Совети за девојки

Како да го изберете идеално несовршениот маж?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

БИРАЈ, ФИКСИРАЈ, РЕСКИРАЈ…

За да можете целосно и засекогаш да се заљубите, мора да прифатите еден важен факт: не постои совршен маж, како што не постои ниту совршена жена. Вашата совршена љубов не е идеалниот маж, туку идеално несовршениот. Со овој водич може да го пронајдете човекот, чии недостатоци најдобро се надополнуваат со Вашите.

НЕУРЕДЕН

СИМПТОМИ: Го користи ракавот, како шамивче за нос; на подот ги фрла крпите за лице, весниците, книгите… голем простор во станот му заземаат валканите алишта и празните кутии.

ЛЕЧЕЊЕ: Постојано да го тормозите или повикајте ја неговата мајка да оди по него со правосмукалка.

ПРОГНОЗА: Слаба, но не и лоша. Неуредните ретко можете да ги промените, но и во нередот можете да пронајдете среќа.

СООДВЕТНА ЖЕНА: Најдобра: онаа која е уште понеуредна од него, може да го мотивира да стане поуреден. Добра: онаа чија смисла за хумор може да ја надвладее смислата за ред. Најлоша: Супер уредна, која очекува фер-плеј.

МОЛЧЕЛИВЕЦ

СИМПТОМИ: Се смее, клима со главата, нешто мрмори, но не сака или не може да каже ништо паметно.

ЛЕЧЕЊЕ: Заканете му се со испраќање кај тепапевт; почнете сами да молчите; раскажувајте му додека не проговори, само за да ве замоли да замолчите.

ПРОГНОЗА: Никогаш нема да ви ги открие своите најдлабоки мисли, но дали тоа навистина го сакате?

СООДВЕТНА ЖЕНА: Најдобра: онаа која се занимава со работа, што бара комуникација (психологија, новинарство) и можеби ќе биде среќна, што не мора да разговара и дома. Добра: онаа со многу разговорливи пријатели и членови на семејството. Најлоша: онаа, која сака се да знае.

ФЛЕРТУВАЧ

СИМПТОМИ: Се расфрла со комплименти, допира и воспоставува контакт со очите.

ЛЕЧЕЊЕ: Превез преку очите, изолација или ограничување исклучиво на машко друштво.

ПРОГНОЗА: Со тек на време ќе стане безобразен старец.

СООДВЕТНА ЖЕНА: Најдобра: многу самоуверена и либерална. Добра: флертувачка, која знае колку флертот е возбудлив. Најлоша: онаа, која се чувствува загрозена, дури и кога во близина е привлечна полицајка.

НЕЗРЕЛ ЕГОИСТ

СИМПТОМИ: Го заборава вашиот роденден, а страшно е лут, ако не му подготвите некое големо изненадување за неговиот.

ЛЕЧЕЊЕ: Единствена надеж е да причекате неколку години и да видите, дали ќе порасне.

ПРОГНОЗА: Слаба. Некои навистина созреваат, а некои не. Ако е постар од 25 години, веројатно имате работа со вечен адолесцент.

СООДВЕТНА ЖЕНА: Најдобра: самоуверена и доволно храбра да го присили да признае, дека е несериозен; Добра: онаа, која сака да води сметка за се без помош на друг; Најлоша: маченица или мајчински тип.

ВЕЧНО ПРЕОКУПИРАН СО СЕБЕ

СИМПТОМИ: Кога не се говори за него, станува нестрплив и вознемирен.

ЛЕЧЕЊЕ: Прифатете ги неговите интереси, како свои, додека развивате пријателство со други, кои се заинтересирани за вашето мислење; интензивни лекции за самопрекор.

ПРОГНОЗА: Тешко, дека некогаш ќе му биде нешто поинтересно од него самиот.

СООДВЕТНА ЖЕНА: Најдобра: Барбика. Добра: Онаа, која единствено е инпресионирана од себе; Најлоша: Сите останати.

СКРЖАВ

СИМПТОМИ: Одбива повик на деловна вечера, затоа што не е сигурен дали парите ќе ги потроши паметно. Патува, само таму кај што има роднини; зема вреќички со шеќер од рестораните.

ЛЕЧЕЊЕ: Голема добивка на лотарија или бинго: речиси фатална несреќа или сериозна болест, поради што ќе стане среќен, што е жив.

ПРОГНОЗА: Доживотно штедење, но ако умре прв, се има да ви остави Вас.

СООДВЕТНА ЖЕНА: Најдобра: онаа, која избегнува скапи продавници и мисли, дека лебот и маргаринот (ајварот) е најдобар појадок, ручек и вечера. Добра: Обично скржавиот и трошаџиката меѓусебно си ги ублажуваат своите екстремни склоности. Најлоша: онаа, која смета, дека финасиската великодушност е доказ на љубовта.

НИЗОК, ЌЕЛАВ И НЕПРИВЛЕЧЕН

СИМПТОМИ: Кога ќе го преставите на пријателите, тие се смеат и велат: “Немој да не зафркаваш!”

ЛЕЧЕЊЕ: Засега не постои.

ПРОГНОЗА: Одлична. Штом е низок може да ви ја позајмува облеката, секој маж порано или подоцна ќе оќелави и ќе ја изгуби привлечноста. Сметајте го напреден.

СООДВЕТНА ЖЕНА: Најдобра: Секоја на која и одговара, според карактерот. Најлоша: Само бескрајно површната.

повеќе на контакт тел каде се изработуваат ХОРОСКОПИ СО ПРЕВИДУВАЊА

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 900 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20