ЦВЕЌЕТО ГО ОТКРИВА КАРАКТЕРОТ
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Среќата со прекрасното чувство, секогаш остава во душата на човекот длабока трага независно, дали станува збор за скулптура, животопис или за музика. Но, дали, само резултатите од искуството се во состојба да не разбрануваат до дното на душата и да ни ги разбудат најдобрите чувства?
Со вкус одредениот букет е вистинска музика од бои, хармонични линии и форми и тоа е едно уникатно искуство. Еден букет цветови секогаш звучи галантно и романтично. Една единствена роза е во состојба да ја оживее секоја просторија со својата форма и арома. А, како што покажуваат и анкетите на психолозите повеќето жени претпочитаат два букети рози, наместо било каков друг подарок. При тоа, колку се помлади запрашаните, толку тие поголемо значење му оддаваат на еден таков подарок ,како што се цветовите.
Психолозите забележале исто така, дека претпочитувањето на едно или друго цвеќе, зависи од карактерот на дамата, од нејзиното свето чувство и од нејзиниот надворешен изгелд.
Дамите, кои ги избираат лалињата, умеат да им се насладуваат на простате радости во животот и го откриваат прекрасното дури и во најобичните нешта. Тие се верни сопатници во животот, сигурни пријателки, чувствителни сочувствени и во критични ситуации се способни да го сочуваат разумот трезен и никогаш да не остават судбината да ги скрши.
Жените врз кои впечаток остава мал букет од горски темјанушки, како по правило се нежни, чувствителни и надарени природи за творење. За практичните праволиниските мажи општењето со нив е доста сложено. Нив во никој случај не им е тешко да им се доближат на овие дами или пак да ја освојат една таква жена. Поминува многу време, додека кај овие жени се разбудат длабоки чувства и доверба.
Најсемејните жени им оддаваат претпочитување на габерите. Тие кон својот брак се однесуваат со треперење и сериозно. Мажите не ризикуваат да ги прекинат односите со нив. Каде на друго место ќе најдат таква предадена жена (пријателка) и велкиколепна мајка?
Нарцисот е обажвано цвеќе од правдољубивите и искрените жени. Со својата катеегоричност тие не ретко ги уриваат односите со своите мажи.Впрочем тие многу не се стремат кон брак, повеќе ги исполнува една успешна кариера. Таквите жени, машки ги преминуваат кризните ситуации и често се практични во истите. Кога им е тешко, тие не го покажуваат тоа пред сите, напротив секогаш се насмеани изгледаат добро. За да ја налутите една таква жена, потребно ви е доста искуство, а ако сепак успеете, ќе осетите, како боцкаат Скорпиите.
Карамфили сакаат жените, кои се самостојни и решителни и силно си стојат на својата цел. Во односите со луѓето од околината тие се совесни, точни и многу бараат. Понекогаш се дури и дрски, па не ја премолчуваат навредата и не ја простуваат измамата. Во неопходност се готови да им помогнат, дури и на не многу блиски луѓе. Како по правило жените од овој тип, навистина се сексуални и не понесувваат посредствени партнери.
Не е возможно човек да се збуни и да не ги препознае поклоничките на розите и да ги помеша со некои други, да не ги оддели од толпата. Тие се горди и секогаш се чуваат на дистанца. И само, ако некои се обидат да се приближат до нив, против нивна војла, тие веднаш ги покажуваат свиоте боцки.
Боемските госпоѓи, секогаш ги претпочитаат орхидеите. Тие жени можете да ги сретнете во театар, на изложба или на премиера. Во домот ќе им откриете многу стари нешта и книги. Љубовните авантури се неделив и навистина светол дел од нивниот живот.
Љубителките на мимозата се нежни, навредливи, но истовремено и таинствени. Присутната наивност им пречи да го подредат личниот живот, така што ќе се чувствуваат психички комфорно. Постојано среќаваат умни и пресметливи или глупави и недоделкани мажи со кои едноставно не можат да бидат среќни.
На крај да кажеме дека најважен не е видот на растението и цветот на неговите лисја, туку тоа колку е искрен човек, кога подарува цвеќе.
Подетално за вашиот карактер и што бе очекува, можете да се информирате на контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари