Ѕвездени бракови

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Браковите се склучуваат на небото. И тоа не само со убави зборови – ова астролозите одамна го потврдиле. Секое нешто си има своја причина, луѓето не се сретнуваат случајно, ниту пак се разделуваат случајно.

Дали ќе бидат среќни и колку долго ќе живеат заедно, астрологијата определува според три фактори:

* одговарањето на хороскопите

* период за стапување во брак на двајцата

*карактеристики на денот на свадбата

Анализата на двете карти на раѓање ќе ги покаже моментите во кои може да се појави привлекување или одбивање на двајцата. Тие можат да се јават на различни нивоа. На пример – чудесна сексуална согласност, најдобриот партнер до моментот и за двајцата, но во начинот на живот(услови, навики, обичаи и сл.) тие се совршено различни: таа е приврзаничка на редот и чистотата, прави економии, додека тој е спротивното на неа – расфрлан, троши пари и лево и десно. Или, тој сака да има куќа полна со деца, а таа се уште не е подготвена за мајчинство. Друг важен аспект е желбата и готовноста, компромисот, изедначувањето на различните карактери на двајцата.

Но, во животот на секој човек има добри и лоши периоди. Ако предбрачниот период е црн, дури и бракот со најсоодветниот партнер може да се покаже краток.

Освен тоа има и моменти во кои не е препорачливо да се склучува брак. Во минатото на тоа се обрнувало посебно внимание. На пример за време на големите црковни празници и пости.

Многу важен е и денот од седмицата, во кој ќе биде склучен бракот. За неблагопријатни се сметаат деновите вторник и четврток.

Вторник е ден управуван од планетата на агресијата Марс и во заедничкиот живот носи многу спорови и скандали. Од друга страна оладувањето во односите на таа двојка е многу почесто, отколку кај другите двојки. Четврток е ден на Јупитер и постојано раѓа сомневање на темата:

„Кој е главата на семејството?”. Како не многу добри денови се јавуваат среда и сабота. Среда е управувана од Меркур, за кој што се својствени односи основани почесто на рентабилност, доход, а поретко на чувставата. Но од друга страна, ако сопрузите имаат либерални погледи за бракот и не сакаат да си ја одземат слободата еден на друг, тој ден е соодветен. Сабота е ден на Сатурн кој односите ги преви исклучително груби и потчинети. За многу луѓе тој притисок може да се јави како тешка проверка на чувствата. Браковите вклучени во сабота се несреќни, но долгорочни и често според пресметка.

             Денот на Месечината – понеделник бележи емоционална врска во семејството. Односите не им се лесни, често зависат од многу ситници, од промена на расположението и од промената на времето. Но за досада кај таа двојка не може да се зборува.

Најсоодветни денови за свадба се петок и недела. Петок е управуван од Венера – планетата на хармонијата. Таа секогаш се сметала за покровителка на вљубените. Недела е ден на Сонцето, тоа предвестува бескраен празник и чудесни деца.

Многу важен фактор во изборот на денот на свадбата, којшто не треба да биде занемарен, е сончевото и месечевото затемнување. Постои мислење, дека тие влијаат негативно. Во тоа нема никаква вистина. Со затемнувањата се поврзуваат важни настани. Во период на затемнување, човек губи голем дел од својата слободна волја, започнува да дејствува законот на судбината. Но не е задолжително таа да е лоша.

Во „Книга на судбината”често се споменува фразата: Должен си да бидеш среќен!”. Обично несреќата на човек е последователност на неговите сопствени грешки. Секој сам работи за својата среќа или несреќа. Во таа смисла затемнувњето е повеќе, како предупредување да не правиш повеќе грешки, зашто ќе ти биде тешко да ги поправиш. Но, ако вие сте уверени во својот избор, дејствувајте смело без да се раководите од затемнувањето. Тогаш човек го добива смо она, што го заслужил. Затемнувањето влијае особено силно на оние луѓе од кои зависи нешто важно за општеството. Кон нив е насочено вниманието на милиони, а енергијата на љубовта или омразата на многу луѓе ја засилува пројавата на судбината на личноста. Во период на затемнување потокот на таа енергија се претвора во ураган. Вообичаено има три – четири затемнувања во годината. Но многу ѕвездени бракови се остваруваат имено во тие критични периоди плус, минус, еден месец од денот на затемнувањето.

хороскопи со предвидување.

контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20