Истражувања и сознанија…ПСИХОСОМАТСКАТА ПРИРОДА НА БОЛЕСТИТЕ
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Подготвил: Илија Бошков – Крајнички
Денес, се повеќе психолози во светот се убедени дека огромен број болести имаат психосоматска природа. Нашите болести – тоа се нашите недостатоци кои ја повредуваат не само нашата судбина, туку и телото.
Зошто вие се разболувате од грип, а сетра ви не иако со неа комуницирате секојдневно? Зашто еден се заразил од СИДА, а друг кој општел со истиот партнер – не? Имунитет? Зошто хулигани го напанале токму вашиот син? Зошто шефот вика најмногу на вас? Зошто има несреќни случаи?
Без сомнение агресивните, тешки негативни мисли водат до болести. Радоста и оптимизмот лекуваат? С# би било едноставно ако станува збор само за свесни емоции. Многу посилно “удираат” по нас потсвесни мисли и чувства.
Негативните емоции ќе се натрупаат, додека при следниот сличен случај не го стават целиот тој натрупан „отров” во движење. Тогаш ни погодува целосно реална болест.
Тумори се појавуваат кај оние кои уште од детството или од младешка возраст преживеале некаков стрес, навреди или таруми, која ја поткопала нивната вера во сопствените сили и справедливост.
Кои се причините за различните болки?
Срцето боли кај луѓе кои не умеат да ја изразат љубовта или не си го дозволуваат тоа чувство. Кај оние кои ја загубила творечката сила на љубовта.
Проблеми со крвата започнуваат кај луѓе кои заборавиле на радоста на животот, кои секогаш се незадоволни.
Видот опаѓа кога човек сака да ги „затвори очите” за нешто. На пример раснејќи ги гледаат проблемите во семејството и не сакаат да си признаат дека нивните родители не се така идеални како што мислеле дотогаш. Кусогледоста – е страв од иднината, астигматизмот – не сакање да се видиш себеси во вистинска светлина.
Настинката – тоа е молба за помош, непролиени солзи.
Болести на грлото – особено хроничните – тоа се неискажани зборови, претензиии, посакувања.
Повеќето од гинеколошките заболувања кај жените се резултат на навреда од сопругот или од проблем со таткото, како и несакање да ја признаат својата женска природа и обврски.
Грчеви во бедрата – тоа е детско незадоволство кон родителите, гнев, инает.
Грчеви во стомакот – гнев или депресија како одговор на откажување од духовна храна или емоционална грижа.
Несреќни случаи стануваат кај оние кои веруваат во насилство, не се способни да му се спротистават, или кај оние кои постојано се бунтуваат против власта.
Депресија – потиснат гнев на кој не му давата излез зашто се откажувате од правото да го истражите.
Постојат 5 основни психолошки причини од кои боледуваме: гнев, незадоволството, чувство на вина, педантерија, страв од животот.
Гневот го разорува организмот одвнатре. Тој води до слабоумност, бубрежни камења, болести на црниот дроб.
Незадоболството го изгорува телото, води до грчеви, незадоволството од сексуалниот партнер предизвикува цисти.
Чувството на вина води до болки од секаков вид, алкохолизам, алергии.
Зајадливоста, цинизмот и скептицизмот – водат до артритис и ревматизам.
Стравот од животот – до спазматични болки, чиреви, амнезија, малокрвност, апатија, парализа, фригидност.
Сите наши проблеми доаѓаат од тоа што самите се откажуваме од радоста и среќата. Клучот е во нашиот џеб – ако тоа се проблеми на нашите мисли, значи дека можеме да ги промениме.
Таткото на медицината Хипократ вели: „Природната ицелувачка сила во нас е најголемата сила на оздравувањето.” Само верувајте во себеси и не запирајте. Нема таква сила која може да го сопре човекот. Во медицинската литература се опишани десетици илјади случаи на самоисцелување на заболени од рак за кои лекарите предвидувале неизбежен крај.