Старо-нови откритија
АУРАТА – СУПЕРДЕТЕКТИВ НА 21-ОТ ВЕК
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Вдахнувајќи космичка енергија, или прана, новородениот издишува преработена енергија во вид на аура. Таа останува со него се до смртта и секогаш е точен индикатор за внатрешната состојба.
Поимот аура е познат уште од древни времиња, но сериозно е проучена дури сега, во ерата на компјутерите.
КОРИСТОЉУБИВОСТ И СТРАВ
Познатиот парапсихолог Ричард Вебстер посетил затвор и открил дека аурата кај повеќето затвореници светела во матно-сива неизразна боја. Само мала група имале аури со поживи бои – тоа биле токму оние луѓе коишто го осознале својот престап и жалеле за своите постапки.
Вебстер ги посетувал затворите не само за да се убеди дека аурата ја покажува психичката состојба на човекот. Другата негова цел била создавање на ауроскопски метод за помош на правосудството.
Ако има тројца осомничени за престап и ниту еден нема алиби, тие минуваат низ ауроскопски тест. Секој од нив седи во специјална фотелја, врз прстите на рацете му се монтира направа која го снима електричниот сигнал и тоа се пренесува на компјутер. Тој ја снима аурата и по три минути фотографијата во боја е готова.
Оној кај кого во аурата се зафиксирани изразити бои на користољубие и страв ќе биде најсомнителниот.
Што е аурата?
Тоа е грчки збор што во превод значи „ветерче” или „мек ветер”. Енергетската супстанца е „фина, невидлива суштина која го опкружува телото”.
Таа се појавува во моментот на раѓањето, во првиот миг кога новиот човек прима воздух. Вдахнувајќи космичка енергија, или прана, новородениот издишува преработена енергија во вид на аура. Таа останува со него се до смртта и секогаш е точен индикатор за внатрешната состојба.
АУРОСКОПИЈАТА НОСИ МНОГУ ИНФОРМАЦИИ
Укажувањето помош на правосудството не е единствената област во која се употребува ауроскопијата, или набљудувањето на аурата. Тој современ метод може да се искористи и при дијагностицирањето, зашто болестите влијаат силно врз структурата и бојата на аурата.
Затемнетиот, распрскан или безбоен дел во неа укажува на местото на болеста. Повеќето хронично болни имаат сивкаста боја на аурата, но ако се излекуваат, боите стануваат компактни и убави. Сивокафената аура е знак за слабо здравје, а црните дамки во неа ги прикажуваат болестите: светлосивиот фон говори за лошо здравје и недостиг на животна енергија.
За да ја оздравите аурата и да ја исполните со убави бои, минувајте повеќе време на сонце и на воздух.
Заинтересираните за судбината на својот брак исто така можат да ја употребат ауроскопијата. Кај вљубените двојки аурите проникнуваат една во друга и имаат радосни силни тонови. Кај оние коишто немаат духовна врска аурите им се судираат една со друга. Бракот на тие луѓе ќе биде исполнет со проблеми.
КАКО ДА СЕ РАСТОЛКУВА АУРАТА?
Црвената боја е симбол на лидерство, портокаловата на пристојност. Портокалово-црвената боја говори за оптимистички карактери кои ништо не е во состојба да ги онерасположи. На суштинско ниво, жолтата боја на аурата зборува за човек кој ги прифаќа новите идеи, знаењето, интелектуалните разговори.
Зелената е аурата на екстрасенсите и лечителите со силата на духот.
Синкавите тонови се карактеристични за слободољубивите и луѓето што сакаат да патуваат, а белите се забележуваат кај идеалистите и добродетелните.
Добро е кога во аурата бликаат бронзени нијанси – тие оддаваат добар, милосрден и благороден човек.
Сребрените нијанси говорат за грандиозни проекти, но ретко реализирани во животот. На таквите луѓе им недостасува реалистична оценка и трезвен поглед на состојбите.
Откриена е и тајна врска меѓу броевите, звуците и боите. При сеанса за брзо пресметување со големи бројки, екстрасенсите го „гледаат” резултатот како обоени дамки, а секоја боја соодветствува на определена цифра. Според истиот закон, и музичките звуци исто така се преобразуваат во определена боја.
Подетално што ве очекува. можете да се информирате на контакт тел
078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.0000 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 2.000 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 3. 000 денари