БЕНКИТЕ ГО ОТКРИВААТ КАРАКТЕРОТ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Некои велат дека бенките се клуч што ќе Ви помогне да ги отклучите тајните на карактерот на човекот. Заклучете самите дали тоа е навистина така, откако ќе го прочитате текстот и ќе направите проверка преку примерите од Вашето окружување.

Суетни или не, секој од нас се погледнува барем еднаш дневно во огледало…критично или нарцисоидно. Некои од нас го прифатиле своето тело такво какво што е, а некои пак не можат да го сторат тоа. Како и да е, нашето тело е одраз на заслуженото по судбина, карактер, кармична предодреденост.

Но, е и книгата која што им овозможува на познавачите да ја прочитаат информацијата за себе.

Бенки по делот на главата прекриен со коса се одлика на големите мислители. Ако бенката е на темето на главата, станува збор за личност што се прикрива.

Бенки на ушите – одлика на луѓе кои што ги преувеличуваат своите квалитети и ги потенцираат своите особини, а забораваат на своите недостатоци. Готови се да се оправдаат со с# што ќе им дојде при рака и што им одговара. Не се доволно сигурни во себе си, а се трудат во очите на другите да изгледаат целосно спротивно на тоа – да изгледаат неранливо и самоуверено.

Бенки скриени во ушните школки говорат за заболување на нервниот систем, за нарушен баланс на потребните материи во организмот.

Бенки на усните – тие луѓе по правило имаат бледи усни. Станува збор за луѓе кои што се со слаба волја, не се подготвени да сносат одговорност за што било. Многу често се откажуваат од работата и од обврските, и не можат да се справат со своите штетни навики и склоности.

Бенки на горната уста – такви бенки кај жената откриваат подлост, расипан дух склон кон сплетки. Тие се и жестоки. Ваквите жени си одбираат послаби мажи, кои што не се способни да им попречат во дејствувањето насочено против околните луѓе.

Бенки на носот – белег на човек со ведар и лесен карактер и чуство за хумор. Кај жените овие бенки зборуваат за лекомисленост. На овие луѓе тешко дека ќе им бидете лути долго време. Исто така, тие секогаш се стремат да ги продлабочат своите професионални знаења и умеења.

Бенки на образите при основата на носот – луѓе кои што секогаш знаат како најдобро да постапат во одредена ситуација. Сакаат да даваат совети, кои секогаш се разумни. Ним многу често им се обраќаат пријатели во тешки моменти за поткрепа и за помош, но и за да ги споделат своите тајни. Овие луѓе знаат да чуваат тајни и би биле одлични адвокати.

Бенки на јазикот најчесто се среќаваат кај жените. Луѓето со такви бенки луѓето често боледуваат, а болестите се должат на нивната прекумерна сомничавост и исплашеност. Сепак, тоа не им пречи да доживеат длабока старост. Наспроти нивното себе-тормозење со сомничавоста кон се и сешто, тие се долговечни.

Бенка на вратот – кај мажите таква бенка зборува за неурамнотеженост,за бројни слабости, за отсуство на сила и на волја. Расположението многу често им се менува. Во детството може да се прекумерно плачливи. Расположението им зависи од времето, од желбите. Жените со такви бенки многу често и многу лесно може да го сменат својот вкус, навиките, живеалиштето, и лесно може да го изневерат брачниот другар.

Бенки на челото и на носот – овие бенки на човекот што ги има може да му донесат како проблеми, така и среќни мигови. Дајбоже да има повеќе такви бенки меѓу луѓето, зошто тие зборуваат за отворено трето око,за умешност да се гледа енергетското излачување на органскиот и неорганскиот свет. Човекот со такви бенки може да постигне просветлување, да стане медиум или јасновидец. Тие луѓе неретко имаат силни главоболки. Кога пак на истите места има брадавица, таквите луѓе се казнети да не можат да гледаат во обичниот свет, зошто претходно го навредиле со своите знааења.

Бенка на врвот на челото – таа бенка има особено значење. Колку е поголема по размер, толку е поголемо нејзиното значење. Тие луѓе имаат неверојатен организаторски талент. Способни се да станат лидери на политички партии да ги поведат луѓето кон една идеа. Имаат благодородни намери и не се грижат за својата благосостојба Ако решиле да реализираат некоја своја идеа, подобро да не им пречите.

Бенки на образите по слепоочниците –карактерен знак кој што ни зборува за нежност и добрина, за способност за саможртва.

Бенките околу очите, на слепоочниците или на образите, кај жените обично се во функција на привлекување на спротивниот пол. Младите момчиња со такви бенки ги привлекуваат погледите на луѓето на себе. Ваквите бенки го засилуваат изразувањето на шармот.

Бенки на клепките – тие знаци создаваат чуден впечаток, особено ако се големи; затоа по правило се отстрануваат. Човекот со бенка на клепките на десното око не може да поднесува стресни ситуации, веднаш запаѓа во паника; понекогаш дури и сам не разбира што прави. Му недостига животна сила. Кај таквите луѓе чуствата, емоциите, секогаш преовладуваат над разумот.

Бенки на брадата – кај мажите се знак на властолубивост; таквите лица јасно покажуваат дека немаат намера да запрат пред ништо при остварувањето на целите што си ги зацртале. За нив целта ги оправдува средствата. Во поголем број случаи тоа се луѓе со јасна цел за животот. Кај жените, ваквата бенка е знак за премногу директна личност. Колку бенката е поголема, толку жената е поинаетлива и поупорна како личност.

Бенка на левата слепоочница – говори за сентименталност. Тоа се внатрешно спокојни луѓе. Ги кријат своите емоции, дури и се обидуваат да ја скријат бенката со својата коса.

Бенката на десната слепоочница зборува за неверојатна интуиција, талент, бистар и брз ум, кој донесува брзи заклучоци и одлуки. Со такви бенки се обележани гатачките.

Познавам не мал број луѓе кои што си ги изгореле бенките. Познавам и други луѓе кои што си ставиле лажни бенки на различни делови од телото. Таквите козметички промени нема ниту да му одземат, ни да му додадат на човекот… Можат единствено да прикријат нешто од кое што се срамиме.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20