БОИТЕ ГОВОРАТ ЗА ВАШИОТ КАРАКТЕР
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
ТЕМНО СИНА
Ако ве привлекува оваа боја, тоа значи дека вие сте емоционална,
чувствителна личност, сакате да општите со луѓето, ги почитувате луѓето што се околу вас, се трудите да ги разберете нивните проблеми. Општо земено вие сте урамнотрежена личност, но претпочитате да сте набљудувач од страна и слабо преземате иницијатива. За вас е својствен богатиот духовен живот, фини сте како човек и имате добар вкус.
Ако оваа боја е непријатна за вас, тоа значи дека за вас е својствено непостојаноста, вие често сте незадоволен од себе и од другите, запаѓате во депресии. Вие одбегнувате се што ја ограничува вашата самостојност.
ЗЕЛЕНА
Ако ја сакате оваа боја, тогаш вие сте личност која се стерми да добие власт, престиж. Не сакате да си создавате непријатности, но постојано сте во некаква потрага.Светот го спознавате главно по пат на логички, умствени заклчоци.
Ако оваа боја не ви се допаѓа тоа значи дека вие сте ја изгубиле довербата во себе, себе си се доживувате како непризнат гениј. Сметате дека незаслужено сте паднале во сенка и дека ве експолоатираат.
ЦРВЕНА
Ако ова е бојата што сте ја избрале како најпривлечна за вас, тоа кажува за вас дека вие сте желни за успех. Вие сте активни, енергичи, не ве плашат физичките задачи, имате силна волја. Брзо донесувате решенија и пробувате, барате начини да ја остварите желбата за власт.
Оваа боја не им се допаѓа на уморените луѓе, истоштените, оние кои се стермат да ги избегнат влијанијата на другите, прекумерно оптоварените, оние кои го сакаат удобството и се грижат за своето здравје.
ЖОЛТА
Оваа боја ви се допаѓа? Тоа значи вие припаѓате на категоријата “луѓе на иднината” , оптимисти, емоционални, кои постојано бараат пат кон новото и се стремат да го озбегнат баналното, а тоа малку ги дразни луѓето околу нив. Таквите луѓе се полни со надеж, секогаш веруватт во својот успех, се стремат кон промена, кон новости, бараат сензации.
Ако жолтата боја не им се допаѓа на некои, тоа значи дека таквите луѓе ја изгубиле надежта, станале сомничави, ја изгубиле вербата во луѓето. Кај овие луѓе возможно е разочарување од луѓето и животот.
ЛИЛА
Оваа боја ви е убава? Тогаш вие сакате се што е нејасно, загадочно и таинствено. Се стремите да на луѓето што ве опкружуваат да влијаете позитивно и го очекувате истото и од нивна страна. Вашето расположение често се менува, вие одбегнувате да се врзете со какви и да било задолженија, зашто тие можат да ви ја ограничат слободата. Најважна движечка сила кај вас е интуицијата. Понекогаш повеќе им верувате на претчувствата, отколку на вашето разумно расудување.
Ако лилавата боја не ви е убава, , за вас може да се зборува како за рационален, објективен, реално и критички настроен човек.
КАФЕАВА
Ако ве привлекува оваа боја, тоа значи дека дека го сакате удобниот, практичен начин на живот, без особени проблеми, избегнувате сами да си создавате потешкотии. Пред се ја цените топлината на семејното гнездо, вкусната храна и се она што ви причинува задоволство.
Ако оваа боја ви е одбивна, тоа покажува дека вие придавате значење на сопствената личност. Сметате дека вие не сте како другите луѓе, имате малку познати, само блиски луѓе, кои можат да се избројат на прсти. Нешто ви пречи комплетно, целосно, да се насладувате на блискоста со спротивниот пол.
ЦРНА
Ја сакате оваа боја? Тоа покажува за вас дека вие сте настојчива, смела, тврда личност, готова заради своите принципи да влезе во оган и вода. Оваа боја се јавува како симбол на непомирливоста и крајностите. Понекогаш очајната решителност доаѓа како реакција – противдејство на поранешни обиди, прикрива разочарувања од минатото.
Ако црната боја ви е непријатна, тоа за вас зборува како за човек на крајностите. Вие сте категорични во својот избор, неспособни сте за жртви, максималист. Се стремите да избегнете секакви компромиси.
СИВА
Ако оваа боја ви е омилена, тогаш вие сте личност затворена во себе, бегате од луѓетосакате по секоја цена да ги избегнете влијанијата, напрегнатостите, одговорноста. Секогаш сте спремни за да се заштите себе си и никогаш не решавате ништо без да се посоветувате со блиските.
Ако не пројавувате симпатија кон оваа боја, тоа значи дека вие постојано чувствувате некоја напрегнатост од страв да не пропуштитие некој важен настан, да не задоцните или случајно да не доживеете некој неуспех. Вие сте секогаш суетни, дури и кога знаете дека тоа ви смета лично вас. Тешко се адаптирате кон проомените, не ги сакате. Сакате да сте спокојни и се да се одвива според веќе познатиот тек.