ВО КОЈ ДЕН СТЕ РОДЕНИ?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Астрологијата зборува дека денот од седмицата во кој сте се родиле може да влијае на вашиот карактер и последователно од тоа и на вашата судбина.

Понеделник

Жена – Нежна и мечтателна, чувствителна, мека и отстаплива. Таа тешко може да живее сама, чувствува неопходност да ја сподели топлината на своите чуватва, а права жена станува кога ќе стане мајка.

Маж – Многу чувствителен, но со голема вообразеност, секогаш во потрага за контакт со луѓето, особено со жените. Тој има потреба од љубов, разбирање и нежност. Самотијата не е за него. Надворешно е спокоен, но во дното на душата се плаши дали ќе најде човек со кој ќе може да ја сподели целат љубов, кој ќе биде способен за тоа.

Вторник

Жена – Штедра и страстна во љубовта. Таа со својот жив ум има чувство за хумор и јарко изразен стремеж кон невозможното. Таа се плаши само од монотоноста на чувствата. За неа љубовта пред се треба да биде привлечна игра.

Маж – На прв поглед тој изгледа малку расеан. По природа е ентузијаст на кого мсу се допаѓа развлеченоста. Надарен е со красноречивост и умее своите мисли да ги претставува во најубава светлина, затоа неговите искази секогаш имаат тежина. Тој се одликува со добрасмисла за хумор, со насмевка и секогаш знае да ги одбегне жестоките непријатности.

Среда

Жена – Вљублива, чувствителна и нежна, но умее тоа да го скрие под маската на содржајноста. Во љубовните односи таа има потреба надеж, постојаност и искреност. Имено затоа не верува во љубов на прв поглед, на страста која може да избувне и да згасне. За неа привлчноста е поврзана со длабочината и вистинитоста на чувствата.

Маж – Човек на честа, совесен и пристоен во љубовта. Неговиот мирен изглед всушност крие бездна од нежност. Но тој не секогашможе да се открива и изразува. Кај него е јасно: кога е вљубен, тоа е од цела душа. Верен е и внимателен, ја претпочита спокојната сигурност пред стастта.

Четврток

Жена – Немирна, нетрпелива во љубовта. Тешко може да биде наречена сентиментална, изгубена во облаците на илузијата и соништата. Таа ја сака слободата и авантурите, ги привлекува мажите со својата природна непосредност. Не поднесува кога другите и наметнуваат да се укотви со некој.

Маж – Роден е соблазнителен. сака да го запознае живототво сите негови аспекти, но при тоа ја зачувува својата слобода и независност. Тој се плаши од рутината на семејниот живот, но не може да живее сам. Својата огромна нежност ја затскрива со својата театралост. Способен е на длабоки чувства. Тој човек е склон кон парадокси, бунтовност или приспособлив човек – во зависност од моменталното расположение.

Петок

Жена – Романтична и мечтателна по природа. Таа е заведена од убавината и се она што поседува хармонија. Се одликува со нежност и чувствителност. Обожава да се грижат за неа, да ја тешат и заштитуваат. Емоционалната самотија ја плаши и затоа само во кругот на семејството или со децата таа ја пронаоѓа својата духовна смиреност.

Маж – Вистински актер. Пред неговата изјава дека ве сака не може да се одолее, но тој тоа и навистина го мисли. Нежност и мекота се основните карактеристики на неговиот карактер. Неопходна му е духовна рамнотежа. Тој треба да чувствува дека го сакаат, одобруваат и грижат за него. Акога то ќе падне пред вашите изјави на љубов (а и тој ќе клекне пред вас ), може засекогаш да остане ваш.

Сабота

Жена – Тајна, загадочна, оригинална, независна. Во флертот таа не секогаш ги ползува вообичаените женски гестови. За неа целата игра пред се треба да биде на интелектуално ниво. Зборовите ТЕ САКАМ ретко излегуваат од нејзината уста. Можеби изгледа рамнодушна, но во дното на душата е многу емоционална, полна со чувстава.

Маж – Пред се независен. Тој е индивидуалист, човек способен да живее сам. Непредвидлив е и таен, не сака да ги признава своите чувства ида дава некои силни изјави. Кон жените најчесто се однесува недоверливо.

Недела

Жена – Импулсивна и со силна волја. Неа ја движи страста. Таа или сака или не сака – друга состојба нема. Таа треба да се почуствува горда покрај својот партнер, се разбира оној кој сама го избарала. Таа тешко прави отстапки, динамична е и често се јавува како движечка силаво двојакта.

Маж – Полн со амбиции и многу самоуверен. Во однос на својата жена, се чувствува како покровител. Тој има поголема потреба од тоа да му се признае отколку од љубов и може да остави силен впечаток со својатаиницијативност и власност. Му се допаѓа да говори и да се слуша самиот себе, секогаш се чувствува убаво кога му се прават комлименти.

Подетално што ве очекува. можете да се информирате на контат. тел 078 215 911 ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20