ТЕСТ – ВИНОЖИТОТО НА ВАШИОТ КАРАКТЕР

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Подготвил: Илија Бошков – Крајнички

Што означува наклонетоста на секој од нас кон определена боја?

За тоа која боја е најсоодветна за Вас и што означува таа, можете да дознаете од следниот тест. Кога ќе ја определите “својата” боја, гледајте колку што е можно почесто да биде присутна во облеката и предметите – таа ќе Ви донесе успех. А како ќе се одрази на Вашиот карактер, ќе видите самите.

1. Кој елемент Ви е најблизок?

а) Оган

б) Вода

в) Земја

г) Воздух

д) Се интересирам за сите елементи истовремено и за нивното заемно дејство.

2. Што Ви е најпријатно да набљудувате?

а) Свеќа што гори.

б) Оган во камин.

в) Оган во печка.

г) Логорски оган.

д) Не сакам оган.

3. Мечтаете ли да патувате по море?

а) Не.

б) Да.

в) Редовно одам на море.

г) Живеам крај море.

д) Не разбирам зошто луѓето толку го сакаат морето.

4. Во жежок ден:

а) Претпочитате да не излегувате од дома.

б) Уживате да се шетате во парк со големи дрва и дебели сенки.

в) Со радост се шетате по сончевите зраци.

г) Цел ден ќе седите крај река, езеро или море.

5. Вашата најомилена сезона е:

а) Зима.

б) Пролет.

в) Лето.

г) Есен

д) Секоја сезона, само да е топло.

е) Секоја сезона, само да не е жешко.

ж) Секоја сезона, само да е така како што јас сакам.

6. Често ли Ви се случува да предвидувате определени настани?

а) Речиси секогаш знам што ќе се случи.

б) Понекогаш можам да предвидам некои нешта од иднината.

в) Сосема ретко предвидувам што и да е.

г) Никогаш не ми се случило да ги предвидам идните настани.

д) Не ми е интересно да се обидувам да ја предвидувам иднината, се нека си оди по својот пат.

7. За да се одморите и да добиете позитивни емоции, претпочитате.

а) Да бидете сами.

б) Бучно друштво.

в) Друштво на блиски пријатели.

г) Да сте заедно со роднините.

д) Да сте заедно со сопругот/сопругата (саканиот/саканата)

е) Да прочитате книга или да погледате некој филм.

Доделете си ги бодовите според следната шема: 1. а) 1 бод б) 2 бода в) 3 бода г) 4 бода д) 5 бода; 2. а) – 1, б) – 2, в) – 3, г) – 4, д) – 5, е) – 6; 3. а) – 3, б) – 1, в) – 2, г) – 4, д) – 5; 4. а) – 4, б) – 3, в) – 1, г) – 2; 5. а) – 4, б) – 3, в) – 2, г) – 1, д) – 5, е) – 6, ж) – 7; 6. а) – 4, б) – 3, в) – 2, г) – 1, д) – 5; 7. а) – 6, б) – 1, в) – 3, г) – 2, д) – 4, е) 5.

Ако сте собрале од 7 до 11 бода:

Вашата боја е црвена. Тоа е бојата на огнот, крвта и страста. Оние на коишто им одговара оваа боја се емоционални и отворени природи. Вие можете да сакате и да не завидувате, но вашите емоции секогаш ќе бидат напрегнати до крај. Освен тоа, црвеното е боја на следење на инстинктите: тие кои го претпочитаат црвеното често се робови на своите желби.

СОВЕТ:

Погрижете се одвреме-навреме да ги контролирате емоциите, зашто не секогаш е потребно отворено и остро да ги пројавите своите чувства.

Ако сте собрале 12 до 15 бода:

Вашата боја е портокалова. Оние коишто се определиле за оваа боја, како и луѓето во црвено, се способни да искажат силни чувства, но тие умеат понекогаш да ги контролираат. Освен тоа, овие луѓе се понаклонети кон пројава на позитивни емоции, отколку кон негативни.

СОВЕТ:

Немојте да ги потиснувате негативните емоции, пројавете ги исто како и позитивните. Потиснатите чувства можат да Ви донесат само нервози во иднина.

Ако сте собрале од 16 до 19 бода:

Ваша боја е жолтата. Тоа е бојата на сонцето, а сонцето свети секогаш – и во зима и на лето. Луѓето за кои е соодветна жолтата боја секогаш се весели и со животна радост. Понекогаш таа радост може да е и претерана.

СОВЕТ:

Нема живот без тага, примете го тоа како факт, и престанете да се убедувате себеси дека злото не постои. Помислете на тоа дека с# минува, а тоа значи ќе поминат и лошите нешта и повторно се ќе биде чудесно. Одрекувањето на очигледното создава само проблеми.

Ако сте собрале од 20 до 23 бода:

Ваша е зелената боја. Зелената е бојата на тревата и лисјата. Луѓето од овој тип се воздржани, иако не се лишени од емоции. Упорноста во постигнувањето на целта, стремежот да го постигнат саканото, и, во исто време, умеењето навреме да се опуштат, се нивни главни вредности.

СОВЕТ:

Понекогаш е добро поотворено да ги пројавите Вашите емоции, за да можат другите соодветно да општат со Вас, без да ризикуваат да Ве повредат или засегнат.

Ако сте собрале од 28 до 31 бод:

Ваша боја е сината – боја на морето и вечерното небо. Луѓето од овој тип се наклонети често да се осамени, па се затворени и самодоволни. Бучните забави не се за нив, доволно им е мало друштво од најблиските пријатели или роднини. Ако донеле одлука, тешко е да ги разубедите.

СОВЕТ:

Почесто сослушувајте ги блиските, понекогаш тие може да се во право, бидејќи ја гледаат работата од страна. Умеењето навреме да го промените донесеното решение помага да избегнете многу проблеми.

Ако сте собрале од 32 до 35 бода:

Вашата боја е виолетова. Тоа е бојата на квечерината, најмистичното време од деноноќието. Луѓето за кои е соодветна виолетовата боја се наклонети кон занимавање со магија, езотерија и гатање. Веројатно интуицијата не еднаш Ве извлекла во животот.

СОВЕТ:

Развивајте ја својата интуиција за да ги избегнете грешките или подгответе се да ги проверите Вашите чувства преку анализа на ситуацијата. Интуицијата, како и с# друго во нашиот организам, треба да се тренира. Додека не ја развиете, таа може да згреши. Ако сте уверени дека интуицијата никогаш не Ве мами, смело следете си го внатрешниот глас.

Ако сте собрале од 36 до 38 поени:

Вашата боја е белата. Имено, белото ги обединува во себе сите бои од спектарот, или, како што често велиме – виножитото. Белото е бојата на хармонијата и целината. Луѓето за кои е соодветна белата боја се хармонични личности кои знаат што сакаат во животот и како да го постигнат тоа. Тешко е да посоветувате нешто човек кој се наоѓа во хармонија со себеси и со светот – Вие и без тоа знаете што треба да правите за да ги постигнете своите цели. Можеме само да Ви посакаме успех и да Ве поздравиме.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20