Вежби..ПРОГОНЕТЕ ЈА БОЛЕСТА ПРЕКУ ДИШЕЊЕ..Како да се лекуваме сами?
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Подготвил: Илија Бошков – Крајнички
Секоја од опишаните техники се практикува на полупразен стомак, по можност на чист воздух и започнува со полно издишување или издишување преку устата. Во сите останати случаи, а исто така и во секојдневието дишењето треба да биде само преку носот.
ДИЈАФРАГМИНО ДИШЕЊЕ
Легнете на грб или седнете со исправен грб. Издишувајте целосно. Вдишувајте и издишувајте со горниот дел од стомакот. Издишувајте бавно и полно. На почетокот повторувајте 3 до 5 пати и по неколку дена зголемувајте ги бројките, додека да стигнете до 15-20 пати, од 1 до 3 пати дневно. Дијафрагмата е како „второ срце”, го помага дишењето и образувањето на крвта и на природен начин ги масира органите на стомакот.
ФОРСИРАНО ДИШЕЊЕ
Кога горната вежба е добро усвоена, можете да се направи серија од брзи, но дишења со забрзан ритам, како особено брзо е издишувањето, при што се добива посебен звук. Целта е прочистување на дишните органи и задржување на кислородот и енергијата. По 10 до 20 такви дишења се зема длабоко воздух и се задржува 10 до 20 секунди со притискање на брадичката до вдлабнатината над градната коска. Следува бавно и спокојно издишување. Можат да се направат неколку такви серии. Положбата на телото за време на таа техника е седната или полунаведната, со исправен грб и раце врз бедрата над колената. Вежбата може да биде штетна при нервна возбуденост и особено при сколноста на грчеви.
ЦЕЛОСНО (ХАРМОНИЧНО) ДИШЕЊЕ
Започнете со дијафрагмено дишење вдишувајќи умерено количество воздух, потоа бавно продолжете го вдишувањето преку раширување на градниот кош во страните и напред. На крајот кренете ги рамениците и клучната коска исаполнувајќи ги со воздух врвовите на белите дробови. Неопходно е да постигнете контролирано брановидно движење. Издишувањето е по обратен ред: најнапред се спуштаат клучните коски, потоа градите и се завршува со активно свиткување во стомакот. Почетниците треба да започнат со 3-5 пати и постепено да достигнат до 10-15 пати – наутро, а може и преку денот.
РИТМИЧНО ДИШЕЊЕ
Постојат многу разновидности на дишното ритмизирање, а од нив се одбира она кое е најсоодветно во конкретната ситуација:
А. Без задржување на воздухот (само вдишување и издишување) во сооднос 1:1 или 1:2, на пр. 5 броења за вдишување и пет или 10 броења за издишување. Тој вид на дишење е сосема безбедно и ефективно релаксирачко средство кое го помага автогениот тренинг. Може да се повторува 10-15 и повеќе пати.
Б. Со горно задржување на здивот (т.е. по вдишувањето) – пропорциите се 1: 1:2, 1:2:2 или 1:4:2. Без комплетно раководство не би требало да се стигне до сооднос повисок од 5:20:10 сек., ниту пак вежбите да се прават повеќе од 10-15 пати на ден.
В: Со долно задржување на здивот (по издишување) – 1:2:2, 1:2:4 или 1:1:1 (првата цифра соодветствува на пауза, со која по првото издишување започнува вежбата) Додека горното задржување го активира парасимпатичниот нервен систем (го снижува крвниот притисок и ја стимулира гладката мускулатура на внатрешните органи), долното дејствува контра индикативно. Тоа дозволува вежбата да се индивидуализира дополнително;
Г: Со горно и долно задржување – соодносите се 1:1:1:1 (“кавдратно” дишење, особено ефикасно за целосна регулација на психоенергетскиот систем), 1:2:2 или 1:1:4:2.
Д: Со фракционирано задржување (на пр. вдишување 2 сек, задржување 2 сек, продолжување на вдишувањето за уште 2, пак задржување и т.н. до исполнување на капацитетот на дробовите, потоа се издишува на истиот начин) – може да се применува насекаде каде што подолгите периоди на задржување се непожелни (главно кај белодробен емфизам и сериозни ограничени заболкувања на срцето)
ОЧИСТИТЕЛНО ДИШЕЊЕ
Се изведува од стоење со раширени нозе, издишувајте целосно. Вдишувајте длабоко и испуштајте го воздухот со притиоск (со напрегање на системот за дишење) преку стиснатите усни, при што се добива звук како “п” или “т”. Повторете го ова 5-10 пати. Се смета дека ги прочистува дробовите и крвта и помага при настинки. Го зголемува притисокот во стомакот и во очите кое е непожелно при хернија и глаукомија.
ПОИНАКВО (АЛТЕРНАТИВНО) ДИШЕЊЕ
Од следната положба со исправен ‘рбетен столб, вдишувајте бавно и длабоко преку левата ноздра, затворајќи ја од страна десната ноздра со палецот. Потоа издишувате преку десната ноздра, затворајќи ја левата со малиот и домалиот прст. Следува дишење преку десната и издишување преку левата и т.н. Дозирање: 4 до 10 полни циклуси, 2 до 4 пати дневно. Според некои инструкции најдобро е да се прави во биоритамските часови (6, 12, 18 и 24). Ги урамнотежува психичките, биоенергетските и процесите на размена (особено дејноста на хипофизата), го подобрува крвообразувањето во мозокот и корисно е при главоболки. Неговото умерено практикување е безопасно, но вклучувањето на задржувањето (горно и/или долно, во соодноси 1:2:2, 1:4:2, 1:1:4: 2 и др.) би требало да се прецизира конкретно.
Забелешки:
– Техниките на дишење се во состојба да помогнат и за откажување од пушењето, иако е подобро тоа да биде надминато претходно.
– Методот на плитко дишење (хиповентилација според Бутенко) може да е соодветен за некои луѓе, но не е универзално корисен. Тој не може да се практикува по бегли описи од списанијата, а бара воведување искусен инструктор.
– Книгите кои можат да се најдат кај нас за јогинското дишење, не секогаш јасно ги разграничуваат техниките за почетници од оние за напредни. Уште поштури се насоките за модифицирањето при различни болни состојби. За да можете да ги практикувате овие техники би требало да се посоветувате со специјалист за источна медитација или со лекар.