Предмети, што носат зло
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Можат ли некои предмети да ни нанесат повреда или дури и да не убијат? Тоа звучи бесмислено, но најмалку недокажано. Напротив многумина сметаат, дека и најбезбедните предмети понекогаш во себе чуваат опасна магија. Некои од нив навистина имаат негативна енергија.
За магичната сила заклучена во скапоцените камења знаат и окултистите и обичните луѓе. Познати се скапоцени камења, што им носеле несреќа на оние луѓе коишто ги носеле. Често пати напорите за премавнувањето на мрачната аура и лошотиите предавани, преку излишните нешта од еден на друг сопственик се покажале празни.
Скапоцените предмети треба или да се уништат или да се преместат во услови, каде што не можат да нанесат повреди.
Со магични својства се надарени не само скапоцените камења, туку и различните предмети, како што е мебелот. Масите и столовите некогаш на необјаснив начин излачуваат негативна енергија. Познати се случаи, каде што фотелји со миндери, што наследувале свои сопственици го усложнувале животот на цели поколенија со безопасни предмети, туку со излачувањето таа негативна енергија.
Секој предмет може да маѓепсува
Но, за таа цел претходно треба да бил наполнет со штетни енергии.
Денес на пример познато е дека електронските прибори можат да им нанесат повреда на оние, коишто ги користат.
Во што се состии негативното напојување на предметите? Различни настани, ситуации, околности можат да бидат причина, предметите да се здобијат со сила со којашто ќе можат да магепсуваат. Така на пример предмет од мебелот, слика или друг предмет, којшто се наоѓал на местото на страшното злосторство, појава на силна омраза, убиство (дури и на животно) може да го сохрани споменот за тоа што се случило. Следствено на тоа, тој предмет ги шири околу себе фокусираните штетни влијанија (енергии). Поминуваат години, а омразата останува. Таа се насочува кон сосема невини луѓе, кои страдаат поради одамна заборавени драми, за коишто предметот не заборавил.
Друга можност за негативните воздејства на предметите врз луѓето претставуваат случаите, кога свет или ритуален предмет бидува изваден од обичната средина (на пример статуетка – од гробница, откриена од астролозите).
За да го украсиме ентериерот ние често пати користиме предмети, коишто би можеле да учествуваат во некои магиски обреди (африкански или други маски, древни кукли) или во религиозни култови. Треба да се има предвид, дека и статуата на Исус Христос, и сликите на Богородица, коишто по своето произнесување се полни со позитивна енергија, некогаш можат да бидат опасни. А да не зборуваме за ритуалните египетски статуетки и фигури, што го манифестираат ѓаволот.
Постојат исто така и предмети, што се специјално изработени од меѓепсници со карактеристика да меѓепсуваат, односно се носители на зло. Специјалистот не секогаш на предметот му придава негативна енергија. Така на пример една статуетка може да биде со заштитна енергија на определено место. Но, ако ние ја тргнеме од тоа место ќе ја лишиме од нејзината сакралност. Тогаш предметот се одмаздува.
Познати се и извесни истории со слични проклетства. Постојат исто така украси и скапоцени камења, направени за пренесување на зло. Тие се реткост, но сепак се среќаваат.
Кон нив може да припаѓаат оружјата, сликите, предметите на ликовните уметности, што носат дел од злото. Често пати овие предмети му сакаат смрт на оној во чија сопственост се тие. Во сооднос со многувековната практика на црната магија тие имено се направени со таа цел. Затоа е добро секогаш да правите нова придобивка на предметите во средината со што ќе спроведете ритуал на дезинфекција на предметите. Ако предметот не бил многу штетен лесно е да биде „излекуван”. Но, често пати ваквата интервенција е невозможна. Сликите и камењата многу силно се полнат со негативна енергија и единствен начин е тие да се уништат некако.
Како можеме да го препознаеме штетниот предмет?
Како можеме да го препознаеме штетниот предмет? Тоа не е многу лесно. Треба и да се препуштиме единствено на нашата интуиција. Но, често се случува обратното. Привлечени сме од негативна слика, прстен. Треба да бидеме многу внимателни и одговорот ќе се појави – предметот може да биде или добар или лош.
Постојат различни магиски процедури за вакви определувања. Но, сепак бидете спокојни, зашто најголем дел од предмети што ве опкртужуваат се безопасни. Но, сепак со многу мала претпазливост подобро е да се откажете од оној предмет што ќе ви биде и малку сомнителен.
Можат ли да причинат штета современите предмети?
Окултистите тврдат, дека современите предмети можат да бидат наполнети со негативна енергија, што ги прави крајно опасни. Едноставно не треба да запаѓаме во параноја и да го обвинуваме компјутерот за штетните за нас енергии, само заради тоа што сме забележале серија од непријатни за нас влијанија.
Во текот на 1993 година во САД било спроведено интересно истражување на таа тема од страна на Сандра Кауфман, специјалист по взаемни односи, меѓу криминологијата, паранормалните појави и психијатријата.
Доктор Кауфман открива множество од туѓи факти достојни за филм на ужасот. Така на пример еден телевизор меѓу 1986 и 1990 година бил причина за 4 смртни случаи. Секогаш злосторството или обидот за убиството се случувале во близина на овој предмет. Во првиот случј жената се обидела со нож да го прободи својот сакан. За брзо време телевизорот се нашол во продавница за втора употреба, кадешто бил купен од друга девојка.
Сценарото се повторило, но сега мажот се обидел да ја загуши жена си. Телевизорот повторно се нашол во продавница за искористени предмети.
После неколку дена телевизорот бил купен од еден фризер. Во фризерскиот салон влегол наркоман и со пиштол го убил фризерот.
Повторно телевизорот бил вратен во продавница за стари предмети. Продаден две години подоцна тој бил сведок на уште едно убиство.
Сандра Кауфман заебележува, дека во американската полиција има специјален оддел, којшто се занимава со дела од посебен вид.
Постојат и други предмети, коишто имаат своја аура, провоцираат катастрофи, а тоа се различни аксесори, слики, сервиси за јадење, важни електрични уреди и слично.
Во истораијата се познати скапоцени предмети коишто носат несреќи
Постои мислење, дека некои украси и бижутерија со голема вредност, систематично им носат несреќа на своите сопственици.
Најпознат од редот на ваквите предмети е синиот брилијант „Надежда”, кој што им причнил зли дела на сите свои сопственици започнувасјќи од Жан Батист Таверние, којшто го донесол од Индиа.
Во таа страна (земја) каменот веќе имал ужасна репутација – убил повеќе од триесет луѓе.
Таверние буквално бил раскинат од диви кучиња. Во различни периоди, преминувајќи во сопственост од една кај друга кралица каменот буквално предизвикал лавина од катастрофи. Една од нив била и Марија Антоанета. Насекаде брилијантот „Надежда” значел разрушување и смрт.
На крајот каменот бил купен од мадам Маклин, исклучително богата сопственичка на големото американско списание „Вашингтон пост”. Таа го однесла овој скапоцен камен на свештеник, за да ги истера демионските сили од него. Исто така, таа била посоветувана никогаш да не го носи брилијантот без други предмети. После тоа скапоцениот камен таа го поставила на едно ланче, заедно со други два скапоцени камења. После тоа не станало никогаш повеќе збор за негативно влијание на каменот „Надежда”.
Со слично вакво погубно влијание се прославил и друг камен – убавиот рубин поставен на еден прстен, што бил сопственост на богатото руско семејство Јусипови.
Кнезот Јусипин го носел, кога извршил обред за црна магија над Разпутин. Оттогаш прстенот станал штетен.
Во секој случај кнез Јусипов и ги препишал сите несреќи и катрастрофи на кои што станал жртва на негативната аура на прстенот и на рубинот.
Каменот бил изваден од прстенот и однесен кај еден париски бужутерџија, којшто го зел.
Но, за време на едно патување бижутерџијата и неговото семејство биле нападнати, ѕверски убиени и ограбени од злосторници.
После Втората светска војна каменот бил продаден во специјализиран салон за бижутерија. Во текот на 1954 година рубинот бил пресечен и неговото штетно дејство престанало.
Може ли облеката да има штетно влијание?
Во принцип може и облеката, како и секој предмет, којшто има можност во себе да кондензира штетни влијанија. Напротив во денешно време, секојдневната облека е предмет на масовно производство и не може да биде направена, така што ќе има продолжително погубно влијание. Така на пример облеката на војниците секогаш се осветувала и благословувала, пред да биде облечена за прв пат.
Овој ритуал се правел со цел да се заштити војникот од идните битки, а исто така и за да се избегне можноста меѓепсници со лоши намери да ги искористат металните предмети, за да им предадат штетна енергија.
Истото може да се каже и за парадните облеки, што се носеле за време на одредени церемонии во дворот. Овие облеки многу често можеле да станат објект на проклетство, бидејќи за нивната изработка се користеле и скапоцени камења, што се идеална поддршка за окултната практика.
Интересна историја се случила и со едно кимоно произведено во Јапонија, во текот на 17 – от век. Тоа било носено последователно од три млади девојки. Сите тие умреле во трагични настани.
Еден свештеник, којшто се обидел да ја истера демонската сила од оваа облека, исто така загинал.
Потоа некој друг служител на храмот го запалил кимоното. Но, силен порив на ветар го уништоил огнот. Се разбранувал огромен пожар. Пламенот не можел да биде угаснат и пламнал градот Токио. Загинале 100.000 души, изгореле 9.000 трговски трафики, 350 храмови, 500 дворци и биле разрушени 63 мостови.
Оттогаш секој трговец, кога продава вредно кимоно во Јапонија со него задолжително дава и талисман, којшти треба да се носи на тајно место заедно со оваа облека.
Оваа историја е доволна да го објасни советот, зошто е распространет советот никогаш да не се даваат свои алишта на друг и да не се земаат туѓи.
Слични феномени не ги зачудуваат олултистите. Да се наполни со негативна енергија еден нов предмет е исто толку лесно, колку и некој стар предмет. Дали овие предмети станале сведоци на тешки злосторства за коишто го сочувале споменот или пак се наполнети со штетна енергија специјално од некој маѓепсник -безумец?
Се е можно. Фактите сами зборуваат за себе. Кога нешто се повторува повеќе од 2 – 3 пати одвај може да стане збор за обично совпаѓање.
Сепак, тоа се доста ретки случаи. Па така не обвинувајте го компојутерот или телевизорот за сите несреќи!
Кукла со забодени топуски е типичен пример за предмет, што не треба да го имате во вашиот дом. Таа примитивна статуетка служела за разни магии.