ТЕСТ: Таа и Тој

КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕМЕ ИДНИОТ САДИСТ

ВО ЉУБЕНИОТ ЧОВЕК?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Многу ретко некој се раѓа коко садист. Понекогаш околностите го поттикнуваат момчето да стане таков – психички заболувања, детска сексуална траума и др. Ако првиот обид е случаен, добива наслада и бара начин да го повтори. Сосема не е случајно што определен тип мажи практикуваат насилство. Психолозите и психијатрите ги иследуваат особеностите на овие личности и сметаат дека тие имаат соодветни црти на карактерот и психата.

Природно не би требало да се мачиме да направиме групен портрет од карактеристиките на насилникот, зашто би можело да имаат допирни точки со половина од претставниците на машкиот пол, но би било добро да ги запознаеме основните знаци на тој тип.

– Оценката за себеси му е катастрофално ниска или висока. Тој е премногу претенциозен, наметлив и врие од амбиции. Искомплексиран тип.

– Одмаздољубив е и љубоморен. Всушност сите љубоморни луѓе се наклонети кон еден или кон друг вид одмазда, па и на сексуален план.

– Во сексот сосема не е Казанова, но многу сака да направи впечаток токму во областа на интимните односи. Затоа ако ненамерно го навредите на тој план, по секоја цена ќе ви врати со груб секс.

– Дури и при ситни конфликти претпочите проблемите да ги решава в кревет. Тоа е негов стил за време во кое с# може да се случи, дури и во еден момент да се почувствувате како валкана робинка.

– Навредлив е до ситници, ако партнерката му откаже секс, тоа го прима како лична навреда.

– Деспот е и властољубец и чувствува задоволство при користење на физичка или сексуална сила. Ако само еднаш попуштите пред неговиот сексуален притисок, од тој миг, секојпат кога ќе сака нешто да постигне, тој ќе прибегнува до таква форма на однесување.

Спротиставувањето ќе се казни на истиот начин.

– Свесно бара психолошки или материјално зависни жени, за да добие можност да дејствува со секакви средства. Најмаку повредливо е со принудувачкиот секс, најжестоко – сексуалниот ревеншизам.

– Обично го истура својот гнев врз другите, зашто така е најлесно. Во повеќето случаи тоа може да има сексуална варијанта.

– Тој е неуспешен на професионален план и материјално е нереализиран човек. За тоа ги обвинува сите и свесно или несвесно мечтае да се одмазди за социјалниот и професионален неуспех.

– Наклонет е кон садизам, при што сексуалните пројави му прават задоволство не само на душата, туку и на телото.

– Самиот тој бил жртва на сексуална агресија и е психолошки насочен да бара слаба жртва на која ќе & се одмазди на истиот начин.

– Заразен е со некоја венерична болест. Дал љубов на некоја жена, а таа му отплатила со заразување. Завладеан е од фикс идејата да им врати на колку е можно повеќе жени на истиот начин. Тешко е да се определи таквиот реваншист, но не и невозможно: тој не се стреми да изгради односи, затоа што смета дека тие немаат иднина, се мачи да ја скрати првата фаза на запознавање, зашто единствена цел му е половиот акт; сите средства за претпазливост не го интересираат, не го цени ниту својот живот, ниту оној на друугите. Ако го сретнете, бегајте, не можете да му помогнете.

Ако веќе сте ги разбрале основните белези на сексуалните одмаздувачи, сигурно се прашувате како да се борите со тоа. Обично тие се однесуваат сосема нормално и можеме доверливо и безгрижно да и допуштиме пристап до себеси.

МЕТОДИ ЗА БОРБА СО СЕКСУАЛНИОТ РЕВАНШИЗАМ

Прв метод: Проверете се прво себеси дали дали имате навика да манипулирате со партнерот со помош на сексот. Ако го правите тоа поради сексуална одмазда, може да ве спаси само добродушноста на љубениот човек. Во многу случаи самите го “разбудуваме ѕверот” во мажот.

Втор метод: Преиспитајте се себеси дали сте можна жртва на мажи од таков тип. Најпрво средете си ја својата ситуација, потоа евентуално размислувајте за љубовно еротски односи.

Трет метод: Не си дозволувајте блиски односи со мажи од “ризичната група”. Веќе ви е позната нивната карактеристика.

Четврт метод: Запомнете: некои ваши постапки можат да разбудат сексуален ревашизам дури и кај оние кои никогаш не помислиле да се одмаздат на тој начин. Последната капка може да биде, на пример, циничното изневерување со неговиот најдобар пријател, како на пример дека „детето не е негово” и сл. Не провоцирајте такво однесување кај партнерот, за подоцна да не се каете горко. Дури и најкроткиот маж може да се претвори во сексуално чудовиште ако го повредите сериозно.

Петти метод: Обидете се да сте внимателни со партнерот, но не го издигајте на рангот на божество и не му проштевајте с#. Тоа е најдобриот начин во него да провоцирате сексуален реваншизам.

Шести метод: Научете се да решавате конфликти низ разговор, а не само в кревет. Ако сте навикнале да го пренесувате решавањето на партнерските проблеми во спалната соба, не се чудете дека саканиот ќе ја докажува својата гледна точка користејќи го аргументот на фалусот. Ако започнете да му возвраќате, ќе употреби сила.

Седми метод: Не се однесувајте како жртва. Сексуалните реваншисти бараат токму такви искомплексирани и незаштитени жени.

Осми метод: Ако сепак сте сретнале вистински сексален одмаздувач, не му покажувајте дека се плашите од него. Колку повеќе ужас има во неговите очи, толку повеќе го убедувате дека е на вистинскиот пат. И при првата можност – бегајте и никакви контакти понатаму!

Деветти метод: Ако почувствувате дека вашиот партнер е на граница да пристапи кон сексуална одмазда, искористете ги целиот шарм и женски сили. Зборувајте му, намалувајте ја агресијата со зборови. Ладнокрвноста и спокојниот поглед се најдобриот пристап против насилството. Ако сте учеле борбени вештини знаете дека треба да удрите по она место со кое ве заплашуваат.

Десети метод: Никогаш не му го соопштувајте своето решение да ги прекинете односите со него непосредно пред, за време или по време на блискост. Во таков момент желбата на мажот да ви се одмазди за тоа затоа што вие го оставате, а не тој, ќе биде многу силно. И тој, без сомнение ќе ја искористи ситуацијата. Ако сето тоа ве натерало да си помислите дека вашиот сакан е потенцијален садист, направете го следниот тест. Сетете се добро на односите со него и сосем чесно одговорете на прашањата. Така ќе разберете дали е наклонет кон насилство.

1. Саканиот ве убедува да му направите домашен стриптиз, но вие не сакате, а тој:

а) навредено замолчува;

б) настојува на своето;

в) ја демонстрира пред вас уметноста на соблекувањето.

2. Откако сте се скарале, љубениот се обидува да се смирите на следниот начин:

а) со подароци, цвеќе и нежни зборови;

б) со силен секс;

в) со заплашувања од типот: “Ако продолжиш така, ќе те напуштам”.

3. Настојува ли вашиот партнер за многу смели сексуални експерименти?

а) да, се додека не го постигне своето;

б) не;

в) кога предлага нешто ново, тоа го прави деликатно и тактично.

4. Како реагира ако му откажете секс?

а) ме распрашува „зошто”?

б) збеснува и ја треснува вратата;

в) не прифаќа одбивања.

5. Дали вашиот партнер има некакви ограничувања во сексот?

а) никакви – прави сe што ќе му се посака;

б) многу и најразлични – ужасно е комплициран;

в) извесни има, но сема природни (на пример во однос на хигиената)

6. Сака ли да гледа порно филови во кои сижето се базира на насилство?

а) мислам дека не;

б) со сигурност, не;

в) готов е да гледа со часови.

7. Што ќе се случи ако му се пожалите дека не доживувате оргазам?

а) ќе се налути и ќе ме измачува со секс;

б) ќе каже нешто од типот, “Тоа си е твој проблем!”;

в) ќе стане повнимателен и ќе почне да прави с# и вам да ви пружи задоволство.

8. Можете ли во нешто да го прекорите вашиот интимен партнер во однос на сексот?

а) да, иако тоа може да го повреди;

б) се разбира, тоа ќе го активира, така ќе се потруди повеќе;

в) не, ќе се разбесни.

9. Се случува ли да има сексуални проблеми?

а) Постојано;

б) многу ретко;

в) никогаш.

10. Како реагира партнерот на животните неволји?

а) се растројува и пушта с# да тече по својот тек:

б) ги преживува тешко, но не запира да ги поправи нештата;

в) ужас – си го тера своето.

Број на поени: 1. а) 2, б) 3, в)1; 2. а) 1, б) 3, в) 2; 3. а) 3, б) 1, в) 2; 4. а) 1, б) 2, в) 3; 5. а) 3, б) 2, в) 1; 6. а) 2, б) 1, в) 3; 7. а) 3, б) 2, в) 1; 8. а) 2, б) 1, в) 3; 9. а) 3, б) 2, в) 1; 10. а) 2, б) 1, в) 3.

ПРЕБРОЈТЕ ГИ ПОЕНИТЕ

17 поени и помалку: Можеби вашиот партнер не е ангел, но во никој случај не е злосторник и не можете да очекувате подол удар од него. Во такви случаи немате основа да тврдите дека може да и направи зло на друга жена, дури ако се однесува кон неа со помалку топлина и љубов, отколку кон вас. Категорично не е од !рзичнната група”.

18-25 поени: Нема посебни белези врз основа на кои би го сместиле во насилниците, но и не може да се исклучи од таа категорија. Имате причина да се сомневате. Така ќе бидете повнимателни, за да не ги пропуштите опасните симптоми.

26 поени и повеќе: Ви се паднал каприциозен и тежок маж. Ако барате силни чувства, подобро да не ја продолжувате таа врска. Ако сте омажени, бидете будни. Сигурно ќе дојде моментот кога ќе се пројавио како сексуален екстремист независно во каков степен. Во зависност од вашата реакција, ќе се развијат вашите сексуални и човечки заемни односи.

хороскопи со предвидување.

контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20