Албанија е во првите „борбени редови“ (видео).. Путин е „исплашен“!.. Бајден му забрани да патува во САД..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
На комедијата на светската политичка сцена, режирана од САД и нивниот председател Џо Бајден (ако е тој што влече конци), не можат вака и најдобрите режисери на комедии да ја режират. САД донесе забрана ма председателот на Руската Федерација Владимир Путин да патува во САД.
Што ќе прави сега Владимир Путин? На Владимир Путинќе му пропадне „зелениот картон“ кој му го подарил Доналд Трамп, поранешниот председател на САД, како благлодароност што 2016 му „помогна во председателката кампања“.
Владимир Путин нема среќа!…
Премирот Димитар Ковачевски најави дека наскоро ќе имаме потреба од увоз на работна сила, на рабоптници од странство. По забраната заа влез во САД, Владимир Путин можеби планираше ако остане без работа место во САД, да ја исористи можноста за работа во Македонија. Но, тука најтажно е што сме членка на НАТО, не ќе може својот работен век да го продолжи во Македонија.
На комичните одлуки и потезите на САД и нема крај..
Не можев да поврувам дека и ова го доживеав да го слушнам. Од толку те држави сојузнички на САД во Обидинетите Нации, САД ја најде само Албанија, со која поднесе заедничка резулуција во Обединетите Нации да се осуди Русија за агресија во Советот за безбедност на ООН, каде Руската Федерација е постојана член ка. Нормално е што Русија стави вето, а Индија и Кина беа воздржани..
Тука сметам деека САД ислезе некоректен кон Македонија, не побара заедно со Албание и ние да сме покренувачи на резулуцијата. Тогаш Бугарија ќе видеше, на кого му става вето за почеток на преговори за влез во ЕУ…
То ти е, на време не реагиравме, на Путин му дозволивме да изврши „агресија“ врз Украина.. Денес да се правда дека тоа не било сагресија..демек нашите политичари ќе му поверуваат..нека си мисли тој така..
Слушнете ги внимателно информациите што ги пренесе босански медиум..