградно (повратен, неповолен од) во знакот Водолија до 4-ти февруари.

Веројатно се прашувате зошто да се внимава на ретроградниот Меркур?

Меркур е мала планета и по димензиите потсетува на Месечината. Најблиска е до Сонцето и во астрологијата е позната како гласник на боговите.

Во зависност од нејзината положба, може да дејствува негативно, а во аспект со Јупитер позитивно.

Меркур предизвикува постојани промени, непредвидливи.

Неговото ретроградно движење може да донесе многу непромислени потези, пресврти, скандали.

Како сето ќе се одрази на светската политичка сцена и кај нас, побарав одговор во говорот на планетите.

Меркур владее со знаците Близнаци и Девица.

Меркур е планета на интелектот, комуникативноста и литературата.

Неговиот дијаметар изнесува околу 5.000 км, а од Сонцето е оддалечен 58 милиони километри. Дневно минува приближно еден до два степена, а дванаесетте знаци на Зодијакот ги минува приближно за една година.

Меркур е симбол на пубертетот, браќата, пријателите. Создава добри говорници.

Меркуров ден е среда. Кај луѓето управува со дробовите, нервниот систем, рацете, цревата, памтењето, фантазијата, движењето на телото.

Ретроградното движење на Меркур може да донесе, многу поместувања на светската политичка сцена па и кај нас, многу штрајкови, бунтови, демонстрации.

Како што реков Меркур ќе се движи ретроградно низ Водолија, на глобалната политичка сцена може да донесе мнлогу афери, како и проблеми со дишните органи.

Ретроградниот Меркур кој ќе започне да се движи ретроградно од 14-ти јануари може да ги започне воените конфронтации и заканувања на САД кон Кина и Русија…

Меркур како што реков владее со дишните органи.

Ова зборува дека до почетокот на февруари, поточно до 4-ти февруари силно ќе делува и ќе треба да се обрне внимание на здравјето, промените на времето силно ќе влијаат.

Ретроградниот Меркур по председателските избори во САД може да предизвика многу пресврти, како и хаос.

Ова зборува дека не се случајни и преговорите во моментот што се случуваат помеѓу САД и Русија, НАТО и Русија и ЕУ и Русија.

Сето може да изроди во конфликт, особено во вториот дел на годиуната помеѓу САД и Кина. Украина САД ќе мора да ја приземји.

Не е исклучено ретроградниот Меркур во САД да предизвика насилни протести, барања за поделба, за осомостојување на некои држави на САД: Тексас, Калифорнија..

Ретроградниот Меркур низ наталната карта на Република Македонија ќе транзитира низ нејзината 11-та куќа (политички здруженија, што зборува дека во јавноста можат да излезат многу афери и скандали, неизбор на нова влада, да предизвика предвремени парламетарни избори.. кои повеќе во моментот одговараат на СДСМ утколку на ВМРО ДПМНЕ, жешкиот костен ќе се префрли у други раце.

Во ваква ситуација, кој и да направи влада и со вонредни парламетарни избори, ќе се соочи со горливи проблеми, тешка економска ситуација, енергетска криза. А, кредити нема од кај да се земат, касата на ММФ е празна, што значи брзо паѓање на било која влада.

На СДСМ предевремените парламетарни избори, поточно на нивниот досегашен лидер и премиер Зоран Заев најмногу му одговараат!

Се прашувате ЗОШТО?

Во новиот парламент Зоран Заев ќе биде пратеник, значи ќе има пратенички имунитет, некоии судски ипостапки ќе морат да чекат. Ноже во целост да му се посвети на семејниот бизнис.

Тука само реакцијата на неговите работодавци е непредвидлива, по неговото повлекување од преимерската функција?

Не е исклучено да заврши како покојниот председател Борис Трајковски, по завршената задача „Рамовниот договор“!?

Во изборната кампања ВМРО ДПМНЕ ќе остане без муниција, по новиот лидер Ковачевски не ќе имаат со што да пукат.

За острел ќе остане само лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, поради неговата конструктивност при промена на името и уставот.

Треба да се внимава какви одлуки се донесуваат и какви дговори се склучуваат, треба да се одложат по 4-ти февруари.

Драги пријатели, имав намера да пишувам, како кај вас, во овој период ќе делува ретроградното движење на Меркур, но тоа нема да го направам од следните причини:

Ако пишувам за секој знак ќе треба буквално да пишувам дека сте исти знак и подзнак, дека Меркур ќе се движи из само една куќа, една област од животот, а може да се случи спротивно, во зависност од подзнакот.

Од тие причини кој е заинтересиран како ќе делува кај него ретроградното движење на Меркур, може да се информирате на контакт тел 078 215 911, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување….

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ со предвидувања
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари
контат. тел 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20