БРОЈКАТА НА ЕКСПРЕСИВНОСТА –

ПРИ ИЗБОРОТ НА ПАРТНЕР

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Бројот на експресивноста се отчитува само според датата и месецот на раѓање. Најдете го вашиот и на оној човек што ве интересира, а потоа според покажаната таблица ќе разберете каков ќе биде резултатот на вашите односи.

На пример: Родени сте на 18. 11. Бројот се добива на слениот начин: 1 + 8 + 1 + 1 = 11 = 1 + 1 = 2. На истиот начин постапете и со бројот на партнерот.

ЗНАЧЕЊЕТО НА БРОЈОТ – КАРАКТЕР

1 – Индивидуалист, реалист, активен, импулсивен, слободољубив, склоност кон наметнување на сопственото мислење, екстравертен.

2 – Урамнотежен карактер, пасивен, подложен на надворешни влијанија. Лесно паѓа под зависност, има силна потреба од љубов.

3 – Независност, отвореност и комуникативност, творечки и иницијативен приод кон секоја задача.

4 – Основната црта на овој број е стабилноста. Конзервативен, долго размислува пред да направи чекор. Педантен и дисциплиниран, претпочита да живее според правила.

5 – Овој човек е независен, динамичен, наклонет првин кон дејствување, а после тоа кон размислување. Авантурист, љубител на доживувања.

6 – Творечка, емоционална, романтична и фантазерска природа. По правило е нерешителен, идеалист.

7 – Воздржан, независен, неговите интереси претежно се насочени кон духовната сфера. Наколонет кон самотија. Интровертен.

8 – материјалист, лидер, иницијативен и исполнет со амбиции. Многу е енергичен, самостоен, добар организатор.

9 – идеалист и фантазер, ранлив, неспокоен. Има богата инвеција, оригиналност во мислите и постапките. Екстравертен.

ЗНАЧЕЊЕ НА СПОЈОТ – ПЕРСПЕКТИВА

1 + 1 – Двајца индивидуалисти, не се навикнати на копромиси и отстапки. Постојани заемни обиди да се потисне партнерот.

1 + 2 – Ако влијанието на 1 не е премногу силно, возможен е хармоничен, заемнодополнувачки сојуз.

1 + 3 – Има основи за оптимизам. Во тој сојуз се присутни активноста, динамизмот, претприемништвото, но вистинска љубов во оваа врска е реткост.

1 + 4 – Тоа партнерство може да биде успешно само тогаш кога се однесува за деловните односи. Различноста помеѓу сопствениот ритам на животот ги прави проблематични сите други видови односи.

1 + 5 – За оваа двојка се карактеристични опасните односи. Тука е возможна и љубов на прв поглед и смртоносни спорови за ситници. Односите секогаш ќе се карактеризираат со крајна нестабилност.

1 + 6 – Во овој спој има големи шанси за успешен заеднички живот, во кој секој од партнерите ќе умее да ги реализира своите потреби, без тие да им наштетуваат на интересите на другите.

1 + 7 – Заемнодопадлива комбинација. Односите можат да бидат долготрајни, но не многу длабоки. Тоа всушност им прави илузија.

1 + 8 – И двете бројки покажуваат луѓе кои тешко ги покажуваат своите чувства. Спојот е надежен во случај ако никој од нив нема потреба од пројава на емоции.

1 + 9 – Детевтката е оптимален партнер на единицата. Во целина има добра перспектива за овој сојуз.

2 + 2 – Отсуството на заемно разбирање го прави овој спој проблематичен од гледна точка на длабоки, продолжени односи. Но ако се однесува за пријателство или партнерство – тоа е еден од најдобрите сојузи.

2 + 3 – Многу добар и урамнотежен спој со одлични перспективи.

2 + 4 – Иднината е многу добра, со исклучок на тоа што никој не решава да го направи првиот чекор за установување на односите.

2 + 5 – Можни се добри односи, но е малку сомнтелно. Пред с#, таков сојуз ќе биде емоционално нестабилен.

2 + 6 – Многу хармоничен, стабилен и преспективен сојуз. Таквиот спој ветува љубов до гроб.

2 + 7 – Има добра иднина за пријателство. За длабоки чувства оваа врска нема големи можности за успех, но е можна.

2 + 8 – Заемнодопадливи се односите со многу добри перспективи. Целосна хармонија.

2 + 9 – Кардиналните разлики во емоционалната сфера го прават заедничкиот живот секогаш проблематичен.

3 + 3 – Од една страна таквиот сојуз може да биде многу добар, а од друга незавсиноста на секој од нив може да донесе брзо оладување и раскин на односите.

3 + 4 – Добар спој со големи шанси за успех, ако чувствата на тројката се доволно сериозни.

3 + 5 – Многу добар сојуз со многу слични карактеристики. Наличјето на општите интереси го прават уште понадежен.

3 + 6 – Одличен однос од секоја гледна точка. Блескава перспектива, долги и длабоки односи.

3 + 7 – Несоодветноста во интересите може да стане причина за длабоки конфликти и несогласувања. Изгледите за успешен сојуз речиси не постојат.

3 + 8 – Во тој сојуз се присутни постојани спорови и битки. Резултат на то е – целосна неперспективност.

3 + 9 – Добра двојка во кој се присутни општи интереси и можност за заедничка реализација.

4 + 4 – Овој однос може да биде долг и стабилен. Треба да внимаваат да не станат премногу конзервативни.

4 + 5 – Овој спој по правило е кракткотраен. Целосната спротивставеност на интересите и неразбирањето на партнерот брзо ќе доведат до разделба.

4 + 6 – Обично овој сојуз е среќен и долг. Односите во него се хармонични и не се обременети со заемни недоразбирања и скандали.

4 + 7 – Сојуз со перспектива, долготрајни и страсни односи.

4 + 8 – Од една страна спојот е надежен, затоа што и двајцата партнери бараат стабилност. Но можни се компликации обусловени од борбата за власт.

4 + 9 – Меѓу овие бројки постои заемна привлечност. Да се предвиди нешто определено е практично невозможно. Во секој конкретен случај има незначителни нијанси.

5 + 5 – Многу добри односи. Долг и стабилен сојуз на две души.

5 + 6 – Шансите за долги, спокојни и стабилни односи не се големи. Сојузот е возможен, ако чувствата не се од првоспепено значење.

5 + 7 – Добар спој. Спротиставеноста на карактерите е присутна но заедничките интереси ја прават оваа врска многу стабилна.

5 + 8 – Основниот проблем при овој сојуз е стремежот на секој кон независност. Перспективите се нејасни и зависат од тоа дали некој од двајцата ќе ги жртвува своите интереси.

5 + 9 – Одличен сојуз. Единствениот проблем во заедничкиот живот може да биде целосната незаинтересираност на секој од двајцата за секојдневните задолженија.

6 + 6 – Песпективите не се лоши, но чувствата во тој сојуз се движат кон ослабување. Наклонетоста кон осаменост обата партнери ги движи до пресушување на емоциите и постепено оладување.

6 + 7 – Целосна неопределеност. Во определен степен можно е среќно сожителство но и целосен неуспех како резултат на неразбирање и неумеење да се живее со интересите на другите.

6 + 8 – Сојуз на материјалист и идеалист. Во целина, перспективите се доволно добри, иако не се исклучува можноста за постепена “материјализација” на односите.

6 + 9 – И двајцата имаат потреба од постојано потврдување на чувствата. Ако тоа не се случува често, перспективите се прекрасни.

7 + 7 – Склоноста на обајцата кон самостојност ја прави перспективата на овој сојуз неизвесна. Но и покрај тоа, деловното пријателство и заемните односи можат да бидат сосем добри.

7 + 8 – Безнадежен сојуз. Несоодветноста на карактерите во овој случај е преголема пречка.

7 + 9 – Добар сојуз, но за заеднички живот потребен е поголем напор. Недоразбирањата и егзистенцијалните проблеми можат да го разурнат тој сојуз.

8 + 8 – Главниот проблем е стремежот на двајцата да командуваат. Ако успат да го надминат тој квалитет и да стигнат до компромис, сојузот може да има иднина.

8 + 9 – Овој сојуз е посоодветен за деловна соработка, отколку за љубовно партнерство. Перспективите се неизвесни.

9 + 9 – Можностите се: и вакки и такви. Од една страна дава целосно заемно разбирање, но од друга страна – дури и малото несовпаѓање помеѓу чувствата на партнерите може да доведе до конфликти и раскинување.

Подетално каков каков ви е карактерот, каква ви е пожбата на планетите и што можете да очекувате, можете да се информирате на контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20