Денот на раѓање го открива карактерот…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Астролозите тврдат дека денот на седмицата во кој сте се родиле може да влијае на вашиот карактер, и последователно, и на вашата судбина.

Понеделник

Жена – Нежна и мечтателна, чувствителна, мека и отстаплива. Таа тешко може да живее сама, чувствува неопходност да ја сподели топлината на своите чувства, а вистинска жена станува кога ќе стане мајка.

Маж – Многу чувствителен, но со голема вообразеност, секогаш во потрага по комуникација со луѓето, особено со жените. Тој има потреба од љубов, разбирање и нежност. Самотијата не е за него. Надворешно е спокоен, но во дното на душата се плаши дали ќе најде човек со кој ќе може да ја сподели целата своја љубов.

Вторник

Жена – Штедра и страсна во љубовта. Таа со својот жив ум има чувство за хумор и силно изразен стремеж кон невозможното. Таа се плаши само од монотоноста на чувствата. За неа љубовта пред с# треба да биде привлечна игра.

Маж – На прв поглед тој изгледа малку расеан. По природа е ентузијаст на кого му се допаѓа развлеченоста. Надарен е со красноречивост и умее своите мисли да ги претставува во најубава светлина, затоа неговите искази секогаш имаат тежина. Тој се одликува со добра смисла за хумор, со насмевка, и секогаш умее да ги одбегне жестоките непријатности.

Среда

Жена – Лесно се заљубува, чувствителна е и нежна, но умее тоа да го скрие под маската на карактерноста. Во љубовните односи има потреба од надеж, постојаност и искреност. Имено, затоа не верува во љубов на прв поглед, во страста, која што може да избувне и да згасне. За неа привлчноста е поврзана со длабочината и вистинитоста на чувствата.

Маж – Човек на честа, совесен и пристоен во љубовта. Неговиот мирен изглед всушност крие бездна од нежност. Но тој не секогаш може да се открива и изразува. Кај него е јасно: кога е вљубен, тоа е со цела душа. Верен е и внимателен, ја претпочита спокојната сигурност пред страста.

Четврток

Жена – Немирна, нетрпелива во љубовта. Може да ја наречете сентиментална, изгубена е во облаците на илузијата и соништата. Таа ја сака слободата и авантурите, ги привлекува мажите со својата природна непосредност. Не поднесува кога другите & наметнуваат да се укотви со некој.

Маж – Роден е како соблазнителен. Сака да го запознае животот во сите негови аспекти, но при тоа ја зачувува својата слобода и независност. Тој се плаши од рутината на семејниот живот, но не може да живее сам. Својата огромна нежност ја затскрива со својата театралност. Способен е за длабоки чувства. Тој човек е склон кон парадокси, бунтовност, но умее да биде и приспособлив – во зависност од моменталното расположение.

Петок

Жена – Романтична и мечтателна по природа. Таа е заведена од убавината и од сето она што поседува хармонија. Се одликува со нежност и чувствителност. Обожава да се грижат за неа, да ја тешат и да ја заштитуваат. Емоционалната самотија ја плаши, и затоа само во кругот на семејството или со децата ја пронаоѓа својата духовна смиреност.

Маж – Вистински актер. Пред неговата изјава дека ве сака не може да се одолее, но тој тоа навистина го мисли. Нежност и мекоста се основните карактеристики на неговиот карактер. Неопходна му е духовна рамнотежа. Тој треба да чувствува дека го сакаат, одобруваат и грижат за него. А, кога ќе падне пред вашите изјави на љубов, може засекогаш да остане ваш.

Сабота

Жена – Тајна, загадочна, оригинална, независна. Во флертот таа не секогаш ги ползува вообичаените женски гестови. За неа целата игра пред се треба да биде на интелектуално ниво. Зборовите „те сакам“ ретко излегуваат од нејзината уста. Можеби изгледа рамнодушна, но во дното на душата е многу емоционална, полна со чувства.

Маж – Пред се независен. Тој е индивидуалист, човек способен да живее сам. Непредвидлив е и таен, не сака да ги признава своите чувства и да дава силни изјави. Кон жените најчесто се однесува недоверливо.

Недела

Жена – Импулсивна и со силна волја. Нејзе ја движи страста. Таа или сака или не сака – друга состојба нема. Таа треба да се почуствува горда покрај својот партнер, се разбира оној кој сама го избрала. Тешко прави отстапки, динамична е и често се јавува како движечката сила на двојката.

Маж – Полн со амбиции и многу самоуверен. Во однос на својата жена се чувствува како покровител. Тој има поголема потреба од тоа да му признаете нешто отколку од љубов, и може да остави силен впечаток со својата иницијативност и енергичност. Му се допаѓа да говори и да се слуша самиот себе, секогаш се чувствува убаво кога му даваат комплименти.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20