ЗАШТИТА ОД МАЃЕПСУВАЊЕ?
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Множество народни суеверија, коишто се практични начини за заштита, беа заборавени во годините на научниот материјализам. Денес тие подзаборавени совети, активно го користат, често квалификуваните лажливци. Тие не вчудоневидуваат со свиоте предлози, за претскажување на судбината, обично започнувајќи со зборовите: „Ах, млади човече (млада жено), некој ти направил маѓија. Јас ќе пресечам парче коса од тебе и тоа ќе ми каже се. Дај, дај некаква книжна пара…”
Понекогаш се случува да се плаќа и за исцелување на блиски и роднини, чиишто лични фотографии и алишта треба да бидат донесени, за да „ги постават под црна книга и да ја прочитаат потребната молитва„, а утредента “дојди да ти ги вратам нештата”. Само што во „определениот час” за средба не се јавува никој, па оплакувањата во полицијата се без резултат.
Но, настанот суштествува и треба да се бориме.
Најдобро е впрочем, човек сам да се обиде да ги одбегне тие улични „“гледачки”. Да не дозволи да потпадне под нивн влијание. Во такви случаи добро е да ги држите рацете во џебовите и да не дозволите да се доближат до вас. Не гледајте ја „гатачката” во очи или меѓу веѓите. Не ви се исплаќа, дури ни да започнете обичен разговор, макер што понекогаш помагаат расказите за сопствената баба – „страшна гатачка” или приознесуваењето на глас на некои стари „волшебни” зборови: „тер – му – ле” или „тор – ну – лес”.
Ако сте потпаднале во стапица, треба да направите се што е возможно, да ги одбегнете негативните последици од таквата средба:
– Првин исперете ги во ладна вода сите алишта во коишто сте биле облечени тој ден. Земете најладна вода (туш) и држете ги под водата, што тече еден час исто така сите украси и скапоцености, што сте ги носеле. Со вашите алишта, кои биле во туѓи раце постапете на следниов начин. – – – Фотографијата, треба да се држи неколку дена притисната со лицето кон обратната страна на огледало или под икона. Освен тоа потребно е да се ослободите од сите ситни парички низ џебовите и ако можете да не ги допирате со раце. Извадете ги и сите игли и други метални предмети, што ги имате во алиштата.
Уште неколку заборавени мерки за безопасност:
Правила за заштита од маѓепсуваење
– Кога метете дома, никогаш не правете го тоа во насока на влезот , „ќе ги изнесете нештата надвор од куќата”.
– Да се мие подот дома, може, само кога сите домашни се во куќата, зашто ќе им ги избришете трагите.
– Не ставајте ги ножевите и виљушките со острата страна нагоре, ќе си навлечете злоба.
– Лебот никогаш не ставајте го со горната кора нагоре, тоа носи смрт.
– Ако испуштите нож, виљушка или лажица додека се храните, без да кажете ни збор чукнете со приборот три пати на масата, така ќе се заштитите од несакани гости.
– Пресечените нокти, коса или паднатиот заб не фрлајте ги било каде, зашто тие можат да бидат искористени од злонамерни луѓе против вас.
– На истиот начин, многу внимателно треба да се постапува и со остатоците од храната, а особено со јајцето. Тоа е многу моќно средство за маѓија, па затоа не треба да дозволите да ви паднат ни лушпите од јајцето изедено од вас во рацете на оној кој не ви мисли добро. Можете лушпата да ја смачкате на ситни делови, како би го спречиле нејзиното искористување.
– Не раздавајте ваши фотографии налево – надесно, зашто преку нив, врз вас може да биде направено секакво, несакано дејство. Истото се однесува и на личните датуми , а особено на датумот на раѓање, на презимето и на личните алишта.
– Долгокористените часовници имаат силна врска со сопствениците, па затоа не се препорачува да се подаруваат ни тие. Дури и ако не работат, врската не се прекинува. Затоа многу често се случува, пред смртта на човекот да престане да му работи часовникот.
– Никогаш не ставајте врз покојниците непресеченби прстени, цели бразлетни, заврзани јазли, зашто тие предизвикуваат појава на привиденија.
– Ако се вратите дома, тргнувајќи по некаква работа, бидете сигурни, дека нема да ја завршите. Сепак за да биде работата, кога ќе се вратите поздравете го својот израз во огледало и направете го она за што сте се вратиле.
– Ако патот ви го пресекла црна мачка, тоа не значИ, дека таа носи непријатности, туку тоа е предупредување, што ви се дава, како информација. Затоа е безначајно, дали ќе продолжите право или по друг пат.
– Ако сте сретнале жена, која носи празна кофа работата ви е празна. Некои жени налеваат на дното малку вода, избегнувајќу го ова претскажување.
– Воздржувајте се од земање ситници, најдени на улица, зашто најчесто врз нив се фрлаат секакви болести, нерасположенија и лоша среќа од маѓепсниците. Затоа е препорачливо да не запаѓате во такво искушение. Но, ако многу сакате, не земајте ги предметите со гола рака, додека не ги измиете со вода на пример.
– Најдените пари, побрзајте да ги потрошите, но имајте во предвид дека “од каде дошло, таму и отишло”.
– Не земајте и не подарувајте крпи за глава и нараквици без симболичен “откуп” (на разделба) , часовници (тага), остри предмети (караници и кавги со последици).
– Ако имате сериозни показатели за направена маѓија, како на пример: децата се разболуваат, садовите се кршат сами од себе, паѓаат предмети, продуктите предвреме се расипуваат, се случуваат и други непожелни настани, непрекинато сонувате лоши соништа, тогаш направете генерално чистење на куќата.
Проверете дали во вратите и во прозорците има забодени игли, шајчиња и слично. Ако откриете такви предмети не фаќајте ги со рака. Исфрлете ги сите железни монети и други дреболии. Исперете се и исплакнете. Тоа ќе биде „прва помош”, и во секојдневните случаи, овие дејства се доволни.
Подетално каква ќе ви биде неделата можете да се информирате во редакцијата онтакт тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СОЛАРНИ НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.500денари
КОМПЛЕТНИ-
НАТАЛЕНИ СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30 – ина СТРАНИ – 2.500денари