ВОЛШЕБНИКОТ КВАРЦ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Од дамнешни времиња, луѓето верувале во магичната сила на камењата и во нивните лековити својства. Еден од најсилните минерали е кварцот. За среќа во природата тој се среќава многу често и има многу разновидности.

Хороскопски покровител на кварцот е планетата Меркур. Благодарение на кварцот со негова помош во секој момент можеме да го почувствуваме покровителството на таа планета и повторно да успееме во животот.

Во кристалите на кварцот, како во чиста капка вода се одразува целиот Космос. Во него има „магловини”, има „галактики”, има патишта. Кристалите, коишто се прелевеет се едно од најубавите творевини на природата. Тие се незаменливи, кога станува збор за лечење на мачнина, депресија и слично.

Безбојниот, прозрачен кварц е планински кристал. Неговите магични својства се познати уште од далечното минато. И денес претскажување се прави со помош на кристална топка. Планинскиот кристал е омилена амајлија на многу луѓе, коишто работат на себеси и во насока на совладување на животните тешкотии. Овој камен е соодветен за претставниците на сите хоросскопски знаци. Но, негов зодијачки знак, домаќин е Овенот. Овој камен помага при разрешувањето на различни животни ситуации, а не чува и од различни непријатнинастани, несреќи. Округлиот кварц се нарекува „камен на учените”. Тој ги храни со својата енергија луѓето, коишто се занимаваат со умествен труд. Најдобро е да се носи на градите, во џебовите, на поливината, а никогаш на прстен.

Жолто – портокалова заштитна аура, го обликува својот сопственик цитринот. Тој им помага на безимените и активните луѓе. Тоа е камен на богатството и успехот. Во древниот Рим се сметало, дека тој помагал при изразувањето на сопствените мисли, а исто така ги отстранувал и говорните дефекти. Кварцот со оваа аура – цитринот, треба да се носи вграден во платина. Корисен е за Близнаци и за Лав.

Чадениот кварц е најсилен од сите темни камења. Неговата енергија помага трезвено да се гледа на нештата. Затоа е добро овој камен да го имаат луѓето мечтатели, оние кои лесно се растројуваат од секакви неуспеси. Им се препорачува на Девица и Стрелец.

Розовиот кварц е особено корисен за малите деца: тој ги штити од емоционална умора. Многу добро дејствува и на кожата. Ставете розов кварц во кутијата со крем, што ја користите, па неговото лековите својство ќе се засили. Овој камен е талисман за Рак и за Скорпија.

„Стрелите на Амор” и „Косите на Венера” се нарекува прозрачниот кварц во којшто се вклучени и кристализирани влакна – рутил. Како што може да се претпостави и од неговото име, украсите од овој камен се користат, како љубовни амулети. Ланче со овој камен ги привлекува погледите и предизвикува пријателско однесување од околината, кон оној, што го носи. Помага да добиете поддршка од високопоставени личности или од службеници. Ова е камен за Терезии и Бик.

Халцедонот не чува од разорување и судбоносни настани, а за време на патување не чува од несреќи. Ако на овој камен изгравирате војник со копје, тоа може да ви помогне да ги победите ѓаволите. Оној којшто го носи ставен во амајлија ќе тежнее кон способноста да пронаоѓа изгубени предмети и богатства. Им се препорачува на Јарците.

Јасписот е најживописната разновидност на кварцот. Тој практично се среќава во сите бои. Покровител им е на творечките природи. Ја засилува работата на мозикот, тонизира и им дава сили на луѓето, коишто работат многу. Тоа е камен на Водилијата.

Аметист. Ако ве мачат бесоници или кошмари, ставете го овој кристал под перницата. На аметистот му се припишува способноста да го чува својот сопственик од пијанства, а помага и при спорни нешта. Ова е добар талисман на Рибите.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20