ТАЈНАТА НА АУРАТА

 НЕЈЗИНИТЕ БОИ!

 

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Боите и нијансите на емоциите и мислите, темпераментот и карактерот, здравјето и болеста, духовната состојбасето тоа се гледа во аурата на човекот.

           Латинскиот збор “аура” означува зрак, посебно зрак во благо движење, односно мирис или здив. Аурата е многу суптилна, и затоа за обичното око невидлива супстанција; тоа е флуид кој го зрачат не само луѓето и животните, туку и билките, па според тоа аурата е некој вид надворешна обвивка на сите живи суштества. На видовитото око таа му се прикажува како светлина која зрачи од врвовите на прстите и од останатите делови на телото. Понекогаш на таа флуидна обвивка наместо безбојна светлина светкааат различни бои кои се израз не само на моментното расположение, на некоја мисла или наплив на чувства на определена личност, туку зборуваат и за нејзиниот карактер и природа.

          Според кабалата, аурата е составен дел на астралното тело. Според тоа, астралното тело се наоѓа внатре во физичкото тело (кабалистите го нарекуваат руах) и надвор од него (непхеш); тоа го исполнува целиот човек и природата до најситните делови. Освен тоа, аурата е некој вид флуидно зрачење кое го опкружува целото тело и посебно е силно на главата и на рацете. Таа го создава ореолот кој може да се види  кај сликовитите прикази на ликовите на светците.

ЈАЈЧЕСТ ОБЛИК

          Според Рудолф Штајнер, таткото на антропозофијата, аурата на видовитото око му е видлива како јајчест облик во постојано движење, во чија внатрешност се наоѓаат физичкото и етеричното тело. Аурата го прикажува човековото расположение и темперамент, тоа што нему му е својствено. Во аурата доаѓаат до израз мисловните форми; во нив се влеваат основните тонови на боите кои им одговараат; во аурата е бојата на изразот на душевното доживување. Три видови на бои ја прават аурата:

  1. Бои кои како облак се провлекуваат низ аурата;

  2. Бои кои се доста светли и го осветлуваат целиот простор на аурата и ја исполнуваат со сјај.

  3. Блескави бои кои зрачат, и кои се во постојано движење и секогаш повторно нови.

          Тие три начини на прикажување на боите ја проникнуваат човечката аура и во неа меѓусебно се мешаат на најразлични начини. Тројната аурска обвивка околу телото ги прикажува телото, душата и духот.

          Значи, како што вели Ајванхов: “Аурата е нешто како кожа на душата, таа ја обвива и штити, &   дава способност да осетува и, најпосле, овозможува минување на универзалните текови и комуникацијата помеѓу човечката душа и сите суштества, дури и ѕвездите.

          Во аурата се огледуваат емоциите и мислите, копнежите и духовната состојба, телесното и душевното здравје и болест (на астралната медицина и на различните облици на биоенергетско лечење тоа им е доста добро познато). Кај смртните болести, аурата се губи пред смртта, додека во случајот на ненадејна смрт аурата бледнее по клиничката смрт.

Таа е во облик на мандорла (геометриски лик во облик на бадем – го симболизира преодот на дуализмот материја-дух, вода-воздух, небо-земја, во хармонично остварено единство); формирана е од светлосно обоени зрачења кои произлегуваат од разни делови на телата. Аурата е вистинска животна сила. Затоа, боите со кои сме опкружени (во нашата околина, на облеката и сл.), ако се во хармонија или во дисхармонија со бојата на нашата аура, можат да влијаат на нашето расположение, здравствената состојба итн.

          Зборувајќи за боите на аурата, не смееме да заборавиме дека тие не се исти со оние што ги забележуваме со нашите телесни очи. Како што се различни нивоата на кои природата се отчитува, така е различно и треперењето на секое од тие нивоа. Пренесено на подрачјето за кое овде станува збор, колку е посуптилно нивото на кое се прикажува некоја боја, толку пофина и посуптилна е нејзината нијанса.

          Бројот на комбинации и модификации на основните бои може да биде бесконечен. На тоа суптилно ниво, и најфината градација на карактерот или најминливото чувство се изразуваат со најголема прецизност. При пројавувањето на целото значење на она што го гледаме, треба да се земе предвид и општиот сјај на астралното тело, релативната определеност или неодреденост на неговите контури, па и релативниот сјај на одделните енергетски центри. Да споменеме и дека психичките својства кои се развиени или се во развој, се изразуваат по пат на бои. На пример, виолетовите нијанси означуваат повисок и почист развој, додека погрубите комбинации на црвено ја оддаваат расипаноста на оној кој чепка по зли и себични облици на магија. Окултниот напредок не се очитува само со боите, туку и со зголемениот сјај на одделните човекови тела, како и со нивните зголемени димензии и со определени облици.

ЦРВЕНАТА БОЈА ВО АУРАТА

          Пурпурно црвената боја е манифестација на љубовта и често ја претставува најубавата карактеристика во телата на просечниот човек. Се разбира, таа варира во зависност од видот на љубовта. Јасно црвената боја укажува на моќта на управување кон доброто. Јасно црвениот тон опкружен со жолта се наоѓа, на пример, кај оние кои се подготвени да им помогнат на ближните. Јасно црвеното зрачење во аурата на некој орган покажува дека тој е во совршено здравје.

          Простата црвена, згуснатата или темната (матна) црвена боја укажува на лош карактер, злоба, користољубие, раздразливост (често таа боја се наоѓа во аурата на убијците). Колку црвеното е побледо, понејасно, личноста е понервозна, понестабилна, поактивна.

          Црвените тонови околу некој орган зборуваат за неговата здравствена состојба. Темно црвената со примеси на кафеава укажуваат на рак и тој со помош на гледањето на аурата може да се предвиди. Аурата ги открива болестите кои телото подоцна ќе го погодат ако не бидат преземени соодветни мерки. Линиесто црвеното кое трепери над образите укажува на кариес. Сите личности кои имаат црвена боја над стернумот (градната коска), имаат болни нерви; па таквите луѓе би требало да научат да ги контролираат своите активности и да бидат помирни.

          Скерлетно црвената боја се наоѓа во аурата на егоистичните луѓе и кај проститутките.

          Розевата боја означува незрелост, адолесцентите во аурата немаат црвена, туку розева боја. Кај возрасните розевата боја открива инфантилност или несигурност. Но, розевата може да значи и целосно несебична љубов која никогаш не гледа на себеси, туку само сака да дава и свесно да се жртвува за саканата личност не барајќи ништо за возврат. Исклучително блескавата розева боја, проткаена со виолетова зборува за духовна љубов за човештвото.

          Се разбира, помеѓу наведените нијанси постојат безбројни можности, но и љубовта може да биде обоена на разни начини, на пример со гордост и љубомора.

ПОРТОКАЛОВА ВО АУРАТА

          Тоа е една варијанта на црвената, но на Истокот се смета за сончева боја и се почитува.

          Во основа тоа е добра боја, и луѓето што ја имаат во аурата во основа се добри и подготвени да помогнат. Жолто-портокаловата открива самоконтрола и останати добри особини.

          Кафено-портокаловата се наоѓа во аурата на мрзеливите кои на с# се потсмеваат. Таа боја означува и болни бубрези. Ако е сместена над нив и прошарана со сиви тонови, открива присутност на камен во бубрезите.

          Портокалово-зелената боја означува колеричен пакосен темперамент, црно-бело гледање на работите, без длабочина и толеранција.

ЖОЛТА БОЈА ВО АУРАТА

          Тоа е доста добра боја, која секогаш значи поседување на интелектуалност. Нејзините тонови се различни, можат да станат посложени со примеси на други бои. Општо говорејќи, личностите со пониско ниво имаат во аурата згуснати и потемни тонови на оваа боја, особено ако нивните цели се себични; но станува блескаво златна и постепено се воздига до прекрасна јасна светлечка лимон-жолта или боја на јаглика, ако човекот се свртува кон несебични цели.

          Згуснато жолтата се наоѓа во аурата на плашливците и кукавиците.

          Црвенкасто-жолтата означува психичка и морална плашливост и слабост на духот. Личноста во чија аура е присутна таа нијанса на жолта боја не знаат што сакаат, наклонети се кон менување на таборот, секогаш барајќи нешто друго.

          Лицата кои во својата аура имаат румено-жолта и кафено-жолта, го минуваат својот живот во залудно трчање по лица од спротивниот пол. Ако при тоа имаат и црвена коса, станува збор за раздразливи и многу чувствителни личности.

          Ако жолтото е доста обоено со црвено, личноста страда од комплекс на помала вредност; поголемата присутност на црвенилото во жолтото укажува на посилно изразен комплекс.

          Костенливо-жолтата укажува на нечисти мисли и слабост на духот.

          Пијаниците обично во аурата имаат црвено-костенливи тонови. Кај ноторните пијаници е присутна и нијанса на згуснато-зелена боја – таквите личности ретко кога можат да бидат спасени од сопствената лудост.

          Ако жолтото е избраздено со кафено и ако кафеното доминира, тоа е знак на ментална болест. Личностите со “двојна личност” често во половина аура имаат сино-жолта, а во другата половина кафено или зелено-жолта, што е многу незгодна мешавина на боите.

          Златно-жолтата, како што веќе кажавме означува позитивни мисли и интенција кон духовен развој.

КОСТЕНЛИВА БОЈА ВО АУРАТА

          Згусната црвено-костенлива боја, слична на бојата на ‘рѓата, означува скржавост и се разместува обично во паралелни линии преку целото астрално тело, давајќи му многу необичен изглед.

          Тешката, згусната сиво-костенлива означува  себичност. За жал, тоа е една од најчестите во астралното тело.

          Зеленкасто-костенливата, расветлената со светлоцрвени или  пурпурни блесоци, означува љубомора. Многу често таа боја може да се сретне кај обичниот човек и тоа најчесто кога е “заљубен”.

ЗЕЛЕНА БОЈА ВО АУРАТА

          Од сите бои, оваа има најразлични значења, па нејзиното правилно толкување бара определена студија. Во принцип, тоа е боја на лечењето, поучувањето, на физичкото растење. Големите лекари и хирурзи често ја имаат оваа боја во својата аура. Зелено, проследено со убава црвена означува одличен хирург, комплетен човек. Самата зелена без траги на црвена се наоѓа во аурата на лекарите и болничарките вљубени во својата професија. Зеленото проследено со убава сина, објавува успех во науката. Познатите професори во својата аура имаат зелено прошарано со електрично-син зрак, меѓу кои се разликуваат линии на златно-жолта боја, која покажува висока духовност, предаденост и почитување кон ученикот.

          Сите оние кои што се грижат за здравјето на луѓето и животните имаат нијанси на зелена боја во својата аура.

          Зелената во основа е добра боја, но ако се меша со жолта, укажува на личност во која не може да се има доверба; колку повеќе има жолто во таа мешавина, карактерот на таа личност е полош (крадците обично имаат жолто-зелена боја во аурата).

          Ако зеленото оди кон сино, на пример небеско-сино или електрично-сино – таа личност е совршено чесна.

          Сиво-зелената боја, која значи измама и подлост, ќе биде поизразена во астралните тела на примитивците. Со напредокот на човекот оваа боја се подобрува – во блескава смарагдно-зелена, која значи разноликост, сестраност, бистрина и брзо снаоѓање, но веќе не повлекува зли намери во врска со тие својства. Таа боја означува способност “да се биде со сите луѓе”, но веќе не за да ги измамиш, туку во прв ред за да ги задоволиш, за да се стекне нивната пофалба или благонаклоност, а со време кога ќе се развие разбирање, за да им се помогне. Најпосле, таа боја се трансформира во нежна, бледо светлечко-зелена, каква што може понекогаш да се види кај исклучително нежното заоѓање на сонцето. Тогаш таа боја покажува некои од својствата на човечката природа, ја покажува најдлабока симпатија и сочувство и совршена прилагодливост, која само тие својства можат да дадат.

          Сјајната зелена боја обично ја следи силната виталност во нејзиниот ран развој.

СИНА БОЈА ВО АУРАТА

          Тоа е боја на духовниот свет. Таа ја означува природата на интелектуалните особини. Колку сината нијанса е посветла, толку личноста е посилна. Бледо сината припаѓа на нерешителните личности со слаба волја.

          Темната, јасно сина боја обично ги оддава религиозните чувства и &  припаѓа на личноста која напредува, која се труди. Ако сината станува уште потемна, станува збор за личност која своите задачи ги извршува со цело срце и тоа &   донесува сатисфакција. Често таа боја се среќава кај мисионерите кои имаат вокација.

Личноста, генерално земено, може да се набљудува според светлоста на жолтата и темноста на сината боја.

          Светло сината означува предаденост на некој благороден духовен идеал и постепено се воздига до светлечката виолетово-сина, која е типична за високата духовност, па обично е проследена со светликави златни ѕвездички, кои ги претставуваат возвишените духовни аспирации.

ИНДИГО И ВИОЛЕТОВА ВО АУРАТА

          Индиго бојата во аурата оддава длабоко и искрени религиозни уверувања (според самата присутност на таа боја тешко е да се претпостави колку се искрени тие религиозни убедувања; таа укажува само на нивното постоење). Ако розевиот тон се меша со индиго, личноста има лош карактер – розевото ја деградира и ја лишува аурата од нејзината чистота. Индигото или виолетовото може да укажуваат на болести на срцето или стомакот.

СИВА БОЈА ВО АУРАТА

          Сивото е модификатор на боите во аурата и само по себе ништо не означува, но ако продре во некоја боја, ја означува слабоста на карактерот и на здравјето.  На пример, сивкастиот раб над некој орган укажува на неговото скорешно заболување. Личноста која страда од мигрена има некој вид сив облак во ореолот и се меша со другата боја, вибрирајќи во ритамот на главоболка.

          Тешката оловно-сива означува длабока депресија. Во случаи кога личноста е често во таква состојба, нејзиниот одраз во аурата е неопишливо темен и тажен. Таа боја тогаш може да се распореди во паралелни линии по должината на целата аура, што остава впечаток дека несреќната жртва е затворена во некој вид астрален кафез.

ЦРНАТА БОЈА ВО АУРАТА

          Густите црни облаци во астралното тело означуваат присуство на омраза и злоба. Кога некоја личност неконтролирано ќе излее страстен бес, во нејзината аура можат да се видат страшни мслени форми како лебдат како намотки од тежок отровен чад.

          Овде само во основни црти е даден приказот на боите и на нивното значење во човечката аура. Но многуте бои и нивната комбинации се менуваат паралелно со духовниот напредок на човекот. Основните бои на аурата ја прават “основата” на личноста, пастелните тонови упатуваат на мисли и намери, како и на степенот на духовноста. Аурата трепери како виножито, боите кружат околу телото во концентрични спирали. Но тие бои се побројни од боите на едно виножито, бидејќи виножитото е кристален одраз, а аурата – самиот живот.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20