БИЖУТЕРИЈАТА СО ЖИВОТНИ –

ИМА МАГИЧНА СИЛА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува:Илија Бошков – Крајнички

СИМБОЛ НА БОГАТСТВОТО Е ЛАВОТ

Лавот бил отсекогаш високо ценет. Изработката на лав во медаљони и други украси ќе ви осигура внимание и почит. Освен тоа, тој ќе биде магнет за богатство што ќе дојде кај вас.

Ако сакате да поседувате власт над другите, тогаш носете изработка во форма на орел. Тој е царскиот амблем на власта и моќта. Изработки во форма на орел ги краселе ланците што фараоните ги носеле околу вратот. Бижутерија со измоделиран орел ќе ви исполни со такво чувство, што ќе ви донесе сигурност, целесообразност. Зборовите и делата ќе ви ј дадат посакуваната надмоќ над другите.

Брош со златна калинка дава просперитет особено кај родените во знакот на Бик и Лав. Може да добиете благосостојба на личен и на општествен план, ако носите огрлица со бумбар со сјаен блесок.

Скакулец од скапоцен зелен камен носи благосостојба и зобилство на материјални и духовни богатства, особено за Девиците. Истото тоа го носи и бижутерија изработена во таа форма од зелен метал. Симбол е уште и на плодноста и изобилието во домот и семејството.

ЗЛАТЕН ИЛИ СРЕБРЕН РОГ Е СИМБОЛ НА ИЗОБИЛСТВОТО

Бижутеријата може да биде изработена како рог од камен или или од цветови и плодови што преливаат. ако претставници на знаците Девица и Стрелец носат таков симбол со себе, ќе добијат многу љлубов и неброени богатства.

РАКОТ Е ДОБАР ПРОВОДНИК НА КОСМИЧКАТА ЕНЕРГИЈА

Уште од времето на древниот Египет се сметало дека черупките на морските мекотели ги запазуваат луѓето од од зли очи и уроци. Затоа ставале такви амајлии на камилите и магарињата.Черупката од рак нанижана на ланчиња и огрлици, ги штитат жените и децата од негативни енергии. Ако носите таква бижутерија, ќе ја активирате вашата женска сила и ќе завладеате со околните луѓе. Резулатот ќе биде личен просперитет и благосостојба.

ПЧЕЛАТА ЈА ОЛИЦЕТВОРУВА ЉУБОВТА КОН РАБОТАТА

Носејќи бижутерија во оваа форма, вие ќе ја активирате својата работливост. Овој талисман особено е пожелен за луѓе кои се занимаваат со тешка физичка работа зашто ќе ги исполни со железни сили и енергија. Покровител е на паталците и вдахнува храброст.

БУВОТ ГО ПОМАГА УЧЕЊЕТО И ДАРУВА ПРГАВ УМ

Тој е симбол на Минерва – римската божица на мудроста и разумот. Овој талисман носи добри пророштва, ги потпомага луѓето кои се занимаваат со наука и творештво. Изработен од злато, сребро или бижутерија бувот носи закрила, особено на родените во знакот на Бик и Јарец.

МАЧКАТА СЕ ПРЕТПОЧИТА ЗА ЗАШТИТА ОД МАГИИ И ВЕШТИЦИ

Изработка во оваа форма е симбол на богот на сонцето Амон Ра и затоа ваквите амајлии биле најраспространети во Древниот Египет. Ако носите брош со маче, ќе имате гаранција за здравје и среќа. Особено е влијателно кај Јарец и Риби.

ЗМИЈАТА Е СИМБОЛ НА СЕКСУАЛНОСТА

Изработена во форма на прстен или синџирче таа вдахнува сила. Влијае на сексуалната моќ во човекот и привлекувањето помеѓу половите.

СВЕШТЕНИОТ БУМБАР- СКАРАБЕЈ Е ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА ———

Тој е симбол на вселената Заштитник од злите духови од мистичниот свет. Монтиран на прстен, особено ако е изгравиран врз зелен камен дејствува врз доброто расположение на богот на Сонцето и го пази сопственикот од негативни енергии.

ЛАСТОВИЧКАТА

Предвестува среќа во домот и среќен брачен живот.Носена како талисман таа ги сврзува срцата на вљубените во трајна врска.

ЖАБАТА СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА БЕЗДЕТНИ ЖЕНИ

Уште во древен Египет таа била ползувана симбол, кој ја растура магијата на жените кои не можат де забременат. Симбол е на изобилството и плодноста.

Подетално што ве очекува и што ви предвидуваат планетите, можете да се информирате на контат. тел 078 215 911

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 3.000 денари

Споделете
Tweet 20